Најдобар и најбрз начин за да се збогатиш

Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Да расчистиме на почеток:
1.брзина на богатење е релативен термин и секој го сфаќа различно. (За мене брзо богатење е да се збогатам додека сум млад, а тоа значи за 6-7години а не да чекам 50години)
2. Кликбејт наслов е :ROFLMAO: , затоа да ги оставиме на страна досетливите коментари.

Инспириран бев од видеото на Meet Kevin (има неколку вакви видеа ама во принцип истиот муабет е)

Неговата теорија е прво да најдеш високо платена работа и да заштедиш пари а потоа почнуваш со real estate (недвижнини). Трета опција ги става индекс фондовите/етф кои најдобро е да бидат акумулирачки т.е да не даваат дивиденда туку добиваш поголема вредност на портфолиото а со тоа не мора да плаќаш данок на дивиденда.

Вика дека најдобро е да се воздржиме од инвестирање во акции, особено акции што исплаќаат дивиденда, со цел да имаме пасивна заработка и дека тоа е најдобро да се остави за подоцна кога веќе имаме акумулирано богатство.

Тоа е накратко кој сака може да го погледне видеото (пробав да го ставам како текст-линк се надевам успеав:ROFLMAO:)

Па да видам какво мислење имате вие, дали е ова применливо во Македонија и наши услови или сепак real estate е америчка работа. На кој начин вие би почнале да градите богатство?

Јас решив најпрво да се фокусирам на наоѓање подобра работа. Иако имам заштедено кеш за да почнам со мали инвестирања на годишно ниво (етф/акции/крипто) сепак како стареам трошоците за живот ми се зголемуваат и не можам да заштедувам повеќе пари на долг рок. Кога ќе го решам ова ќе одлучам кој е следен чекор.

За ова се дискутира често по странски форуми и други платформи, па зошто да не пробаме и ние да развиеме дискусија и да размениме мислења. Пукајте :uzi:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
1. Недвижнини - го испушти бранот поскапувања. За 30% - 40% рипнаа цените минатата година. Да направиш пари од недвижнини во Скопје ти значело да ги инвестираш во неколку бараки во Дром пред едно 10-15 години.
2.Што е за тебе поплатена работа? 500 евра е просек у мк. Спремен ли си да си го компензираш слободното време за парите?
3. Што знаеш за тргување? Високо шпекулативен пазар е.
4. Колку капитал би значело дека си се збогатил?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Преземање на поголем ризик од останатите (поголем левериџ, криминал и сл.), да создадеш/продаваш нешто што ќе го користат многу луѓе, рмбање повеќе од другите, а често и се заедно :)

Во која област и да влезеш 6-7 години се прилично краток период.

Изминатите 5 години беа исклучок, не правило, така да тоа што работеше во нив, тешко дека ќе работи во наредни 5 години, особено не во наредната што следува. Тука влегува и пазарот на недвижности во поголем дел од светот, еве ти статистики, разгледај ги трендовите во последните 15тина години.

Во АУС пример недвижностите се веројатно наједноставниот начин, не треба да си генијалец, поентата е да ја купиш што побрзо, т.е да собереш пари за учеството. Има преголем недостиг и во моментов, а државата увезува се повеќе и повеќе народ, што во Македонија е тотално спротивно:
https://www.aussie.com.au/content/dam/aussie/documents/home-loans/aussie_25_years_report.pdf

Кај недвижностите покрај нивниот раст битни се: соодносот на кириите, колку лесно може да ги издадеш, оперативните трошоци и амортизацијата за истата. Рачунај ако не успееш да ја издадеш не ја губиш само киријата, туку треба да платиш и: даноци, сметки, одржување и тн.

На берза е слична приказната, доброто е што таму немаш толку високи оперативни трошоци, волуменот ако не купуваш некоја апла лева компанија е добар и полесно може да се отарасаш ако нешто зачкрипи, ама пак се и доста поризични. Ако одиш со преголем левериџ, во случај на пад како последните неколку месеци многу лесно и брзо може да изгубиш се што имаш.

Пари може да направиш со се, само треба да си ја акаш главата квалитетно и да ги користиш приликите, не чекај дека некој ќе ти ја даде идејата на форум, или на јутјуб.
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
583
Поени од реакции
246
кога веќе зборуваме за недвижнини, претпоставувам мислите за изнајмување на истите или?
Дали во скопје има маркет за издавање на становиве? т.е дали има доволно луѓе што бараат станови за изнајмување
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
10.000 евра на 1.20, инстант 2000 евра ќар.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
10.000 евра на 1.20, инстант 2000 евра ќар.
Не го лажи, имаш и 15% данок, така да ќе има 1700 евра ќар ;)
кога веќе зборуваме за недвижнини, претпоставувам мислите за изнајмување на истите или?
Дали во скопје има маркет за издавање на становиве? т.е дали има доволно луѓе што бараат станови за изнајмување
Па зависи од колку си снаодлив, и кои ти се очекувањата. Ако не лакомиш за превисока кирија и бараш помалку од слични станови во околината гарант ќе го издадеш, ако лакомиш може да ти стои празен и цела година.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
ја коа се кладев немаше такво нешто
Грујо коа го воведе, ме откажа од кладење
Значи сепак си бил запознаен дека има данок, а не му кажа на човекот :P
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Дечки во погрешен правец одите, не барам јас да ми кажете што да правам туку што вие би направиле или мислите дека е најдобро за да го зголемувате вашето богатство. :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Дечки во погрешен правец одите, не барам јас да ми кажете што да правам туку што вие би направиле или мислите дека е најдобро за да го зголемувате вашето богатство. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom