Најгрдо место каде што сте биле/патувале

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Се претпоставува дека градот Линфен, близу до Пекинг е најнечист и најзагаден град во светот. Исто така според многумина, Акапулко, Мексико е еден од најгрдите градови во светот.
Од друга страна пак, Walsall, British Midlands, се претпоставува дека е најгрд предел за патување - километри и километри непријатна глетка.

Кој е најгрдиот град/село/предел каде што сте биле/патувале?

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
мене најгрдо место до сеа кај шо сум бил е оваа година у албанија,саранда...на секои 50метри имаш депонија,бензинска пумпа(ова обавезно а маркети нигде-.-),перална(дома у двор перална отвараат само црево вади и шибај) и како место кај што сечат пред тебе месо. додека патувавме застанавме на едно место да одмориме и излегуваш и надвор глеаш бокс со кокошки и цапаш у крв :S а и патот е крш и дефинитивно не вреди патот за албанија
 
Годинава многу Македонци отидоа во Албанија и сите се жалат дека не е убаво :nesum:

Инаку, најгрдо место што го имам видено е Гнилане, на Косово (не сум шетал, туку сум поминал низ него со автобус). Местото е апсолутна катастрофа :nesvest: Се шетаат луѓето облечени во парталави облеки, или пак во некои што им поминала модата уште пред 50-тина години :nesum: Нечисто, ѓубре насекаде, се шетаат запрежни коли низ улиците, забулени жени и грди, неизмиени деца кои се ѕверат во автобусот, и сите куќи на периферијата беа карабини, недоградени. такви морничави. Нити маркети, нити трговски центри, некакви растурени објекти се сметаа како продавници, и тоа напукнати и пукнатините полнети со весници :nesum: Дефинитивно не сакате да се симнете тука :toe:

Уште едно помало место, не знам како се викаше, и тоа на Косово беше, местово се состоеше од 30-тина згради на куп и некои малечки продавнички измеѓу. Зградиве беа цели такви излупени, сиви, битно немаше балкон без сателитска. Такво бутнато како во пустелија, ни дрво, ни ништо околу, немаше ниту една куќа.
 
налет ко у албанија слично од лева страна убав хотел топ напраен од десна страна контињери преполни смрди-копа,згради ко од времето на енвер хоџа а некои од нив почнати и ненапраени :S
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807

Еве едно грдо место. Ова е населба од градот Припјат, најблиску до Чернобил, каде што после експлозијата не живее никој, зградите стојат така напуштени.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

Еве едно грдо место. Ова е Припјат, во близина на Чернобил, каде што после експлозијата не живее никој, зградите стојат така напуштени.
сакаш да каеш дека си бил таму??
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Луѓе темава мислам дека беше кај што сме биле или патувале, а не кај што сме глеале на ТВ и слично. А до сега кај што сум патувал не сум видел баш грди места многу така да но комент
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
сакаш да каеш дека си бил таму??
Не сакам, не дај Боже :nesum:

Луѓе темава мислам дека беше кај што сме биле или патувале, а не кај што сме глеале на ТВ и слично. А до сега кај што сум патувал не сум видел баш грди места многу така да но комент
Да де да, сликите ги ставив така како пример за грдо место :)
 
NaTaLi

BabaSera pod Ste4aj
Член од
22 април 2006
Мислења
1.061
Поени од реакции
17
Лихтенштајн. Цела држава смрди на гомна. Уздуж и попреку.
 
Б

БејбиГрл

Гостин
Од оние места кде што сум била би ја спомнала Бугарија. Бев пред 3-4 год и многу беше катастрофа, несредено, плажите ужасни, не влегов во вода ич. Незнам сеа може е средено оти многу одат и се задоволни, али јас не би се нафатила да одам пак таму. Многу лошо сеќавање
Исто така во Ница во еден кварт се згрозив од ужасната глетка и од тоа како луѓето живеат таму, а додека од другата страна одат по црвен тепих. Беше како во гето, депонии насекаде. Добро секаде постои некој ваков дел ама ете ова ми остана во сеќавање
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Поморие во Бугарија, никогаш повторно не би отишла таму. Водата нечиста, плажите како депонии и навечер се е мрак, никакво улично осветлување. Ова беше пред 3 години, сега не знам како е, а не сакам ни да знам...
 
Член од
3 август 2008
Мислења
51
Поени од реакции
2
najgrdo mesto...bi go izbrala sozopol vo bugarija oti skroz me ispokradija a i +++mi go zedoja pasosot pa ajde posle nesto reci
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Хммм..Можам да кажам дека кога одев накај Химаре, селце(мало туристичко местенце у јужен дел на Албанија)збутано у п.м и назад, патот беше О Д В Р А Т Е Н! Местенцето е ок, ама патот и селата наоколу се хорорски, стари, со језиви мали куќички, а и коловозот е тесен толку многу, што мораш да возиш 12км на час, а и згора на тоа, од една страна е провалија,или море, сеедно, а од друга страна е камен темелник карпи. Патував 11 саати и никогаш пак не би одела натаму! Уф, и сеа кога пишувам, ми текнува како беше...
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Не сум ммогу нашетан не знам баш многу ама како најгрдо место што сум бил е еден дел на Ниш(не знам точно кај е пошто се изгубив)имаше онака Цигојнери на тони класика нивно “бааријо’’ можда и бетер од Шутка беше све расрфлано и прљаво а они замараа со пари барање :) .
Второ најгадно место Стара или Нова Загора не знам точно која,се погодив до некој кланица за добиток шикаше крв по тротоар смрдеата беше ненормално гадна до ден денес ја памтам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom