CELTIK
magionicar
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 2.909
- Поени од реакции
- 839
Најголемиот рудник на бакар во ЈИЕ ќе никне во Македонија?
Коментари (8)
23.02.2009 14:18
Се вршат истражувања во Кадиица над Пехчево
Најголем рудник на бакар во Југоисточна Европа ќе никне на јужната страна на планината Огражден кај Струмица, над селото Иловица, пишува денеска „Утрински весник“.
Четиригодишните истражувања што ги започна компанијата „Фелпс Доџ“, а ги продолжи „Припорт Макморан “ од САД со компанијата „Крајзберг“ од Малезија, покажале дека на овој терен постојат резерви од 303 милиони тони бакарна руда и 110 милиони тони златоносна руда со содржина на злато од 0,3 проценти во тон руда.
Оваа исклучително надежна приказна за македонската економија се очекува да продолжи, бидејќи истрагите, кои моментално се стопирани, ќе потраат уште најмалку од две до четири години, период во кој е предвидено да се заврши целокупниот процес на утврдување на рудните резерви на ова подрачје, пишува весникот.
Наведените компании вршат истражни геолошки работи и на теренот Кадиица над Пехчево, каде што биле утврдени значајни резерви на бакар и на други метали.
Двете компании, кои ги водат истражувањата, поседуваат вкупно 15 рудници, меѓу кои е и најголемиот рудник на бакар во светот, кој се наоѓа во Малезија.
Дали тие, откако ќе се комплетира геолошката слика за резервите на бакар и злато на двете спомнати локации во Македонија, ќе се одлучат во Струмичко да градат и рудник, засега не е познато, пишува „Утрински весник“.