Највисока вредност во животот

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272

Only*ME

Kaлимеро... :/
Член од
2 август 2008
Мислења
249
Поени од реакции
4
Гласав за слобода, сметам дека тоа е највисоката вредност на еден живот каков и да е. Ако немаш слобода немаш ни среќа, ни љубов ни пријателство ни успех и се одруго. А кога си слободен се е полесно и се стекнува. Многумина го жртвувале и својот живот само заради слободата на идните поколенија.
Така што според мене слободата е нешто што неможе да го замени ниту едно нешто од горе наведените.

:salut:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184

Апсолутно се сложувам со тебе, и јас гласав за слобода, од причина малце различа од товјата (иако не ти го спорам и твојот став), а тоа е:
слободата ја гледам како состојба на поединец или на група во која не зависат од ниокого или нешто (во твојот случај се работи за завист од владатор како што гледам или некој поголем од нив)
Лично за мене ке кажам дека не пушам затоа што тоа ми ја нарушува слободата на движење на места каде што можеби нема од кај да се купат цигарите, односно планинарски тури или кампирања во времетраење од неколку дена би ми го оневозможиле тоа. Ова го наведов како еден од суштинските причини за кој верувам дека многумина и нема да се сложат, меѓутоа слободата од гледна точка дека не сум звисен од моите дома, дека можам сам да се снајдам, да опстојам, да оформам свое семејство ми е побитната работа која би значела дека сум успешен...ама тоа е можеби и размислување за некоја друга тема, отом - потом, како и да е секоја борба за каква и да е слобода е тешка и бара многу жртви несомнено.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
.

јас мислам дека не би можеле да издвоиме ниедна од овие вредности како највисока затоа што сите тие се поклопуваат една со друга и се надополнуваат. неможе некој да биде среќен а да нема мудрост љубов, успех и др
 
O

Out Boy

Гостин
Љубовта, таа е највисока вредност што може да ја поседува еден човек.

Без љубов, нема среќа.
Ако не ја љубиш слободата, никогаш и нема да ја имаш.
Ако не ги љубиш правдата и знаењето, никогаш нема да постанеш мудар.
ако не умееш да љубиш, не си човек. А без тоа си ништо.

а славата, богатството и моќта, за мене се дното на се што е измислено до сега...
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
јас мислам дека не би можеле да издвоиме ниедна од овие вредности како највисока затоа што сите тие се поклопуваат една со друга и се надополнуваат. неможе некој да биде среќен а да нема мудрост љубов, успех и др
Ми го зеде зборот :)

Јас сепак би го издвојла пријателството.Голем број на проблеми до сеа сум ги решила само со помош на пријателите.Ниту со пари, ниту со среќа ниту па со мудрост.Колку и да си мудар немојш да решиш сè сам.Од секој муабет мојш да извлечиш некоја поука.Имајќи вистински пријател во својот живот, ги опфаќаш сите овие вредности.Сепак пубо би се снашол со пријателот одколку сам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Морам да кажам дека изборов ме натера малку повеќе да ги размрдам сивите ќелии во главата. Ќе бидам егоист и ќе речам среќата. Зошто? Можеш да имаш возвратена љубов но да не бидеш среќен (иако многу е тешко. Можеш да бидеш славен но и да не бидеш среќен. Богатство? нималку потребно за највисока цел. Можеш да бидеш и најголем лузер и сиромашен и да немаш пријатели но ако си среќен/имаш среќа немаш ни потреба од сево ова.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
83
Поени од реакции
2
Слобода пред се. Слободата те прави човек.

Морам да кажам дека изборов ме натера малку повеќе да ги размрдам сивите ќелии во главата. Ќе бидам егоист и ќе речам среќата. Зошто? Можеш да имаш возвратена љубов но да не бидеш среќен (иако многу е тешко. Можеш да бидеш славен но и да не бидеш среќен. Богатство? нималку потребно за највисока цел. Можеш да бидеш и најголем лузер и сиромашен и да немаш пријатели но ако си среќен/имаш среќа немаш ни потреба од сево ова.
Ако немаш слобода, неможеш да бидеш среќен.
 
*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
анкета бара само еден одговор и гласав за љубов, бидејќи таа не исполнува, не прави среќни, но би ги додала и пријателството и мудроста!
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Гласав за љубов,кога сум вљубен можам и планина да поместам :)
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
161
Поени од реакции
9
Covekot koj e mudar ke umee da ja prepoznae vistinskata vrednost, da ja izgradi srekata na zivotot i da se otvori za ljubovta. Patot kon mudrosta e patot kon slobodata i sposobnosta za spokojno podnesuvanje na udarite na sudbinata i migovite na golemiot uspeh, slavata i mokta.
 
[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Што подразбираш под слобода?

Кој човек е слободен?
Ја мислим дека и слободата е доста важна...

Кога си слободен можеш се да имаш... и богатство, љубов, моќ, слава, пријатели и се, а ако не си слободен се тоа не го моеш...
на пример... човек во затвор... ништо нема тој, а и да сака неможе да има ни среќен може да биде, ни богат, ни да има вистински пријатели т.е ништо...

а и за ѓабе не викаат дека е најубоо да си како птица слободен ...:pipi:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
[zEUs];2266328 напиша:
Ја мислим дека и слободата е доста важна...

Кога си слободен можеш се да имаш... и богатство, љубов, моќ, слава, пријатели и се, а ако не си слободен се тоа не го моеш...
на пример... човек во затвор... ништо нема тој, а и да сака неможе да има ни среќен може да биде, ни богат, ни да има вистински пријатели т.е ништо...

а и за ѓабе не викаат дека е најубоо да си како птица слободен ...:pipi:
Ок, мнозинството просечни луѓе не се наоѓа во затвор. Значи погледнато на таков, буквален начин, е слободно.
Сепак, истото тоа мнозинство не може да рече дека е среќно и ја ужива најголемата вредност во животот, односно таквата слобода.

Оттаму, претпоставувам дека членот кој го цитирав, мислел на поинаква слобода.
Затоа и го прашувам, на каква слобода мисли? И кој човек според него е слободен?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Среќата...

среќата како општ поим е највисоката вредност во животот...бидејки да бидеш среќен, не исто што и да бидеш задоволен...можеш да бидеш среќен и без богатсво, успех, мудрост, љубов, моќ, слобода, слава, пријателство...исто така ти можеш да бидеш среќен, иако знаеш дека ќе умреш...среќата е релативна...

можеш да си среќен заради тоа што си се потрудил, без да успееш....
можеш да си среќен заради нешто, без да бидеш на слобода, без да си богат, без да имаш моќ или слава.....среќата е внатрешен спокој...затоа спокојот не го наведов горе...
 
Фискална Сметка

Задолжително...
Член од
23 февруари 2009
Мислења
9
Поени од реакции
1
Јас гласав за слободата како највисока вредност- бидејќи во слобода можеш да го почувствуваш спокојот, во спокој можеш да ја осознаеш мудроста, во мудроста ќе ја најдиш љубовта, со љубов ќе стекниш пријатели, со пријателите ќе ја достигниш среќата, ако си го постигнал сето ова значи си стигнал до успехот.
Богатството, моќта и славата ни најмалку не ги сметам за високи вредности во животот .
И за крај нешто од William Wallace: FREEDOM !!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom