436053
Consigliere
- Член од
- 19 декември 2005
- Мислења
- 860
- Поени од реакции
- 68
Ватикан, 9 јуни (МИА) - Вселенскиот православен патријарх Вартоломеј на покана на папата Бенедикт 16-ти на 28 јуни ќе го посети Ватикан, потврдено е од седиштата на двете екуменски цркви во Ватикан и Цариград.
Верската информативна агенција (ВИА) наведува дека поглаварите на Цариградската патријаршија и на Римокатоличката црква официјално ќе се сретнат во предвечерието на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во римската базилика „Свети Павле надвор од ѕидините“ и свечено ќе го прогласат почетокот на годината посветена на првоапостолот Павле.
Повод за оваа православно-католичка средба на врвот, како што наведува ВИА, е 2.000-годишнината од раѓањето на еден од најблиските соработници на Исус Христос.
Најавено е дека на римокатоличкиот и православниот поглавар ќе им се придружи и поглаварот на англиканската светска заедница, архиепископот кентербериски Вилијам.
Како што ВИА дознава, двајцата поглавари во текот на свеченоста ќе водат преговори за меѓуцрквените односи, а едно од важните прашања ќе биде Равенскиот документ, потпишан минатата есен на крајот од заседанието на Мешовитата православно-католичка богословска комисија.
На Равенскиот документ отоворено му се противат многу православни цркви кои сметаат дека со него се признава првенство на римскиот папа над универзалната црква.
Незадоволна од составот на цариградската делегација, работата на комисијата во Равена ја напушти Руската православна црква, која не го потпиша овој документ, но и не го отфрли.
Дали ова се продолжени чекори за обединување на христијанската религија во една,како може тоа да се изведе,дали сте за,и дали папата или патријархот да биде на чело?