Нашите каратисти тргнаа за Токио... или не?

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Нашите каратисти тргнаа за Токио... или не?




Според карате федерацијата, Ферат Корбулиќи е во Токио заедно со останатите репрезентативцни, но неговиот фејсбук профил вели нешто сосема друго!

На официјалната веб страна на Карате Федерацијата на Македонија стои:

Во дисциплината борби поединечно и екипно ќе настапат:
1. Богдан Мицов -65 кг
2. Ване Гонев -70 кг
3. Гоце Петров -80 кг
4. Жарко Арсовски +80 кг
5. Огнен Груевски Опен
6. Ферат Корбулиќи -75 кг
7. Наташа Илиевска -53 кг
8. Ардита Исени -60 кг и во ОПЕН категоријата.

Во дисциплината кати поединечно и екипно ќе настапат:
9. Тамара Рибарска
10. Марија Гудевска
11. Сања Николиќ

Додека на понеделничката прес конференција беше објавено дека во Токио патуваат следните каратисти:

1.Богдан Мицов -65 kg
2.Сашко Патраклиев -70 kg
3.Ване Гонев kategorija -75 kg
4.Гоце Петров kategorija -80 kg
5. Жарко Арсовски + 80 kg
6.Огнен Груевски Апсолутна категорија
7. Наташа Илиевскa kategorija -53 kg
8. Ардита Исени kategorija -60 kg
Во дисциплината кати ќе настапат како кати тим:

1.Тамара Рибарска
2.Марија Гудеска
3.Сања Николиќ
4.Во поединечна конкуренција ќе настапи Тамара Рибарска

Двата списоци се разликуваат по тоа што на првиот соти името на Ферат Корбулиќи, додека на вториот на негово место е пишан Сашко Патраклиев.

Ок, ќе речеме направиле грешка, но на Фејсбук профилот на Корбулиќи пишува: „Ferat trgna za tokio ostana u sofia pff...“.

Во Федерацијата се јави Филе од Топки+ со цел да побара одговор за настанатата забуна, но тие уште повеќе не збунија.

На прашањето „Зошто се разликуваа списоците“?, од Карате федерацијата не дадоа одговор.

„Дали Ферат е во Токио“?, овој пат одговорија само едно кратко ДА.

„А зошто Ферат вели дека е во Софија и не е во Токио, барем во овој момент?“ ...од федерацијата одговорија дека тоа не е точно и го прекинаа разговорот!?

Очигледно некој не сака или не смее да даде конкретен одговор. Никој не кажува дали каратистот е вратен, нема пасош, нема виза или пак нешто друго.

Неофицијално, станува збор за некаква техничка грешка, но зошто се уште Ферат Курбулиќи се наоѓа во Софија? Може да претпоставиме дека и тоа е некаква техничка грешка...




Ова го има само кај нас и на ниедно друго место :ija::ija::ija:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom