Начинот на живеење на новите генерации.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
И млади има дудуци колку сакаш, што е потрагично со звање ВОЛ имате глуперди што немаат појма од технологија и не се замараат воопшто да се надоградуваат во она што го работат.
Особено луѓе кои работат работи каде не треба да користат мозок, физичка работа и слично.
Сум сретнал и повозрасни луѓе кои да ти е кеиф да ги слушаш кога ќе разговараат во поглед на технологија, знаење од многу области и кога ги гледаш дека турбо читаат и учат нови работи, а сум сретнал и инжинери што живеат со филмот дека ако еднаш научиле нешто пред 20 години треба доживотно друго да не чепнат, или пак поголем број од докторите што уво не им чуе да следат новости во медицината и лекуваат буквално по шаблон, периодот ако им кажале дека има оспен на залиха удри на сите што ќе дојдат оспен, или те боли нешто бам кетонал да се замаскира болката, ниту барање од што е ниту интерес.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
346
Поени од реакции
426
За ова кој е попаметен, нови или стари генерации, има истражувања. Не само што секоја нова генерација е попаметна и тоа на иста возраст кога биле со предходната туку овој тренд и забрзува, така да очекувајте вашите деца да бидат многу попаметни од вас.
Нормално ва важи за некој просек од целата популација не поединечни случаи.




 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Нема врска. Вие постарите имате друг менталитет. Имате аверзија кон учење на нови работи, според вас кога сте завршиле факултет, сте завршиле со сето учење во животот и толку, затоа новите технологии кои ги донесоа последниве две декади ве имаат погребано.

Учење рандом бројки од телефон напамет немаат никаков придонес кон развивање на мозочни ќелии. Мозочните ќелии се развиваат со она што го пишав јас. Затоа и при зачеток на Алцхајмер се тераат пациенти да градинарат, да учат нов јазик, да решаваат судоку итн. Во нашево време година дена да не пратиш новитети во струката комотно можеш да си се пријавиш во Комуналец да чистиш. Затоа и не ви држи вода муабетот дека на ваши години ќе немаме појма телефон да користиме, затоа што до 60 години ќе мораме да идеме на семинари за лиценци, курсеви, сертификати, Ексели, вамте тамте.

П. С. Има исклучоци секако има и стари што си баратаат се а има и млади што не знаат новиве шпорети да ги уклучат
Мрзи се бе, остај ги. Ноќна мора им се сите нови работи, зашто ко што кажа членот и во младоста никој не ги брзал за ништо и за никаде.
А не почнаа компјутерите и телефоните од вчера, за овие на 50 години врска да си немаат од животот. На 35-40 години уште ти фаќа црпката за да научиш нови работи и да си во тек. Али пак ќе кажам, ич не се заинтересирани и според моето искуство со постари особи, генерација на моите и повеќе, за нив школо завршило во средно/факс.
Кога веќе си признаваат дека не ги бива за технологија, не знам што уопште не се искрени докрај и не си одат дома за младиве да почнат да работат на тие позиции.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.967
Поени од реакции
11.780
Добрите времиња прават слаби личности, слабите личности прават лоши времиња, лошите времиња прават силни личности, силните личности прават добри времиња.

И така у круг.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Нема потреба да се памтат тривијални информации, мозокот треба да се заморува со учење нови вештини и тоа ова го кажува некој што памти што се случило во 1996, @Peja989 може да потврди :D
Нема никаква поента учењето песни напамет во школо, треба што повеќе да се приближи математика до младите за да се развие problem solving skill и да се има аналитички пристап.
Потребна е математика за баш тоа што го кажа ама сеа ќе ти дадам пример на правење муабет (МЕМЕ МУАБЕТ) помеѓу седмооделенец и наставничка по математика (се случува кај мене на час). Значи пази меме муабет од двете страни.

- nastavnicke abe zosto ni treba da ucime dropki, sto kje mi se vo zivot (глупо прашање ама ај, основец е, не можеш да му замериш)
Следува, меме СЕРИОЗЕН одговор од наставничка.
- pa na kasa koga kje plakjas da ne moze da te zafrkne prodavackata (МРТВА ОЗБИЛНА).
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Од што сте памтеле по 10 фиксни броја напамет затоа денес по пет пати дневно прашувате како да изгасите аларм на смартфон :)
llumious Одговори ми на ова прашање:
Зошто доста од сегашниве генерации (родени крајот 80 - тите и почетокот на 90 - тите) ако се толку паметни зошто не знаат да нарачаат од алиекспрес, ибеј, амазон??? Не само што не се трудат да научат туку колку и да им објаснуваш ич не им фаќа лејката за таа работа. За некои од денешнава младина тоа е научна фантастика... Јас самиот се научив за нарачување од тие сајтови...

И на многу луѓе сум им завршил работа од мојот account да порачаат нешто од тие сајтови... Не само тоа и на доста луѓе јас сум им правел и имејл и фејсбук...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
llumious Одговори ми на ова прашање:
Зошто доста од сегашниве генерации (родени крајот 80 - тите и почетокот на 90 - тите) ако се толку паметни зошто не знаат да нарачаат од алиекспрес, ибеј, амазон??? Не само што не се трудат да научат туку колку и да им објаснуваш ич не им фаќа лејката за таа работа. За некои од денешнава младина тоа е научна фантастика... Јас самиот се научив за нарачување од тие сајтови...

И на многу луѓе сум им завршил работа од мојот account да порачаат нешто од тие сајтови... Не само тоа и на доста луѓе јас сум им правел и имејл и фејсбук...
Затоа што се готовани и знаат дека некој друг ќе им заврши работа, како ти еве што им вршиш, така се обесуваат некој да им брка работа. За тоа готованоста и непреземање иницијатива за било што и јас ги критикувам моиве генерации.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Зошто паметот го темелите само на технологија?
Ако во време на Југославија имало недостиг на информации и намерно населението требало да затупува додека се убивала од Тито интелектуалната сила, сега премногу информации се достапни на секој чекор и имаме затупување со презаситување на мозоците со све и свашта.
И не секој ја користи привилегија што му се на дофат сите информации/книги/истражувања, да се себенадоградува.
Кога го шетам песов во еден парк, неколку пати имам зачекано исти старчиња околу 70 години, 4-5 души се на број, седат речиси на истата клупа и разговараат фантастично на одредени филозофски теми, технологија, зиповање, надоградба на GOM плеер, што искрено се зачудив и се изненадив. Види реков мајката, можно е да постојат вакви ликови?
И ако во наше време се пуштаа по кафичи Анабела ФанкиЏи, сега копиљациве свршуваат на Релја, Пеџа Меденица или што ти знам, Раста, 2Бона и слични курци палци за ебење, дрога, жени. Во глобала, тоа е истиот порив спакован само во друга фолија, со некаков рап, крап, трап, стап.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.808
Нема потреба да се памтат тривијални информации, мозокот треба да се заморува со учење нови вештини и тоа ова го кажува некој што памти што се случило во 1996, @Peja989 може да потврди :D
Нема никаква поента учењето песни напамет во школо, треба што повеќе да се приближи математика до младите за да се развие problem solving skill и да се има аналитички пристап.
Не може он ништо да потврди. Он навива за Ливерпул. Него мозокот му памти откоа дојде Клоп па навака. Иам двајца другари такви. Знам како функционираат.
Автоматски споено мислење:

Зошто паметот го темелите само на технологија?
Ако во време на Југославија имало недостиг на информации и намерно населението требало да затупува додека се убивала од Тито интелектуалната сила, сега премногу информации се достапни на секој чекор и имаме затупување со презаситување на мозоците со све и свашта.
И не секој ја користи привилегија што му се на дофат сите информации/книги/истражувања, да се себенадоградува.
Кога го шетам песов во еден парк, неколку пати имам зачекано исти старчиња околу 70 години, 4-5 души се на број, седат речиси на истата клупа и разговараат фантастично на одредени филозофски теми, технологија, зиповање, надоградба на GOM плеер, што искрено се зачудив и се изненадив. Види реков мајката, можно е да постојат вакви ликови?
И ако во наше време се пуштаа по кафичи Анабела ФанкиЏи, сега копиљациве свршуваат на Релја, Пеџа Меденица или што ти знам, Раста, 2Бона и слични курци палци за ебење, дрога, жени. Во глобала, тоа е истиот порив спакован само во друга фолија, со некаков рап, крап, трап, стап.
Читав до се убивала од Тито интелектуалната сила. Многу смешно ми дојде и не можев понатаму да читам од смеење.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.273
Поени од реакции
781
Не може он ништо да потврди. Он навива за Ливерпул. Него мозокот му памти откоа дојде Клоп па навака. Иам двајца другари такви. Знам како функционираат.
Автоматски споено мислење:
90 procenti od mozoko popolnet si informacii za timot Igracite I na fehjsbuk naslovna od logoto nema mesto za novi veshtini. :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Не може он ништо да потврди. Он навива за Ливерпул. Него мозокот му памти откоа дојде Клоп па навака. Иам двајца другари такви. Знам како функционираат.
Автоматски споено мислење:


Читав до се убивала од Тито интелектуалната сила. Многу смешно ми дојде и не можев понатаму да читам од смеење.
Нема потреба да читаш. Ти веруваш дека Југославија било добро место за живеење.
Ете има едно гугл или на англиски google се вика, на него може да се пиши пример најголеми диктатори на сите времиња на англиски, или Тhe most murderous regimes in the world и да се отвори по некој линк со статистика и сликца од некои ликови. Не мора да имаш прераскажани вистински настани од фамилија и слично.

Ние помладиве и учени луѓе кои знаеме да го користиме интернетов, сме читале и информации надвор од таа суперфантастчна бајка наречена Југа, башка од книги. Ама да не ја потиме темава тука, си има тема таму за Југославија, доста е дробено.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.808
Нема потреба да читаш. Ти веруваш дека Југославија било добро место за живеење.
Не.
Јас верувам дека Господ Бог Исус Христос е мој личен спасител.
А сто посто знам дека СФРЈ беше подобро место за живеење.
Инаку, јас бев црна овца која се радуваше на распадот и пред тоа сонуваше и се надеваше на независна Македонија. Татко ми ми велеше кога бев мал, дека можеби не јас, ама моите деца или внуци ќе живеат во независна Македонија. Кога наполнив 16-17 години се зачленував во за тоа време сомнителни организации кои пропагираа македонска независност, а откога официјално, но неволно, таа се случи, ние ја буткавме со сила, по цена на апсење и слично. Црни овци, велам, затоа што македонската јавност на Љупчо, тогаш му велеше дека е националист кој сака да ја уништи Југославија, кога он велеше - Луѓе не е сега прашањето дали конфедерација или федерација, туку конфедерација или самостојност! Да, ова грото куртони, овци и амеби, тогаш не беа за независност, па мораше да се склопува (од страна на Американците, верувал или не) соодветно глупо и срамно референдумско прашање за независност.

Така да, тие игнорантни беседи, не губи време и не ми ги пеј мене.

А ја ќе ти кажам дека оваа сплачина е мачја кашлица за СФРЈ.
 

Clementine

Dreamer
Член од
19 август 2018
Мислења
36
Поени од реакции
50
Здраво дечки не знам дали го погодив форумот но сакам ваше мислење за начинот на којшто живееме во 21 век.
Имам 3 главни прашања за кои би сакал ваше мислење:
1.Нездравата исхрана и лошиот начин на живот..јас сум релативно млад и би сакал да знам дали може да се спореди со порано или не
2.Технологијата и мобилните телефони и интернетот..Што мислите како делуваат врз помладите па и постарите.
3.Дрогата која ја има во огромни количини и пола од младите се дрогираат а 90% пушат

Според мене кога сите овие фактори ќе ги собереме мислам дека може да се каже дека на сегашните генерации животниот рок ќе им биде скратен за најмалце 10 години.
1.Не е се до исхраната иако многу е важно што внесуваш но поважно е каде е тоа растено, одгледувано дека после Чернобил се е повеќе или помалку озрачено. Така да и условите од околината многу влијаат не само исхраната. Е сега додека не можеме да контролираме услови во околина а можеме да контролираме внес на калории, вежбање, примена на тутун, од под 3. опојни дроги итн, можеме. Прашањето е дали сакаме да внимаваме?
2.Ќе делува така како што ќе намераваш да ги употребиш или корисно или деструктивно. Се е избор во животот.
Инаку дека ќе се скратува животот во број на години во 21век не ми се верува, баш напротив историски гледано во минатиов и овој век е најмногу продолжен животот во број на години и затоа е најмногу процентуално застапено старото население и се уште ќе расте тој процент со оглед што ние старееме а се е помал процентот на новородени( ова пишувам за земји каде што функционира модел на семејно планирање и се користат контрацептивни методи).
Но дека квалитетот на живот е подобрен од минатото, не ми се верува.
Но развојот на медицинската технологија и фармацевтската индустрија колку толку превенираат од смртоносни болести и така допринесуваат до подолг животен век,така што сметам дека нема да се скратува толку драматично должината на животот на денешната младина колку што ќе се намалкува квалитетот на живот за разлика од минатото.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Не.
Јас верувам дека Господ Бог Исус Христос е мој личен спасител.
А сто посто знам дека СФРЈ беше подобро место за живеење.
Инаку, јас бев црна овца која се радуваше на распадот и пред тоа сонуваше и се надеваше на независна Македонија. Татко ми ми велеше кога бев мал, дека можеби не јас, ама моите деца или внуци ќе живеат во независна Македонија. Кога наполнив 16-17 години се зачленував во за тоа време сомнителни организации кои пропагираа македонска независност, а откога официјално, но неволно, таа се случи, ние ја буткавме со сила, по цена на апсење и слично. Црни овци, велам, затоа што македонската јавност на Љупчо, тогаш му велеше дека е националист кој сака да ја уништи Југославија, кога он велеше - Луѓе не е сега прашањето дали конфедерација или федерација, туку конфедерација или самостојност! Да, ова грото куртони, овци и амеби, тогаш не беа за независност, па мораше да се склопува (од страна на Американците, верувал или не) соодветно глупо и срамно референдумско прашање за независност.

Така да, тие игнорантни беседи, не губи време и не ми ги пеј мене.

А ја ќе ти кажам дека оваа сплачина е мачја кашлица за СФРЈ.
Влезе во паралелен универзум. Друг беше муабетот. https://www.dailymail.co.uk/home/moslive/article-2091670/Hitler-Stalin-The-murderous-regimes-world.html

Еден пример само ќе наведам, Крвавиот Божиќ во Македонија и Законот за Македонска национална чест во Македонија каде без пресуда почнуваат масовни ликвидации на македонски интелектуалци, фиљан луше. Па имаш таму покрај стотиците ликвидирани во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово.... адвокати, доктори, инженери и други учени луѓе, кои се школувале дури и надвор од државата.
Еве гратис нека стојат тука и петте струмички студенти.
Да не го пишувам тука и сведоштвото за дедото на мојот дедо.

Доста и е на темава во темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom