А дали за на бензинска,мора да имаш завршено средно ? да точиш гориво ?
Не ти препорачувам. Работев еден месец и ги отерав у три п ... , обично работат по систем 12 саата 4 дена , и 48 саата слободни , односно неработни. Работа имаш уште еден куп освен точење горивото. Ќе те пуштат да мереш нафта или бензин со една ебена долга шипка , и ќе се буташ во дупки од 2 метра само и само да ја погодиш шипката во едно мало ебено дупче кое е намерно така мало , за да не краде некој. Се мери на почетокот на смената , и кога ќе излезеш од дупката ќе изгледаш ако рудар во Чиле после тешка смена на работа. И после ваков треба да седеш цели 12 саата и да амалисуваш. После 2-3 часа ќе стигне цистерната да растовара нафта , па ајде ти повторно во дупката да поврзуваш цревата оти дебелиот мрсен возач е ептен изморен од возењето. Таман за пола саат ќе ја растовари нафтата , ајде пак у дупката да вадаш цревото.

Да не спомнувам ако си кај некој приватен гомнар на менито стави го и одење по јадење за газдата и неговите другари кои по цел ден седат таму и им слугуваш , варење кафиња , и нонстоп во минус на крајот на смената. Јас од 13.000 плата , 3 дадов за да раздолжувам нафта која патем поради "грешка" на компјутерот наместо нафта , ја смета како бензин. Односно ставаш пред тоа бензин , и го спушташ пиштолот и одма некој доаѓа нафта да става , компјутерот "нема време" да ја пренасочи цената и нафтата ја пишува по цена на бензинот , а ја наплаќаш по цена на нафта. Фактички цената на касата која пресметува според цената на бензинот , не се совпаѓа со парите кои што ги зимаш по цената на нафтата. Тоа ти е класичен начин на крадење на гомнарите на кои кога ќе им кажеш дека компјутерот прави грешки , ветуваат со месеци дека ќе го поправат. Е после кога ќе ти заврши смената и кога ќе се раздолжуваш , ќе ти фифне главата кога ќе видиш 500ка во минус а тие пари мораш одма да ги дадеш за да се совпаднат сметките.
Озбилно брат балати тоа , единствено ако имаш некој од фамилијата да работи во Макпетрол па да влезеш на негово место. Макпетрол ти е единствена бензинска во Македонија на која што вреди да се работи. Ем си платен доста солидна плата за македонски услови , ем од почеток си ја знаеш работата и немаш дополнителни активности да ги наречам. Али обично таму кога се повлечува или пензионира работник , влегува негов/а син/ќерка или некој роднина.