Начини за заработка за тинејџер?

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Добро бе озбилно толку ви е тешко да си преќутите ако немате нешто паметно да кажете, па мора да се напраите интересни...ебати луѓето.

Иначе другар, келнер е една од работите, еве некој спомна погоре. Не е нешто посебно, ама за тинејџер е супер. Не е ништо тешко ако е во некој помал кафич без многу гужва, плус и од бакшиши колку толку можеш да ќариш.

Друга опција(нешто што и јас разгледувам бајаги последниов период) е заработка на интернет. Ако имаш знаење од нешто(photoshop, excel, word, темелно познавање на некој јазик за преведување, буквално што било што може да се работи на ПЦ, можеш да го најдеш на интернет во форма на freelancing). А ако сакаш да научиш нешто од овие што ги спомнав, има милион туторијали на јутуб за што било, ако земеш да се посветиш на нешто, сигурно ќе научиш.


A и ако немаш никакво познавање, не се разочарувај, има и за тоа решение. Fiverr.com, разгледај, распрашај се, прочитај, нека ти проработи малку имагинацијата и креативноста и сигурен сум дека можеш да заработиш нешто и од тоа. Да не мислиш нешто дека е непроверено, цел свет ја користи странава.

Само не се откажувај и обесхрабрувај, многу е лесно да кажеш ејјј нема работа и да отидеш у кладилница да дремеш. Посебно за твои години, кога и не ти ни треба многу, само малку прочепкај и да видиш како ќе најдеш.

Со среќа! :)
 
Член од
9 јануари 2014
Мислења
50
Поени од реакции
63
Паркови и зеленило, си чистев листови, си косев трева во паркови околу 9,000 ми даваа, убава работа за тинејџери :)
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Кафич, 10 пијачки дај 5 пријави... ова од искуство ти го зборувам.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Вака друже, конобарството ти е добра опција, ако можеш да најдеш некој што бара конобар нормално. Тоа ти е најисплатливо искрено. Само напуни првин 18 да не ти праат проблеми. Али ја би ти предложил нешто поинакво.

Штеди. Со штедењето "заработуваш" многу лесно. Јас со мој принцип си имам заштедено повеќе отколку што некој мисли дека е возможно. Значи просто. Ако ти дадат од дома стотка за на ужина да имаш да си купиш јадење и сокче, не пиј сок, напиј се вода. Ако ти кажат да си купиш тост од 60 денари, купи од 40 (наместо со врат - со шунка. наместо со печурки - без). Заменувај ги заменливите работи со нешто поефтино. Ако ете пиеш кока-кола, пиј пелистерка кола (или уште бољи не пиј уопште). Ако у кафич пиеш две пива, пиј едно. Ако пиеш нескафе (кај што сегде е од 80 до 110 у Скопје), пиј чај (што е околу 60). Разгледај што све можеш да замениш, али најбитно е да се задоволиш со помалце. Пробај месец дена, ако не си задоволен што си тргнал на страна, батали. Ја не баталив и така си терам :)
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Не прават проблеми и да немаш 18.
 
Член од
4 декември 2013
Мислења
198
Поени од реакции
70
Интересна тема. Некој предлог за работа преку лето? Тогаш е најдобро 1 месец да работиш, 2 да се забавуваш. Тоа време нема ни школо, ни обврски, башка и + не ќе е досадно :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Побарај работа по кафичите, со оглед дека си тинејџер тие пари што ќе ги заработиш се одлични. :)

Исто како што кажа и @RickyLFC9 ....., заштедувај..... на пример, тебе за ужинка ти даваат 100 денари, тие 100 денари стави си ги во касичка, а за ужинка во школо не купувај ништо, туку прави си сендвич од дома.... кога ќе искочиш надвор и седнеш во некој кафич не купувај нешто скапо, купи по ефтино, а остатокот од парите што ќе ти остане стави си го во касичката... :)
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.206
Поени од реакции
5.056
Така јас правам моите ми даваат по 30 или 50 и трошам само 10 денари а друго во каса :)
40*5=200 денари неделно:)
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Незнам како може ова што го правите, мене ми даваат по 50 и не ми стигаат а не и на страна да ставам па.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Еее и јас пробувам да најдам некој ваков начин на пример добар сум во компјутер имам на Youtube 4 видеа ама малку гледаност а и фотошоп порано многу работев ама џабе е не ми текнува нешто што да направам да заработам.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.893
A и ако немаш никакво познавање, не се разочарувај, има и за тоа решение. Fiverr.com, разгледај, распрашај се, прочитај, нека ти проработи малку имагинацијата и креативноста и сигурен сум дека можеш да заработиш нешто и од тоа. Да не мислиш нешто дека е непроверено, цел свет ја користи странава.
Се беше супер додека не ми побара 11 долари за некаков голд пакет. :pos:
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Isto dobro e i dostava na pici/hrana vo naselba,imav edno drugarce taka vo Aerodrom celo vreme noseshe so motorche pici od edna maalska sho vrshi narachka pa dobra para zimashe.Mislam okolu 4000-5000 ,ne sum siguren ali koga beshe prva smena raboteshe od popladne do zatvaranje (od 4-5 do 12) a koga beshe vtora smena mislam ideshe od sabajle nekoj saat,pa posle skolo pak produzuvase....rasprasaj se vidi sho kako :D
 
Член од
5 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Сигурно си и на школо. Значи за работа ти останува сабота и недела,ама тогаш ноќе скитате а дење спиете.
Кога би ти кажал да купиш нешто и да продаваш на „пред“пазар,треба рано станување,што не ти одговара.
Ама еве една мала идеја:пробај со џамлии,ќе најдеш каде се поефтини на големо и низ маало и другари ќе почнеш.
Кога ќе те поднаучат,сами ќе трчаат по тебе за „роба“. Една голема на пазар е 40 ден. а стандардна 15 ден.
Ти може да бидеш и поефтин. Ама има и од евтините 1-2 денари парче, тие ги тераш х5. Ајде тргај - почни нешто.
Е сега незнам на колку мислиш тоа заработка, јас мислам и 100 денари за почеток на ден е добро.
Имам и други предлози но тие бараат повеќе обавези и време во таа работа, а ова е како занимација и таму си со нив.

Мислев за работа за летниот распуст,сега и да сакам неможам морам во школо. :)
Инаку имам 17 год. Баш џамлии не ми звучат како добар избор[DOUBLEPOST=1397080405][/DOUBLEPOST]
Добро бе озбилно толку ви е тешко да си преќутите ако немате нешто паметно да кажете, па мора да се напраите интересни...ебати луѓето.

Иначе другар, келнер е една од работите, еве некој спомна погоре. Не е нешто посебно, ама за тинејџер е супер. Не е ништо тешко ако е во некој помал кафич без многу гужва, плус и од бакшиши колку толку можеш да ќариш.

Друга опција(нешто што и јас разгледувам бајаги последниов период) е заработка на интернет. Ако имаш знаење од нешто(photoshop, excel, word, темелно познавање на некој јазик за преведување, буквално што било што може да се работи на ПЦ, можеш да го најдеш на интернет во форма на freelancing). А ако сакаш да научиш нешто од овие што ги спомнав, има милион туторијали на јутуб за што било, ако земеш да се посветиш на нешто, сигурно ќе научиш.


A и ако немаш никакво познавање, не се разочарувај, има и за тоа решение. Fiverr.com, разгледај, распрашај се, прочитај, нека ти проработи малку имагинацијата и креативноста и сигурен сум дека можеш да заработиш нешто и од тоа. Да не мислиш нешто дека е непроверено, цел свет ја користи странава.

Само не се откажувај и обесхрабрувај, многу е лесно да кажеш ејјј нема работа и да отидеш у кладилница да дремеш. Посебно за твои години, кога и не ти ни треба многу, само малку прочепкај и да видиш како ќе најдеш.

Со среќа! :)
Па да келнерството го имав на ум како работа,ќе видам низ локалните кафичи и дискотеки, па може и ќе ми се посреќи.

Инаку разгледав по интернет, freelancer.com е добра страна, едноставно даваш понуди за работи кои мислиш дека ке можеш да ги извршиш. Не верував дека луѓето плаќаат за презентација во word.
Е сега проблем ќе биде граматиката во англискиот јазик, па ќе пробам со нешто друго ( креирање на лого).
Како што кажа има милион туторијали на јутуб.

Благодарам на помошта и на трудот!
 
Последно уредено:

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ако имаш слободно време види ги овие страни. Ако те бива за нешто ќе можеш да си земеш некое доларче :)

www.odesk.com
www.fiverr.com

Учи, читај, гледај што се бара на пазарот и РАБОТИ ! Со среќа ;)
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
А парите како ги земаш?Треба да оставаш нешто картички,трансакциски сметки и слично?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom