Национален парк "Јасен"

Член од
27 септември 2008
Мислења
98
Поени од реакции
3
Има тогаш некој некоја слика од истиот.
 
D

Daftie

Гостин
На претходните страни има слика од внатрешноста, од надвор јас мислам дека би било ко да сликаш тревник.
 
Член од
26 септември 2008
Мислења
25
Поени од реакции
2
Објавени се некои слики и мали детали.. колку да се даде некаков одговор на многуте прашања од широката јавност.Како и сите неам благе везе што има таму, но постарите жители од околината имаат некои сознанија али на никој ништо не кажуваат(ваљда од страв ќутат).
 
Член од
29 септември 2008
Мислења
77
Поени од реакции
210
Vaka tatko mi e pozarnikar minatata god. koga imase pozar blizu jasen bese mobilizirana celata rasplozliva snaga za gasnenje na pozarot megu koi bese i on bidejki tamu se naoga podzemen voen objekt,od golema vaznos za makedonija vo koj ima skladirano megu drugoto golemo kolicestvo na gorivo,na vistina mnogu golemo kolicestvo!
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
А дали знае некој дали може да се види нешто од Google Earth?Јас нешто барав ама не се снаоѓам баш најдобро...
Ќе го најдеш на Google Underground, од таму најдобро се гледа :) .......:smir:
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Таму е имало големо количество на оружје и такви рабои но по распадот на СФРЈ србскте езервисти се дошле со цивилно камиони и се зеле се. Од сите касарни се што можеле да земат се зеле, и не верувам дека тоа складиште би го оставиле не допрено. Сега таму може да има ептен малку оружје, можеби и ништо. Бидејки Македонија по осамостојувањето немала ништо, за потребите на полицијата се краделе за да има малку- само за да се рече дека иматч. Друго нишо не е
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.134
a kade e toj park?a za atomsa bomba!mislite li deka nasite se sposobni da napravat!
 

iq0r

Mic drop
Член од
4 октомври 2008
Мислења
63
Поени од реакции
0
АРМ откри дел од мистеријата во Јасен
Што се крие во Јасен? Армијата денеска реши да ја открие мистеријата. На јавноста делумно и откри некои од подземните скривалишта во шумскиот резерват.

Ова е објектот Коломат, кој навидум е само трошна куќа, а е наменет за сместување на државниот врв во случај на војна. Има простор за сместување на околу 50-тина лица. Просториите не се модерни, но редовно се одржуваат. Најуредена е салата за состаноци, од каде во воени услови со одбраната би командувал државниот врв. Во објектот може да се престојува и неколку месеци, бидејќи располага со средства за врски и телекомуникации, како и за напојување со електрична енергија и со вода.

„Во војна салата би била дополнително уредена со опрема за командување, ова е еден од посебните објекти од интерес за одбраната“, изјави Полковник Чедо Крстевски од ГШ на АРМ.

Овие соби се направени многу одамна, уште од времето на ЈНА.

Објектот каде би престојувал државниот врв е заштитен од нуклеарно, хемиско и од биолошко оружје.

Армијата не откри колку вакви објекти има во Јасен. Ни го покажаа магацинот за чување храна, пекарата за производство на 500- тини леба дневно и ладилникот во кој би се чувале пет до шест тони месо. На оваа локација има можност за сместување на 150 лица.

Јасен, е едно од осумте безбедносни скривалишта. Опфаќа површина од 39 илјади хектари, поделена во три зони кои се ограничени за слободно движење, престој и населување.

Македонија по примерот на соседите реши да покаже што има во Јасен. Токму поради безбедносното значење Владата ја смени трасата на патот за Порече кој требаше да минува низ овој шумски резерват.

Срцето на Македонија - го нарекуваат од одбраната, бидејќи,с поред нив, тука има најдобри услови за командување во војна, но и за обука во мир.

(17.10.2005)

Јасен не е веќе мистерија.



Пишува. Васко МАРКОВСКИ Снимил: Милан СТРЕЗОВСКИ
Јасен - ловиште, национален парк, природен резерват или подземно скривалиште за македонскиот државен врв? Можеби е тешко да се дефинира што сe е Јасен, но едно е јасно - станува збор за еден од најнепознатите предели во Македонија. Во следните две изданија Форум ви го открива тој дел од непозната Македонија.


Можеме да објавиме стотици репортажи под заеднички наслов Непозната Македонија, но повторно ќе биде присутно чувството дека многу малку работа сме завршиле, сe додека не отидеме во Јасен, местото за кое никој не спори дека е едно од најнепознатите места во Македонија.
Поводот да појдеме во Јасен е една неодамнешна средба со Михаил Малахов, директорот на Јавното претпријатие што стопанисува со резерватот, кој нe убедува дека повеќенаменското подрачје Јасен, како што официјално гласи називот, наскоро ќе биде привилегија за сите и врвна дестинација што ќе носи ловни туристи од сите краишта на светот. Решивме да ѕирнеме.

КУЛА

Водич во резерватот ни беше шумарскиот инженер Тони Арсовски, раководител за лов и шумарство во Јасен. Според договорот, со него се најдовме на крстосницата кај скопското село Нова Брезница оддалечено на 40 километри од центарот на градот. Оттаму заедно тргнавме кон месноста Кула, кон влезот. Првото нешто што ќе го видите зад капијата на резерватот се неколкуте ловечки куќички на планината Караџица, на 1.060 метри надморска височина. Куќите се со специфична архитектура, во форма на пирамида. Како што ни објаснија домаќините, зиме тука паѓа и по еден метар снег, па затоа било одбрано такво архитектонско решение. Ѕидовите во собите се украсени со трофеи
од помалку вредниот дивеч што го отстрелале поранешните гости на ловиштето, што не е случај и со врвните трофеи кои ги носат со себе. Од каде се ловците што доаѓаат во резерватот, најдобро ќе видите од врамените репортажни статии за Јасен по ѕидовите, објавени во угледни светски списанија за лов и природа. Секоја куќичка има засебно парно греење, а за посебно доживување во секоја има камин. Остана уште да ги причекаме неколкуте работници што требаше да ги пренесеме со џипот до другите делови на Јасен низ кои ќе поминеме.

НЕОТКРИЕНИ ПЕЈЗАЖИ

Големата табла што ја видовме веднаш по тргнувањето најави дека патот е тесен 2 до 2,5 метри, а првиот пејзаж најави дека ќе се движиме низ шума од црн бор и варовнички карпи. На десетина минути возење од Кула ја имавме првата средба со езерото Козјак, кое се договоривме да го видиме одблиску пред крајот на денот. Патот е навистина тесен и непрегледен и речиси е невозможно да се разминат две возила. Во тоа се уверивме кога нашиот ленд ровер нагло застана за да се размине со камиончето со работници на Јасен тргнати накај Кула.
“Обично се договараме, но сега не очекувавме некој да дојде отспротива. Но, ние го знаеме патот, па знаеме да се извадиме”, ни рече нашиот водич.
Овој пат лесно се извлековме - ленд роверот има високи тркала и може да се качи на карпестата банкина, но тешко би можеле да се извлечеме со автомобил, без да скршиме полуосовина или без друга сериозна повреда. Имајќи ги наум и видливите траги од големите пожари во 1994 и во 2007 г., помислувате дека би било голема авантура повторно да се пушти за јавен сообраќај патот што некогаш водел одовде до Македонски Брод. Гледано од око, ви се чини дека единствено рационално решение е да се пробие нова лента, но брзо се прашувате колку и тоа е рационално и исплатливо гледајќи го карпестиот предел низ кој се пробивате кон Порече.

.
Единствениот објект што го видовме по патот беше некогашната смоларница, каде што се собирала смолата од боровите дрвја сe до откривањето на синтетичките масла. Во ридовите и долините што се отвораат пред вас веднаш ќе ги забележите големите висинските разлики на теренот во кругот на резерватот, кои се движат од 319 до 2.473 метри надморската височина. Шумичката од левата страна на патот најави дека се движиме покрај коритото на реката понорница Оча, најголемата река по Треска во кругот на Јасен. Пробивањето покрај скриениот водотек беше прилика да видиме дел од опремата за одгледување на дивечот - хранилки, фаќалки и солишта. На целата површина на резерватот се поставени околу 200 хранилки и 300 солишта за елени и диви свињи, за кои секојдневно се грижат работниците на Јасен покрај другите дневни обврски. Еден од зафатите што треба да ги подобри условите за живеење на дивечот е и каптажата под сртот на планината, од левата страна на патот, со која се зафаќа водата од повисоките извори и преку цевковод се спроведува до пониските делови на резерватот, за напојување на дивечот. До нашето одредиште останаа уште десетина минути возење, па решивме накусо да се одмориме кај Ристова чешма гледајќи ги крупните мрени и крапови во базенот со свежа риба од рибникот на резерватот.

КРЕВЕТОТ НА КАСТРО

Дрвената куќа од спротивната страна на серпентината најави дека пристигнуваме во Селиште, некогаш село, денес мала ловечка населба со неколку куќи. Застанавме пред камена куќарка со трофеј од муфлон. Нe пречекаа голем црн шарпланинец и неколку работниците од овој дел на резерватот. По шарпланинецот дојдоа и пет-шест мали шарпланинчиња, растрчани околу мајката која веќе тргнала кон џипот од љубопитност. Дознавме дека кутрињата се најновиот пород од фармата за шарпланинци во овој дел од резерватот.
“Сега ќе ги видиме куќите”, ни најави Арсовски, покажувајќи кон трите ловечки куќи, секоја различна една од друга.
Почнавме од зелената куќа што ни се виде најздрава и тазе реновирана. Поучени од искуството со ловечките куќи кај Кула, знаевме дека и тука треба да очекуваме убаво уредени соби украсени со трофеи, опремени со парно греење и луксузни бањи. Но, добивме и нешто поопипливо. Бевме решени да разбереме барем едно звучно име од ВИП-гостите што престојувале во Јасен, и покрај строгиот режим за чување на тајноста на идентитетот на гостите. На крајот ни успеа. Кога веќе не ни беа доволни имињата на поранешните комунистички функционери Лазар Колишевски и
Благој Попов, на високи сојузни функционери од времето на СФРЈ и на министри од транзицискиот период на Република Македонија, успеавме да искамчиме име на светски лидер.
“На овој кревет спиел Раул Кастро, сегашниот претседател на Куба”, ни признаа домаќините од кои настојчиво баравме да го потврдат или да го одречат нашето сознание.
Продолживме со белата вила и дрвената куќа што ја видовме од спротивната страна на серпентината. Кој би рекол дека некогаш ќе седиме во салон на луксузна куќа од дрво на околу 70 километри зад Водно, ѕиркајќи низ прозорецот да видиме дали ќе помине некој муфлон или елен лопатар, со студени лименки пијалак од фрижидерот во куќичката? Зар не е воодушевувачки кога ѕиркајќи низ прозорецот ќе здогледате пупунец или некоја друга егзотична птица на телефонската жица на неколку метри од прозорецот?
 

iq0r

Mic drop
Член од
4 октомври 2008
Мислења
63
Поени од реакции
0
САФАРИ

Откако ги видовме вилите и неколкуте колипки од кал и плетени прачки, ни остана предизвикот да видиме и нешто од дивечот по кој во Јасен доаѓаат важни гости од светот, па дури и државници и светски прочуени бизнисмени, чии имиња неофицијално се врзуваат за ловиштето Ивање, дел од Јасен, од другата страна на Треска. Се упативме кон Подиште, едно од заградените размножувалишта за крупен дивеч во месноста Селиште, со површина од околу 1.800 хектари.
Првото нешто што нe потсети дека сме влезени длабоко во дивината беше топотот на ниското црвенкасто крзно што протрча на стотина метри од нас пробивајќи се низ дрвјата. Одговорот го видовме во свежите траги меѓу камчињата во меката црвена земја - неколку мига пред нас оттаму поминал елен. На прсти се пробивме до набљудувачницата кај ледината на десетина минути одење оттаму.
“Дивечот е малку попаметен од нас, па се крие порано, пред да стане жешко. Ако негде има шанси да видиме нешто, тоа е овде - кај хранилката, кај солиштето”, ни објасни со шепот нашиот водич.
Доволно е да ви заѕвони мобилниот телефон за да се исплаши и да побегне во друга насока, како што ни се случи нам. Повикот беше до Арсовски и требаше да нe предупреди на новата опасност на тесниот пат - тракторот со сено тргнал кон Подиште.
“Телефонот ќе ги оддалечи, ама еве шанса. Дивечот ќе се раздвижи од тракторот, па би требало да видиме нешто”, ни рече, но излезе дека залудно чекавме. Сепак, имавме некаков ќар од тракторот - барем враќањето до џипот ни беше полесно.
Ја искористивме приликата да се провозиме и повторно тргнавме кон Селиште, да провериме дали треба некого да префрлиме накај Кула.
Но, не било пишано тој ден да го видиме Козјак. Телефонски повик ја прекина спокојната пауза кај куќарката со шарпланинците: под Кула има пожар, сите вработени итно да заминат за Кула - беа малкуте зборови пред да настапат тишината и неизвесноста. ВТОРО ПРОДОЛЖЕНИЕ

Две недели по првата посета на Јасен, повторно сме на договореното место, на капијата кај месноста Кула, на четириесетина километри јужно од Скопје. Нашиот домаќин од претходното доаѓање, раководителот за лов и шумарство Тони Арсовски, веќе нè чекаше на една од дрвените маси, меѓу ловечките куќички со форма на пирамида, заедно со другите најавени гости, истражувачите од спелеолошкото друштво Пеони од Скопје. Пред да тргнеме секој по својот пат, решивме заедно да се напиеме планински чај, набран во дивината на резерватот, користејќи ја приликата да дознаеме нешто за пештерите во кругот на Јасен, што беа означени на воените мапи од некогашна ЈНА, распослани на масата. Од кусиот разговор дознавме дека пожарот што предвреме ја заврши нашата претходна посета на резерватот Јасен, им отворил многу работа на нашите домаќини. По неколку часа борба со пламенот, успеале да го запрат ширењето на огнот во другите делови на резерватот, но два дена морале да бдеат над него, сè додека целосно не изгаснал жарот од потпалените шишарки. Но, топлото време повторно не ги оставило на раат, па и претходните неколку денови пред повторно да дојдеме гаснеле пожар, уште поголем, на југозападниот дел од резерватот. Чајот се покажа навистина добар, а со пеонците се договоривме да им се придружиме во друга прилика, кога ќе носиме соодветна опрема за фотографирање во пештери. Ги оставивме секој да си ја врши својата работа и тргнавме накај езерото.

КРИВИНИ КАКО ОД ЏЕМС БОНД

Најкусиот пат да стигнеме до езерото Козјак, како што ни рече Арсовски, е земјениот шумски пат од Кула до хидроцентралата, кој подоцна се приклучува на асфалтниот пат што води од Скопје до браната. По десетина минути возење веќе можевме да го видиме езерото, а по неколку паузи за фотографирање веќе го видовме и асфалтниот пат на кој подоцна требаше да се приклучиме. Глетката е навистина впечатлива и секое следно застанување ви носи нови изненадувања, откривајќи нови и нови заливи зад секое ново брдо што ќе го сретнете на патот. Како што му се приближувате на езерото, полека почнувате и да добивате ориентација - каде сте, накај која страна на светот се движите и колку сте оддалечени од Скопје, во што ви помагаат Водно, Милениумскиот крст и хидроцентралата Матка. Но, колку природните убавини, толку голема радост на откривањето ви приредуваат и градителските интервенции во просторот - кој би рекол дека и во Македонија, на педесетина километри јужно од Скопје, можете да видите серпентини какви што сме гледале во сцените со бркотници со автомобили на филмовите со Џемс Бонд? Во далечината веќе ги препознавате моторните чамци на рибарите што решиле да заминат дома пред да ги фати жештината. Но, најголемото изненадување допрва претстои, кога ќе видите колку автомобили со приколки за чамец ги чекаат своите сопственици над заливот пред браната, местото каде што рибарите го почнуваат своето бегство од секојдневието. Таму беше и нашиот чамец, во кој нè чекаа Љупчо и Зоран, кои ги запознавме минатиот пат, одејќи накај ловечките куќи во Селиште. Се качивме и тргнавме.

СПЛАВОВИ ВО ЗАЛИВОТ

Се договоривме најпрвин да го видиме заливот спроти врвот Глава, за кој ни рекоа дека е идеално место за плажите на Козјак што во блиска иднина планира да ги изгради јавното претпријатие што стопанисува со Јасен. Одејќи натаму, имавме прилика низ разговор уште еднаш да ги потврдивме нашите предзнаења за езерото - долго е 36 километри, максималната длабочина е 125 метри, а акумулацијата почна да се полни во 2003 г., по изградбата на 137-метарската брана на реката Треска.
“Имаме многу работа со рибарите. Доаѓаат од секаде и имаат дозвола да ловат насекаде по езерото, освен во двата залива на Јасен - Пеколник, каде што одиме сега, и Коломот, каде што ќе се симнеме. Ама, колку и да им кажуваш дека е забрането, колку и да ги потсетуваш дека има табли за забрането движење, повторно одат, особено во заливот Пеколник”, ни рече Љупчо, објаснувајќи дел од неговите обврски. И, токму како што рече, само што поминавме покрај таблата за забрана на влезот на заливот Пеколник, пред нас се појави чамец со рибари. Дека местото е како создадено за плажа, ќе забележите веднаш штом ќе ја здогледате чистинката меѓу двете падини на брдата пред вас. Идејата, како што неодамна ни кажа управителот на Јасен, Михаил Малахов, е токму таму да направат плажа, на платформа врз брегот и на сплавови закотвени врз езерото.
“Тука има идеални услови за плажа и за угостителство. Преку Кула до тука се стигнува за 15 минути, на сплавовите планираме да направиме ресторани со свежа риба од езерото, а посетителите ќе имаат одлични услови и за риболов и за капење”, ни рекоа домаќините.

ЗДУЊЕ

Пловењето го продолживме на југ, накај Коломот, откривајќи нови заливи, разгледувајќи ги низ двоглед некогашните гробишта над потопените села, орловските гнезда во карпите над нас и чамците со рибари затскриени насекаде низ езерото. Како што одите кон југ, теренот станува сè попитом, а глетката кон север, накај местото од кајшто сте тргнале - сè повеличествена. Но, тука некаде ве пречекува можеби највпечатливата глетка и најголемото изненадување од целото патување по овој дел од езерото - Здуње. Лесно ќе препознаете дека новите куќи од западната страна на езерото се новите куќи на жителите на потопеното село Здуње, кои денес се капат на плажата пред куќите. Но, најмалку што можете да очекувате е под чамецот да ги здогледате крововите на нивните некогашни домови. Коломот е блиску, а и патот низ Јасен до Кула не трае долго. Мислата ќе ви остане таму, кај крововите на педесетина сантиметри под водата, покрај израснатите трски, за кои подоцна ќе сфатите дека биле некогашните овошки што им држеле сенка на селските дворови.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Резерватот Јасен

Темава ја отварам зашто ме иритира ова прашанје повеке време.Сум слушнал многу работи во врска со Јасен,но се останува на шпекулации.Дали ова место крие некоја голема тајна,зашто едноставно никој не збори за Јасен. Интересно е и тоа што за време на овогодишните,и ланските пожари,дури и на пожарникарите им беше забранет пристапот,односно само војската учествуваше во нивно гасенје.

http://www.vreme.com.mk
http://217.16.70.245/?pBroj=1792&stID=37160&pR=3

Вистини или повторно шпекулации ?

:salut:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Видите,ние не сме некоја јака супер сила со некој јаки ултра супер модерни оружја па да штититме до толку тоа што се наоѓа во Јасен.Според мене таму има некоја тајна база на Американциве,шо ти ја знам,вонземјани,ултра супер модерни оружја чуваат и сл.Нашиве војници се само логистика.
Иначе многу обожавам вакви мистериозни места.
п.с.и немаше во Мистерии подфорум,тема за Јасен???
 
А

Ајсшутер

Гостин
Видите,ние не сме некоја јака супер сила со некој јаки ултра супер модерни оружја па да штититме до толку тоа што се наоѓа во Јасен.Според мене таму има некоја тајна база на Американциве,шо ти ја знам,вонземјани,ултра супер модерни оружја чуваат и сл.Нашиве војници се само логистика.
Иначе многу обожавам вакви мистериозни места.
п.с.и немаше во Мистерии подфорум,тема за Јасен???
Има тема за Јасен, клик и отворена од тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom