Научно фантастична пуцачина со кампања?

Член од
21 јули 2017
Мислења
190
Поени од реакции
115
Ако може да ми ги наведете сите научно-фантастични(sci-fi) пуцачини што сте ги играле и ви се свиѓале до сега?
Сакам да има и кампања за да ја играм.

Некако ми се игра пукање но со хај-тек оружја :)
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.278
Поени од реакции
2.972
Deus Ex Human Revolution
и поновата (којашто не сум ја играл)
Deus Ex Mankind Divided
 

Skorp

That guy....
Член од
30 јуни 2010
Мислења
978
Поени од реакции
1.213
Doom и Mass effect види ги.
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
301
Поени од реакции
303
Mass Effect е пуцачина? Не е Ер-Пи-ЏИ(RPG)?
Third Person Shooter.
Сега планирам да ја симнам Mass Effect цела трилогија да измлатам. Последната (четвртиот дел) Andromeda не ми фати око ама ич.
Наредна на списокот, Phoenix Point.
 

Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
1.386
Поени од реакции
1.544
Mass effect трилогија- можда една од најбољите научно -фантастични игри, 3то лице шутер со ролеплеј елементи. Андромеда е ...просечна...ама не до толку да ја играш
Dead space 1/2 (тројката е мех) најбоља нау-фан хоррор игра, можда 2ра/3та најбоља хорор, 3то лице шутер
Doom(2016) и Doom Eternnal, како и doom 3. Шутери /прво лице во поголемиот дел, doom 3 хорор шутер(барем се обидува) .
Halo master chief collection. Фпс, Не е излезена цела колекција, сега за сега halo reach И halo combat evolved за компјутер се излезени
Deus ex human revolution/mankind divided стелт шутери во 3то лице со рпг елементи
Квејк(1, 2 и 4).. од сите овие кецот и 4ката се ....на место. 2ката не ми се допадна во опште
Халф лајф нема поента да ја објааснувам
Имам слушнато gears of war, знам дека кецот и петката се за компјутер. Кецот не ми се допадна до толку...
The outer wolds е научна фантастика. фпс со тежок ролепјеинг , ама удри му есап, направена е од обсидиан, чиј начин на пишување е апсолутно ѓубре. Има потреба од сајд квестови,а квестовите на обсидијан се посрани лавиринти.
Borderlands(1, 2, 3 the pre sequel) исто така се фирст персон шутери, со ролеплеј елементи. Игрете се прилично долги, лутер шутер е, ама можеш главната кампања да ја свртиш со минимални сајд квестови.
Ја имам играно и Unreal(играта по кој енџинот е именуван)....не ми се допадна. Многу хаотична. Многу неполирана дури и по тогашни стандарди.
Сите ја зборат сајберпанк(со тешки ролеплеј елементи) ама таа не е излезена сеуште.
Автоматски споено мислење:

А и да додадам, имаше пред малце онаа терминатор игра
terminator resistance. Оди тенка линија измеѓу пост апокалиптичен шутер и нау-фан...со тенденции кон второто
Space Hulk: deathwing. Нема ни да коментирам оти warhammer 40k e .
И Crysis... малце не до толку sci fi....
Автоматски споено мислење:

И сега се сетив на уште нешто
Lost Planet серија. Јапонска...со емфазана на mech-suits. Одиш и пукаш пешки, али mech suits. Ако не ти пречи, пробај.
И Red faction серијал. Шутер со уништлива околина
 
Последно уредено:
Член од
11 ноември 2015
Мислења
288
Поени од реакции
110
Овде имаш од се по нешто. Помалку познато, а и обратно од тоа. Погледни и избери си ако ти се бендиса нешто. Сите подоле наведени игри се необични - секоја на свој начин. Сепак зависи што точно сакаш. Сите овие имаат интересно сценарио, некои паранормални активности, различни светови, sci-fi, НЛО итн.
1. Prey 1 и 2
2. Clive barker's Jericho
3. Constantine - трето лице
apps.46111.71067540525781792.47233f69-8e67-4ebb-94d4-d330f461a245.d6670684-a1a7-44dd-b3b6-b2d4...jpg ps4pro-eu-prey_2_nem-hivatalos.jpg

jericho_bloodfest_wallpaper_large.jpg 104815-constantine-windows-screenshot-the-main-menu.jpg
Автоматски споено мислење:

Сум испуштил да ја додадам и оваа игра. И оваа е исто така одлична за играње.
Timeshift-05-HD.png
 
Последно уредено:
На врв Bottom