- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.588
Македонец за НАСА одгледа пиреј во вселената
Досега не отпатувал во вселената, но еден негов експеримент помогна на вселенските истражувања. Братислав Станковиќ роден во Македонија, а научник во Америка со својот тим и помогна на НАСА да одгледаат растенија на вселенската станица.
Надвор од земјата успеале да одгледаат плевел, пиреј од видот Арабидопсис талиана.
- Целта беше да се утврди дали може да се одгледаат растенија во вселената. На крај заврши успешно. Сега научно се провери дека и на далечни вселенски патувања може да се пратат растенија. На актуелните мисии за Марс и за другите делови од вселената, објаснува Братислав Станковиќ, научник од САД кој е и проректор на Универзитетот Свети Апостол Павле во Охрид.
Пирејот израснал, малку поинаков од оној на земјата но сепак проектот од пред десет години успеал.
- Проектите запреа, односно се намали финансирањето на таа програма по несреќата на шатлот Колумбија кој експлодираше, рече професорот Станковиќ.
Професорот Станковиќ покрај био-технологијата има и друга кариера, дипломирал интелектуално право, предава на познатиот чикашки универзитет Лојола и е познат адвокат за патенти. Правел договори за патентирање за многу научни и биолошки откритија.
- Па сум се грижел за патенти на чипови и за нови био-технолошки пронајдоци, вели професорот Станковиќ.
Задоволен од постигнатото, ја очекува иднината.
Познатиот научник во МАНУ ја раскажа како што вели „приказната како со тим на ентузијасти одгледавме растенија во вселенската станица“. На предавањето на Станковиќ амфитеатарот беше слабо пополнет.
Малку професори по природни науки, малку професори од правен факултет и десетици студенти, го слушнаа неговото искуство со одгледувањето на пиреј во вселената.
Братислав Станковиќ докторирал на биолошки науки на Универзитетот во Небраска-Линколн и докторирал на правни науки на Универзитетот во Висконсин-Медисон.
Д-р Станковиќ е регистриран адвокат за патенти во САД, предава право на патенти на Универзитетот Лојола во Чикаго и работел во една од најголемите адвокатски фирми за интелектуална сопственост во САД. Има повеќе од 20-годишно искуство како научник, вклучувајќи го и петгодишното искуство како Главен научник во Центарот за вселенска автоматизации.

.