Научете ги одговорите на најтешките прашања и растурете на разговорот за работа

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Разговорот за работа е стресен: морате да се однесувате примерно, а имате само една шанса да оставите одличен впечаток. Сепак, постои една позитивна работа - на повеќето разговори за работа се поставуваат речиси исти прашања и можно е да се дефинира какви одговори бараат таквите прашања, што значи дека можете барем делумно да се подготвите.

Имајте на ум дека нема секогаш да доживеете вакво сценарио, но би можело да биде многу слично на наведеното.

Вовед
Кога ќе влезете во просторијата во која ќе се води разговорот, сместете се удобно.

Кажете ми нешто за себе. Ова е прилика да кажете нешто за своето образование, работното искуство и нештата кои сакате да ги правите, а на некој начин се поврзани со работата која сакате да ја добиете.

Зошто барате нова работа и зошто сте ја напуштиле претходната? Одговорот на ова прашање мора да биде во позитивен тон. Дури и доколку сте добиле отказ, обидете се да го прикажете како ваша нова шанса и не зборете лошо за претходните работодавци или колеги.

Што знаете за нашата фирма и зошто сакате да работите овде? Пред разговорот мора да соберете информации за фирмата и нејзиното работење, а потоа обидете се да го поврзете ова со вашите очекувања од работата.

Какво работно искуство имате? Спомнете го само она работно искуство кое е релевантно за ова работно место. Не мора да ги опишувате сите работни места на кои сте работеле, посебно доколку немаат врска со ова работно место.

Што би рекле вашите претходни колеги за вас? Ова е трик прашање. Важно е одговорот да биде во позитивен контекст, а може да кажете и некоја анегдота која ќе илустрира за што говорите.

Дали сте направиле нешто за да го усовршите вашето знаење? Едукација, хоби, спорт...сè со што се занимавате надвор од работното време на некој начин може да е поврзано со вашето занимање или работата и сега е време тоа да го нагласите.

За вас
Следната фаза од разговорот за работа е да ве запознаат: како ќе се вклопите, каков тип на вработен сте, дали вреди да ве вработат. Ова е важно бидејќи на оној кој го води разговорот му помага да сфати подобро зошто вие би биле најдобриот избор за неговата фирма - затоа потрудете се да се „изрекламирате” што е можно подобро.

Како работите под притисок? Очекувано, одговорот на ова прашање мора да има позитивен тон. Можете да кажете дека работите добро или дека секогаш знаете да се организирате. Не кажувајте дека под притисок се распаѓате.

Што ве мотивира да работите добро? Не, тоа не се парите. Сакате признанија. Сакате да бидете уште подобри, да им помагате на другите, да превземате иницијатива (и нормално, сакате пари, ама тоа нема да го кажете).

Која е вашата најголема мана? Повторно уште едно трик прашање. Не сакате да бидете целосно искрени, но доколку кажете „ништо”, ќе звучи неуверливо. Спомнете една мана на која работите да ја подобрите и која во иднина сигурно ќе ја совладате. На пример, го усовршувате англискиот јазик. Значи, покажете слабост, но објаснете што ќе направите да ја совладате.

Каква плата очекувате? Секако, истражете колкава е просечната плата за ова работно место пред да ве повикаат на разговор. Земете го во обзир и своето работно искуство. Доколку сте почетник, не може да очекувате иста плата како и доколку со години го работите тоа.

Можете ли да работите во тим? Да, можете. Или ќе научите. Секогаш кажувајте да.

Што ви пречеше кај поранешните колеги? Нормално, нема да зборите за ова, туку ќе кажете дека и покрај разликите секогаш добро сте се сложувале.

Постојат ли луѓе со кои едноставно не би можеле да работите? Нормално дека не, може да работите со сите.

Дали сте имале проблеми со поранешниот шеф? Не, никогаш.

Дали ви се поважни парите или задоволството од работата? Ова е незгодно прашање бидејќи на сите ни требаат пари, но вашиот иден работодавач очекува работата да ви е на прво место. Може да кажете дека се разбира дека парите се битни, но долгорочно гледано, многу поважно е да да се работи работата која ја сакате и ве прави задоволни.

Дали би работеле да ве сакаат или да ви се плашат? Знаеме дека прашањето е глупаво, но понекогаш го поставуваат. Одговорот е: сакате да ве почитуваат. Кога ве почитуваат, тогаш ве мотивираат да ги исполнувате роковите, да бидете член на тимот и да изнесувте идеи кои ќе бидат корисни за работењето на фирмата.

Заклучок
Последните прашања ќе ги заострат работите. Не плашете се, ова е одлична шанса да оставите силен впечаток.

Зошто би требало да ве одбереме токму вас? Потсетете се на вештините и талентите кои ги поседувате, а се вклопуваат во извршување на работата. Не спомнувајте други кандидати и концентрирајте се на себе.

Имате ли некакво прашање за мене? Веројатно нешто би требало да прашате и вие. Доколку добро сте се информирале за фирмата, може да прашате кога се очекува почеток на работата и како тоа што вие ќе го работите ќе и помогне на фирмата. „Немам прашања” речиси никогаш не функционира.

виа Кајгана
 
B

Beck's

Гостин
Najdobroto nesto sto mozev da go procitam. Personalno sum se zaebal na nekolku prasanja pa dobro e da gi povtoram i naucam iako nikogas ne mi teknalo na ova. Osobeno koa ke te prasaat "Imate li nekakvo prasanje za mene"o_O
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Многу често се сретнуват и прашаниjaта
1. Кажете 3 положителни и 3 отрицателни свои црти. - Се разбира мора да се пофалите, но отрицателните треба да бидат двусмислени (вакви,кои да можат да се толкуват и како положителни и како отрицателни)
2. Како гледате вашето развитие после 2-3-5 години? - овде навистина убаво треба да си помислите и да проучите какви са шансите и можностите за развитие во сферата за коja аплицирате.

И да дополнам Acid, кога ви прашуват за плата-не кажуваjте точна броjка. Винаги можете да речете, дека очекувате да бидете оценуван посебно и вашата плата да зависи от резултатите што ги имате во работата,а ако HR-от много бара цифра-кажете му диапазон-мегу толкова и толкова.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Што знам за мотивацијата и парите, жената на еден мој бивш колега беше години во Кадровски и таа секогаш викаше дека најдобар одговор на тоа е дека на прво место се парите, а потоа да се спомне можноста за напредок, опкружувањето, можноста за усовршување итн, итн.
Дури и самиот регрутер го прави интервјуто за плата, а не за признание.
Just food for thought...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Предлог до Acid темава да ја направи важна и секој кој сака да го постира своето искуство при интервјуто за работа. Ова е можност како да се научат некој цаки и трикови при прашањата од работодавците а да се остави добар впечаток кој би ги зголемил шансите за добивање на работа.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Која е вашата најголема мана? Повторно уште едно трик прашање. Не сакате да бидете целосно искрени, но доколку кажете „ништо”, ќе звучи неуверливо. Спомнете една мана на која работите да ја подобрите и која во иднина сигурно ќе ја совладате. На пример, го усовршувате англискиот јазик. Значи, покажете слабост, но објаснете што ќе направите да ја совладате.


Ова од Аcid е како пример,но добро е да се напомени дека како мана никогаш не треба да се споменува нешто што ќе создаде сомневање кај работодавачот во врска со извршувањето на работата.Никој не го знае 100 посто англискиот и секој работи на тоа да го усоврши.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
-Дали имате вујко во нашата компанија.

не се црвенеете во образите,смирете се, нека не ве збуни прашањето,што побрзо и точно одговорете.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
-Дали имате вујко во нашата компанија.

не се црвенеете во образите,смирете се, нека не ве збуни прашањето,што побрзо и точно одговорете.
Ова е клучното прашање. :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Ова е клучното прашање. :)
Немој така бе,како можам јас со едно прашање,притив Ацид,
повлечиси го пишувањето,или пофали ги и другите прашања.
---------------------
- Дали имате вујко во нашата компанија.

оние кандидати со одговор ДА, не ни одговараат на другите прашања,а најчесто веќе го имаат договорот за работа в џеб,
додека оние другите,ради реда ги тормозат со прашања.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Ме интересира дали овие одговори палат кај грците по конфекциите...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Што кој к.р , колкава плата очекувам сум бил прашан .. и сум добил стрејт одговор епа извини али храна и превоз први 3 месеци ( ЈЕЈ ) , а втори 3 месеци 9000 , со можност за напредок во компанијата !!! КОЈ ЦРН НАПРЕДОК 3 вработени програмери ебате, што ќе ме префрлат од ацер на мек .. ВАВ ! Боље ќе дадам да ме роварат педери, барем они имаат финансиски фондови од срансво, ќе зимам 12 чисти. Преку к.р ми се газди.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Што знам за мотивацијата и парите, жената на еден мој бивш колега беше години во Кадровски и таа секогаш викаше дека најдобар одговор на тоа е дека на прво место се парите, а потоа да се спомне можноста за напредок, опкружувањето, можноста за усовршување итн, итн.
Дури и самиот регрутер го прави интервјуто за плата, а не за признание.
Just food for thought...

Zamisli i na gazdite na prvo mesto im se parite t.e dali taa osoba sto e primena ce moze da zaraboti dovolno za da moze gazdata da ja islpati kako sto treba
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Со еден збор најлесно кажано, треба да лажиме да сушиме кога одговараме....и тоа ли е вистината, тоа ли е реалноста? Значи поголем лажго и лицемер од човек нема. :cautious:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Со еден збор најлесно кажано, треба да лажиме да сушиме кога одговараме....и тоа ли е вистината, тоа ли е реалноста? Значи поголем лажго и лицемер од човек нема. :cautious:
Не можеш да си дозволиш да лажеш,заштото сум бил на интерву во фирма,коja се jaви на бившите фирми каде сум работил за да проверат,дали тоа што сум напишал во CV и тоа што им кажав е вистина. ;)
Вакви фирми ги има, но са редко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom