Научете ги одговорите на најтешките прашања и растурете на разговорот за работа

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.498
Поени од реакции
679
Дечки едно прашање! Може не е местото овде али да прашам. Утре сум на тест во ПИВАРА, дали некој е запознаен со тоа какви можат да бидат прашањата, од кој тип и на која тема претежно!? Фала
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.551
Онака да споделам искуство.
Досега сум бил на околу 10 интервјуа и тоа за следните компаниие: HP, Adecco, Electronic Arts, Ericsson, Dell, Siemens итн.

Од 10 само на две не сум добил понуда за работа EA и една грчка фирма за која беше јасно дека ќе ме одбијат :)

Значи освен стандардните нешта би ви препорачал следното:
Секогаш бидете спремни со барем 20 тина прашања, не поставувајте општи или генерализирани, бидете по детални така да на една тема имате повеќе прашања.
Никогаш не кажувајте дека во претходната компанија ви е лошо и затоа напуштате, најдобро е да одговорите дека сте се нашле во ќорсокак неможите да напредувате и слично, последно можи да се наведи заради економски причини но би препорачиувал исто зависи дали претходно е дискутирана таа тема или не.
Прашајте дали можи да се работат екстра часови со тоа кажувате дека сте вреден работник.
Кога ве прашуваат за слаби страни добро е да се признае кој ви се но немој да кажувате нешто од тоа што се бара на пример бараат да знаеш tcp/ip основи wlan итн и вие кажувате дека една од тие особини ви е слаба страна, добро е да се кажи на пример дека сакате да научите нешто трето кое сепак е некако поврзано со позицијата и сеуште сте слаби во таа сфера, исто не кажувајте општи особини на пример не сте многу софијален или не знаете многу за менаџирање со проекти.
Друго многу важно е нештата шти ги знаете или што сте ги работеле направетеги да звучат комплицирано и секоја најмала задача е важно да ја спомните.
Кога ќе ве прашаат за плата, никогаш не кажувајте една одредена сума, кажете помеѓу која сума би дискутирале, исто многу важно направете истражување колку плаќаат доколку не е наведено во објавата, со тоа не се елиминирате самите кажувајќи превисока сума, ниту пак се деградирате кажувајќи многу ниска.

Ако некој сака повеќе детали и аплицирал за некоја од погоре наведените компании нека ми пиши за повеќе детали.
 
C

cige

Гостин
Дали ако фирмата е на некој познаник на моите родители или ако претходно знам дека ќе бидам вработен, тоа треба да му го признаам на тој што ми го прави интервјуто? И дали од колегите да кријам дека сум примен со врски а не преку тестирање? Поточно сакам да прашам за софтверска компанија.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.141
Поени од реакции
11.771

Јас мислам не. Тој што ти го прави интервјуто, распрашај ги твоите или познаникот нивни, дали е запознат истиот со тоа. Ако е, ако он сам ти спомне нешто тогаш дискретно можеш да му потврдиш. Но ако не е, мислам дека не би било паметно. На колегите, од лично искуство ти кажувам, да не им кажуваш. Луѓето се љубоморни, ќе ти прават секакви сопки. И ќе се пазат од тебе и ќе гледаат на тебе како на зелено чудовиште. :)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.253
Поени од реакции
3.935
Дали ако фирмата е на некој познаник на моите родители или ако претходно знам дека ќе бидам вработен, тоа треба да му го признаам на тој што ми го прави интервјуто? И дали од колегите да кријам дека сум примен со врски а не преку тестирање? Поточно сакам да прашам за софтверска компанија.
Зошто воопшто би имало потреба колегите да знаат како си примен?(Убава работа е искреноста, но тука не гледам некоја цел зошто би споделил ваква информација)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
Пред некое време бев на интервју за работа во една градежна фирма кај нас за работна позиција шофер на мешалка.
На почетокот HR секторот на фирмата "Vëllezërit Rrokjeve" од Житоше ме исконтактираа преку мојот Линкедин профил и ми соопштија дека ги исполнувам нивните критериуми за да им испратам кратка биографија на e-mail.
После две седмици добив известување преку Blаckberry и e-mail од нивниот регрутер дека сум влезен како потенцијален член на нивниот тим и ми закажаа интервју во нивните канцеларии.
Пошто ова ми беше меѓу првите интервјуа што ги имам направено бев навистина збунет што и како би ме прашале на него и како да треба да одговорам.
Случајно тогаш го видов текстот на Кајгана и убаво го прочитав неколку пати.
После тоа спремен за нови предизвици се упатив на интервју и навистина поминав многу убаво.

Фала Кајгана
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.100
ili nauchete neshto povekje - kako da ne bidete dupelizhac

World’s best resignation letter

Dear Mr. Baker,

As an employee of an institution of higher education, I have few very basic expectations. Chief among these is that my direct superiors have an intellect that ranges above the common ground squirrel. After your consistent and annoying harassment of my co-workers and me during our commission of duties, I can only surmise that you are one of the few true genetic wastes of our time.

Asking me, a network administrator, to explain every nuance of everything I do each time you happen to stroll into my office is not only a waste of time, but also a waste of precious oxygen. I was hired because I know how to network computer systems, and you were apparently hired to provide amusement to your employees, who watch you vainly attempt to understand the concept of “cut and paste” as it is explained to you for the hundredth time.

You will never understand computers. Something as incredibly simple as binary still gives you too many options. You will also never understand why people hate you, but I am going to try and explain it to you, even though I am sure this will be just as effective as telling you what an IP is. Your shiny new iMac has more personality than you ever will.

You wander around the building all day, shiftlessly seeking fault in others. You have a sharp dressed, useless look about you that may have worked for your interview, but now that you actually have responsibility, you pawn it off on overworked staff, hoping their talent will cover for your glaring ineptitude. In a world of managerial evolution, you are the blue-green algae that everyone else eats and laughs at. Managers like you are a sad proof of the Dilbert principle.

Seeing as this situation is unlikely to change without you getting a full frontal lobotomy reversal, I am forced to tender my resignation; however, I have a few parting thoughts:
  1. When someone calls you in reference to employment, it is illegal for you to give me a bad recommendation as I have consistently performed my duties and even more. The most you can say to hurt me is, “I prefer not to comment.” To keep you honest, I will have friends randomly call you over the next couple of years, because I know you would be unable to do it on your own.
  2. I have all the passwords to every account on the system and I know every password you have used for the last five years. If you decide to get cute, I will publish your “Favorites,” which I conveniently saved when you made me “back up” your useless files. I do believe that terms like “Lolita” are not viewed favorably by the university administrations.
  3. When you borrowed the digital camera to “take pictures of your mother’s b-day,” you neglected to mention that you were going to take nude pictures of yourself in the mirror. Then, like the techno-moron you are, you forgot to erase them. Suffice it to say, I have never seen such odd acts with a ketchup bottle. I assure you that those photos are being kept in safe places pending your authoring of a glowing letter of recommendation. (And, for once, would you please try to use spellcheck? I hate correcting your mistakes.)
I expect the letter of recommendation on my desk by 8:00 am tomorrow. One word of this to anybody and all of your twisted little repugnant obsessions will become public knowledge. Never f*ck with your systems administrator, Mr. Baker! They know what you do with all that free time!

Sincerely
 
Shahbaz

Северен Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
425
Поени од реакции
793
Пред некое време бев на интервју за работа во една градежна фирма кај нас за работна позиција шофер на мешалка.
На почетокот HR секторот на фирмата "Vëllezërit Rrokjeve" од Житоше ме исконтактираа преку мојот Линкедин профил и ми соопштија дека ги исполнувам нивните критериуми за да им испратам кратка биографија на e-mail.
После две седмици добив известување преку Blаckberry и e-mail од нивниот регрутер дека сум влезен како потенцијален член на нивниот тим и ми закажаа интервју во нивните канцеларии.
Пошто ова ми беше меѓу првите интервјуа што ги имам направено бев навистина збунет што и како би ме прашале на него и како да треба да одговорам.
Случајно тогаш го видов текстот на Кајгана и убаво го прочитав неколку пати.
После тоа спремен за нови предизвици се упатив на интервју и навистина поминав многу убаво.

Фала Кајгана
како одговори на прашањето за лидерски способности? малку е тешко да си скромен, а треба да си лидер на цела мешалка. треба мудар одговор.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
како одговори на прашањето за лидерски способности? малку е тешко да си скромен, а треба да си лидер на цела мешалка. треба мудар одговор.
Тоа навистина беше предизвик малку, но со искуство на рачно турање на бетонски плочи каде што го водев целиот процес од кинење на цементот, до турање на песокот и гранулатот и совршената количина на вода во мешалката во сооднос и формација 3-1-1 (песок, гранулат, цемент) за домаќини и соодност 4-1-1 за на гостински терен и одбирањето за совршениот тајминг за ручек и ладно пиво начисто ги импресионирав.
Потоа почнав да им објаснувам за составот на цементот и дека албанскиот цемент е многу поквалитетен од овој нашиот, за комисијата задоволно се смешкаше и ми кажаа дека тие биле експерти за "белo" цементо и навистина не знаат и не ги интересира многу за составот се додека се испорачува цемент кој ќе им направи вистинска сатисфакција за нивните муштерии.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.309
Поени од реакции
38.911
Како студент сум добил и вакви прашања, а и знам дека повеќето работодавачи ги поставуваат.

1. Дали ти е итна работата?
2. Ти студираш, значи кога ќе дипломираш дали од тебе ќе очекуваме отказ?
3. Зошто не си ми познат, од која фамилија потекнуваш?
4. Ако ви понудат поголема плата, дали би преминале на страната на конкуренцијата?

Баш ме интересира како ќе одговорите на овие прашања. :icon_lol:

Не е само да ги научите одговорите на прашањата, туку има и други работи кои даваат одговор. Погледот, начинот на седење, гледањето во часовникот и насмевката.

Треба да знаете да се снаоѓате и да го убедите работодавецот, дека вие сте личноста што ја бара. Никогаш не измислувајте нешто кое никогаш не сте го научиле и не кажувајте дека мотивација ви се парите.

Секогаш носете ја и онаа добро познатата "Книга за фалење" Тоа е папка која содржи CV, мотивационо писмо, план, дипломи, проекти, препораки, сертификати и награди.

Еве мои прашања со кој сум ги добил и како сум одговорил. Некои се и повторуваат, ама нема врска ќе ви се најдат како можен одговор. :D

Како дознавте за работната позиција?
Најчесто кажуваат дека огласот сте го прочитале на некоја интернет страна.
Лошо е само ако барате работа преку огласи, а немате препорака од претходен работодавач.

Кажете нешто и за вас?
Образование и каква личност си. Одговорен, посветен, доверлив и тимски работник. Ако не кажеш какво искуство имаш, следува прашање и за тоа.

Какво работно искуство имате? Не ги кажувајте сите работни искуства, само она кое е поврзано со работата за која сте аплицирале.

Ова е најголема грешка. Имам видено CV, каде што како работно искуство му е наведена летна работа како келнер и шанкер на базен, а аплицирал за програмер.

Зошто дадовте отказ во претходното работно место?
Ако сами сте напуштиле кажете дека тоа не било доволен предизвик за вас.
Ако ве отпуштиле кажете што се научиле од преходното работно место и дека тоа ве направило поголем работник.

Што знаете за нашата компанија?
Не одите на интервју, ако ништо знаете за компанијата. Доколку дојде ред, работодавецот да ви објаснува со што се занимава компанијата, тогаш не се надевајте на вработување. Ќе помсили дека барате било каква работа.

Правиш план познат како 30-60-90 и го презентираш. Во овој план ги собирате истражувањата кои сте ги направиле за компанијата.

Зошто сакате да работите на оваа позиција?
Не раскажувајте премногу, уште помалку немој да кажете дека таа позиција ви е животна желба и дека долго сте ја очекувале. Кажете дека сте добри и сакате да напредувате во таа област.

Која се ваши добри и лоши маани?
Кажете барем неколку лоши маани и дека ќе се потрудите да ги поправите. Знаат дека секој не може да биде професионалец.
Ако кажете се добро за вас, ќе испадне дека се фалите. Никогаш лошата страна да не ви е она, што е бара како главен критериум.

Дали преферирате да работите во тим или самостојно?
Ја обожавам динамиката која ја носи тимската работа, но понекогаш сакам и да работам нешто кое ќе претставува моја лична одговорност.

Дали си прекфалификуван за оваа работното место?
Можеби сум прекфалификуван, но тоа би било супер за вашата компанија. Ќе добиете некој кој е подготвен веднаш да започне со работа, некој кој веќе има искуство.

Колкава плата очекувате?
Дознајте колку е просечната плата во компанијата. Не се потценувајте и не кажувајте премногу ниска плата, после тешко ќе добиете повисока плата. Не се ни преценувајте.

Дали би прифатиле пониска позиција со цел да се искачите кон посакуваната?
Да, ова е можност, за да ги приширам моите знаења.

Имате ли хоби?
Кажете дека ве интересираат многу работи од областа за која аплицирате и дека постојано истражувате. Во слободно време се занимавам со спорт, вежбам, читам книги и гледам филмови.

Дали имате прашања?
Секогаш имајте неколку прашања. Тоа покажува дека претходно сте истражувале за таа компанија. Ако кажете не немам прашања, ќе помисли дека не се интересирате за работата во компанијата.

На крај треба и ветување дека доколку ве изберат вас, дека ќе го дадете најдоброто од себе.

Најчесто прашањето Дали може да работите во тим? се поставува и како
Што ќе направите ако работата на вашиот колега не му оди добро?
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
458

Нешто познати прашањата,хахаххахахаха.....

За во Мк и не е важно како ке ги одговориш прашањата,зошто тука се важни две работи...
1.Дали си доволно млад да рмбаш а газда твој да се развозува со џип од 100000евра
2.Дали можеш да работиш без пари 2-3 месеци

За надвор од Мк е важно....
Јас работев за 3 најголеми Американски компании,сега имав интервју за 4,така да за одговорите и не се замарајте многу.Зошто?Еве пример
На последното интервју ме праша.Зошто да те вработам тебе?Мојот одговор беше,не знам.Ме праша зошто не знам.Му велам а бе брат ако почнам да те замарам слушај јас парче праам ово оно,ке бидам само еден во илјадниците,а вака просто не знам.Се насмеа и рече дека ваков одговор не очекувал од мене....

Следниот ден понудата за работа пристигна.....

Најважно е работното искуство...
 
Иако се ретки, но има и компании кои одат по оваа содржина на прашања и друг на друг начин го избираат работникот. Бараат знаење, а не некој колку да се потполни позицијата. Овие прашања и одговори се за кога ќе аплицираш на подобро работно место, а не во маркет или сендвичара.

Најсмешно е што во маркет на интервју, прашања ти поставува цела фамилија. Немаат некој план и што и на ум тоа прашуваат. :tapp:
Не знаат што да прашат и наеднаш се убацува ќерката "а ти женет си?" :icon_lol:
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
306
Поени од реакции
289
Vechna dilema, kako da se dojde do posakuvanoto rab. mesto i do ushte poposakuvanata plata ?

Gledam tuka nekoj matrix-i, vo princip, vo personalno ja drzhat taa linija, no samo od formalen aspekt.Ste dobile pokana, shto treba vsushnost da se kazhe i da bide uspeshno?

Rabotodavecot saka da go slushne ona shto vsushnost mu treba, navedeno vo opisot na oglasot.

Profilot na kandidatot treba da e sposoben posle kratkata obuka samostalno da gi izvrshuva zadachite i so toa da nosi profit vo firmata. Toj vo Vas gleda PROFIT ! E, sega kako da se pretvorite vo "profit".

Prethodno rabotno iskustvo, kompatibilno so pozicijata za koja aplicirate i soodvetno obrazovanie, koe i ne mora da e presudno. Imeno nekoj so 5 ili mozhebi 15 god. rab. iskustvo e soodveten i ima prednost, vo sekoj sluchaj toj e gotov proizvod.

Obrazovanieto ima povekje formalen karakter, prijavuvanje vo biro, dobivanje pogolema grupa na platniot spisok itn.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.141
Поени од реакции
11.771
Мене на интервју ме имаат прашано дали планирам да се мажам и дали сакам еден ден да имам деца. :popce:
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
306
Поени од реакции
289
Мене на интервју ме имаат прашано дали планирам да се мажам и дали сакам еден ден да имам деца. :popce:[/qu
Toa okolu decata se sluchuvaat pochesto takvi prashanja, neka ne te chudi. Tuka se pochesto i tatkovcite odat na posle"porodilno" bolovanje, 2 i kusur godini, zakonot toa go dozvoluva.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom