Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.096
- Поени од реакции
- 34.091
Разговорот за работа е стресен: морате да се однесувате примерно, а имате само една шанса да оставите одличен впечаток. Сепак, постои една позитивна работа - на повеќето разговори за работа се поставуваат речиси исти прашања и можно е да се дефинира какви одговори бараат таквите прашања, што значи дека можете барем делумно да се подготвите.
Имајте на ум дека нема секогаш да доживеете вакво сценарио, но би можело да биде многу слично на наведеното.
Вовед
Кога ќе влезете во просторијата во која ќе се води разговорот, сместете се удобно.
Кажете ми нешто за себе. Ова е прилика да кажете нешто за своето образование, работното искуство и нештата кои сакате да ги правите, а на некој начин се поврзани со работата која сакате да ја добиете.
Зошто барате нова работа и зошто сте ја напуштиле претходната? Одговорот на ова прашање мора да биде во позитивен тон. Дури и доколку сте добиле отказ, обидете се да го прикажете како ваша нова шанса и не зборете лошо за претходните работодавци или колеги.
Што знаете за нашата фирма и зошто сакате да работите овде? Пред разговорот мора да соберете информации за фирмата и нејзиното работење, а потоа обидете се да го поврзете ова со вашите очекувања од работата.
Какво работно искуство имате? Спомнете го само она работно искуство кое е релевантно за ова работно место. Не мора да ги опишувате сите работни места на кои сте работеле, посебно доколку немаат врска со ова работно место.
Што би рекле вашите претходни колеги за вас? Ова е трик прашање. Важно е одговорот да биде во позитивен контекст, а може да кажете и некоја анегдота која ќе илустрира за што говорите.
Дали сте направиле нешто за да го усовршите вашето знаење? Едукација, хоби, спорт...сè со што се занимавате надвор од работното време на некој начин може да е поврзано со вашето занимање или работата и сега е време тоа да го нагласите.
За вас
Следната фаза од разговорот за работа е да ве запознаат: како ќе се вклопите, каков тип на вработен сте, дали вреди да ве вработат. Ова е важно бидејќи на оној кој го води разговорот му помага да сфати подобро зошто вие би биле најдобриот избор за неговата фирма - затоа потрудете се да се „изрекламирате” што е можно подобро.
Како работите под притисок? Очекувано, одговорот на ова прашање мора да има позитивен тон. Можете да кажете дека работите добро или дека секогаш знаете да се организирате. Не кажувајте дека под притисок се распаѓате.
Што ве мотивира да работите добро? Не, тоа не се парите. Сакате признанија. Сакате да бидете уште подобри, да им помагате на другите, да превземате иницијатива (и нормално, сакате пари, ама тоа нема да го кажете).
Која е вашата најголема мана? Повторно уште едно трик прашање. Не сакате да бидете целосно искрени, но доколку кажете „ништо”, ќе звучи неуверливо. Спомнете една мана на која работите да ја подобрите и која во иднина сигурно ќе ја совладате. На пример, го усовршувате англискиот јазик. Значи, покажете слабост, но објаснете што ќе направите да ја совладате.
Каква плата очекувате? Секако, истражете колкава е просечната плата за ова работно место пред да ве повикаат на разговор. Земете го во обзир и своето работно искуство. Доколку сте почетник, не може да очекувате иста плата како и доколку со години го работите тоа.
Можете ли да работите во тим? Да, можете. Или ќе научите. Секогаш кажувајте да.
Што ви пречеше кај поранешните колеги? Нормално, нема да зборите за ова, туку ќе кажете дека и покрај разликите секогаш добро сте се сложувале.
Постојат ли луѓе со кои едноставно не би можеле да работите? Нормално дека не, може да работите со сите.
Дали сте имале проблеми со поранешниот шеф? Не, никогаш.
Дали ви се поважни парите или задоволството од работата? Ова е незгодно прашање бидејќи на сите ни требаат пари, но вашиот иден работодавач очекува работата да ви е на прво место. Може да кажете дека се разбира дека парите се битни, но долгорочно гледано, многу поважно е да да се работи работата која ја сакате и ве прави задоволни.
Дали би работеле да ве сакаат или да ви се плашат? Знаеме дека прашањето е глупаво, но понекогаш го поставуваат. Одговорот е: сакате да ве почитуваат. Кога ве почитуваат, тогаш ве мотивираат да ги исполнувате роковите, да бидете член на тимот и да изнесувте идеи кои ќе бидат корисни за работењето на фирмата.
Заклучок
Последните прашања ќе ги заострат работите. Не плашете се, ова е одлична шанса да оставите силен впечаток.
Зошто би требало да ве одбереме токму вас? Потсетете се на вештините и талентите кои ги поседувате, а се вклопуваат во извршување на работата. Не спомнувајте други кандидати и концентрирајте се на себе.
Имате ли некакво прашање за мене? Веројатно нешто би требало да прашате и вие. Доколку добро сте се информирале за фирмата, може да прашате кога се очекува почеток на работата и како тоа што вие ќе го работите ќе и помогне на фирмата. „Немам прашања” речиси никогаш не функционира.
виа Кајгана