Настани, случувања, признанија... работи кои не прават да сме горди Македонци

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
НАШ КРСТЕ, ОД БИТОЛА, ОД ЊУЈОРК

Во Њујорк моментално има одлична постава Македонци, чија дружба некогаш заличува на најлежерните и најлуди будалаштини од Зизи Топ во опуштените 90-ти години. Овојпат, од сите нив најмногу не интересира еден Крсте, психијатар.

Крсте Роџевски е од Битола, во Њујорк има своја ординација.

Тоа е она што е редовно.

Она што е вонредно е гласот на Крсте. Тоа е еден магичен хибрид од Бадев и Сариевски. Ултра талент. Пее на 9 ствари на албумот на Дуке Бојаџиев (Love is the way), беше негов гостин на концертот во Карнеги Хол и вади феноменални преработки на македонски песни во афро-бразилски ритам кои со помош на Дуке би требало да се појават на соло албум.

Доста говоранции. Тука сме за музика. Слушнете го ова: (KЛИК на линкот)

http://off.net.mk/lokalno/razno/nash-krste-od-bitola-od-njujork
.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Доста говоранции. Тука сме за музика. Слушнете го ова: (KЛИК на линкот)

http://off.net.mk/lokalno/razno/nash-krste-od-bitola-od-njujork
.
Прекрасно , би сакал да слушнам повеќе вакви работи.
--- надополнето: 14 февруари 2013 во 12:32 ---
Тања Царовска, дел од добитниците на Греми



од Александра Бубевска, НОВА | објавено на: 14-02-2013 11:55:04

Наградата Греми , за најдобар поп инструментален албум ја освои познатиот Американец, музичарот Крис Боти, за својот албум “Impressions” во кој има и една заедничка изведба со ресенчанката Тања Царовска
Музиката е напишана од оскаровецот Габриел Јарет, текстот за хорот е на Тања Царовска, која со нејзиниот прекрасен глас во нејзин препознатлив стил ја надополнува композиијата на Боти.
Минатата година Боти, специјално од Лос Анџелес допатува во Лондон, за да ја сними песната заедно со Тања Царовска во познатото лондонско студио „AIR“, сопственост на Џорџ Мартин, менаџерот на легендарните Битлси .
Песната „Севдах“ која заеднички ја снимија се најде на албумот кој ја освои наградата „Греми“ за најдобар инструментален албум.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=4&vest=696

Еве ја и песната кој го интересира:

http://www.dailymotion.com/video/xrkyi6_chris-botti-sevdah-2012_music#.URzMLjvdnOc
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На анкета во која учествувале 27,373 луѓе Македонија е прогласена за четврта нај пријателска земја во светот.


Friendliest country in the world named

TOP 10 FRIENDLY COUNTRIES
1. Iceland
2. New Zealand
3. Morocco
4. Macedonia
5. Austria
6. Senegal
7. Portugal
8. Bosnia & Herzegovina
9. Ireland
10. Burkina Faso

http://www.theage.com.au/travel/travel-news/friendliest-country-in-the-world-named-20130404-2h920.html


Поздрав за Македонците во Австралија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Прва Македонка со црвено жолтото знаме на врвот на светот

Подвиг со тежина на олимписки медал



Првата Македонка што стапна на „покривот на светот“ се' уште чувствува возбуда, неверие и радост од подвигот за себе и за својата држава.

Најтешката битка е онаа која ја водиш самиот со себе и со природата, а на 23 мај Илина Арсова ги доби и двете, искачувајќи се на највисокиот врв во светот Монт Еверест.

Потребни и' беа два месеца, од еден месец поминат над 5.000 метри надморска височина, 20 часа финално искачување и една боца кислород за уживање и исполнетост што траат само десетина минути во темнината на раните утрински часови.

„Го гледав врвот пред себе и нема повеќе каде да се оди, тоа е тоа. Десет минути се задржавме и чувствував радост за мене и за мојата држава. Возбуда, збунетост, едноставно, не ти се верува дека си тука, дека искачувањето на врвот станало реалност. Тоа ќе биде инспирација и пример за други“, раскажува првата Македонка на „покривот на светот“, која денеска успехот со сподели со медиумите.

„На самиот врв беше предвидено да пристигнеме на изгрејсонце, кога е најубаво и најчисто и има убава перспектива и видик. Но, темпото на движење ни беше побрзо, па се искачивме околу 3 часот наутро. Бевме тројца, прв на врвот пристигна лидерот на експедицијата, потоа вториот член и на крајот јас, сите во временска разлика од околу пет минути. Времето беше студено, ветровито, немаше што да се види. Изгрејсонцето не' фати на враќање, на околу 7.500 м на местото наречено Балкон, каде што од едната страна е Тибет, а од другата Непал, во далечината се отвораат Хималаите, прекрасно“, продолжи да зборува Илина, која низ смеа дофрли дека не е подготвена за прес-конференцијата, бидејќи во вторникот вечерта се вратила од двомесечната комплексна експедиција.

Арсова го споредува освојувањето на Монт Еверест со другите спортови.

„Се вели дека напорот потребен да се стигне до врвот е со тежина на шест маратони, во студени услови и со редок кислород. Ако треба да направам споредба со освојување медал, би рекла со олимписки медал. Реално, олимписки медали има многу повеќе отколку луѓе што се искачиле на Монт Еверест. Од 1960-тите, кога почнале експедициите, 2.000 луѓе се искачиле на врвот, од кои помалку од 10 отсто жени. Во ниту еден друг спорт не е толку голем и толку долг интензитетот и напорот како во овој случај, а се добива само десет минути уживање на врвот“, вели таа.

За Арсова ова е прво искачување на врв над 8.000 м, на што е посебно горда, и покрај фактот дека, колку што е фантастичен, толку е и опасен овој предизвик.

„Времето е основен фактор. Тоа може да донесе опасни последици. Сами сте со планината и тоа е борба со самиот себе и со природата. Условите се ограничени и менталната и физичката издржливост се рамномерно важни. Во периодот на експедицијата имаше 13 жртви за кои слушнавме, како на Монт Еверест така и на околните места. Но, ние се искачувавме доцна, на крајот на сезоната. Одевме сигурно и бевме подготвени на се', па поради тоа не се соочивме со непредвидливи ситуации“.

Монт Еверест е еден од вкупно 14 врвови во светот со височина над 8.000 метри. Токму тие 13 што остануваат се следни на списокот на Илина. Заедно со нив е и мисијата „7 врвови“, кои ги вклучуваат седумте највисоки врвови на седумте континенти.

„Посакувам барем еден од нив да го освојам без користење кислород и со поинаков стил“, изјави петтиот македонски алпинист што го освоил „покривот на светот“ по Димитар Илиевски-Мурато, Глигор Делев, Сашко Кедев и Здравко Дејановиќ. (В.З.)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ ДОБИЈА ПРИЗНАНИЕ ОД NASA – ПРОГЛАСЕНИ ЗА „ТОП 3 НАЈДОБРИ ВО КЛАСАТА“

Студентите Никола Петков, Стефана Филипова и Филип Спасовски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), како учесници на глобалниот натпревар Space App Challenge во организација на НАСА, се стекнаа со признанието „топ 3 најдобри во класата“.

Признанието е доделено за нивната апликација чијашто цел е подобрување на перформансите и функционалноста на „ArduSat” сателитот.


http://mkd-news.com/makedonski-studenti-dobija-priznanie-od-nasa-proglaseni-za-top-3-najdobri-vo-klasata/
.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Дијаспората се прошири и во Замбија.:vozbud::vozbud::vozbud:Поминала тежок период на 30-ка калибар,ама важно успеала.Македонија е горда!:pipi:

Стриптизетата Волчица стана милијардерка. Вели дека е верена со милијардер во Замбија, но не сака да го открие неговиот идентитет, пренесува Канал 5.

-Вели дека е милијардерка, има куќа со базени и скапи автомобили, но да дојде до сето тоа поминала тежок период. Благодарна за се што сторил за неа, Волчица го покани Зоки Фаци на сафари во Африка, објавува Канал 5.
По подолг период на снаоѓање, таа сега живее во луксузна куќа со базен и вози скап автомобил.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
билбордот на Атанас Ботев
иако немаше којзнае колкав „век“ на опстанок сепак ја постигна целта


ама така е тоа во МК- наместо подршка на човекот тие се најдоа во одбрана на гејците-
туку видете што направија русите со споменикот во Брисел :pos:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дојче веле: За градоначалник на Париз кандидат со македонско потекло

прочитано 50 пати
19-01-2014 11:55:30
0 коментари
Кристоф Најдовски е роден во Париз. Неговите родители имаат македонско потекло. Денес тој е кандидат за градоначалник на Париз, каде ја предводи листата на партијата на Зелените, пишува Дојче веле.
Тој е единствен политичар во Франција што се кандидира за толку висока функција, а можеби и во Западна Европа, кој е со потекло од Македонија.
„Можеби јас сум првиот политичар, тоа ми дава извесна гордост, но и извесна одговорност кон земјата од каде потекнувам – Македонија. Тоа ми дозволува да им порачам на оние кои се во дијаспората и се со потекло од родители кои емигрирале во други земји дека можат да се интересираат за јавниот и политичкиот живот во градот и земјата во која сега живеат, со што можат да го подобрат животот на луѓето. Ова е и смислата на моето ангажирање во Париз“, вели за Дојче веле, Кристоф Најдовски.

Во политиката, која не е негова професија, како што вели, влегол „преку екологијата“, сакајќи да биде „актер, а не гледач“.
„Тоа се совпаѓа со убедувањата и идеите за изнаоѓање на модел за развој, со оглед дека имаме само една планета, односно да не се растураат бесконечно природните ресурси преку еден модел, кој ќе ја зачува природната средина и човекот со неговиот кавилетет на животот“.
Еколошките движења и партии имаа големо влијание во политиката за уредувањето и развојот на Париз во последниве дваесет години. Нивната акција дојде посебно до израз во транспортот и враќањето на трамвајот, операцијајата „Париз-Плажа“ покрај Сена или пак создавањето на зелени простори и места во детските градинки, што веќе пет години е во директна надлежност на Најдовски.
Но дали може да се направи паралела меѓу еколошката свест во Франција и Македонија, Кристоф Најдовски вели дека двете земји имаат различно минато и ниво на развој.
„Денес тоа што го гледам е дека урбаните политики кои се водат во Македонија, на пример во Скопје, наликуваат многу на политиките кои се водеа пред дваесет или триесет години во Париз за подобрување на автомобилскиот сообраќај. Од пред 12 години во Париз ние избравме намалување на автомобилскиот сообраќај и развој на јавниот превоз и велосипедот.“

Кристоф Најдовски има тесни контакти со пријателите од македонската политичка партија ДОМ, која има статус на набљудувач во Европската партија на Зелените. Правејќи паралела меѓу еколошките движења и партии, тој констатира дека најголемиот број од случаите, партиите на Зелените во Европа се во коалиција со социјал-демократите, во Македонија тие се со конзервативците.
„Јас ги посетив моите пријатели од ДОМ минатата година во Скопје, а имав можност да разговарам со нив и во Париз на состанокот на Европската партија на Зелените. Се обидуваме да пренесеме дел од нашите искуства, јас посебно од моите искуства како избран во градот Париз, со совети за развој на еколошката свест на граѓаните.“
Кристоф Најдовски притоа нагласува дека Зелените на европско ниво од секогаш ја поддржувале европската интеграција на Македонија и посебно правото таа да го употребува своето уставно име – Република Македонија и дека граѓаните имаат право да се викаат Македонци, бидејќи тие се Македонци.
„Жалам што Македонија нема напреднато повеќе во евроинтеграцијата. Но скоро десет години сме блокирани поради прашањето за името со Грција. Мислам дека има недостиг на храброст од извесни европски елити по ова прашање. Колку што знам има еден регион кој се вика Луксембург во Белгија и една држава со истото име. Тоа не му создава проблем на никого. Затоа не гледам зошто би имало проблеми ако има еден регион кој во Грција се вика Македонија, и една држава до неа која се вика Република Македонија.“
Најдовски притоа забележува дека општо земено во Франција постои глобално непознавање не само на Македонија, туку воопшто и на Балканот.Кандидатот на Зелените во Париз не знае дали има „македонско лоби“ во Париз, ако го има тоа не носи плодови. Тој не ја знае ниту „реалната волја на македонската влада за да чекори кон ЕУ во последниве месеци.“ Најдовски притоа за ДВ открива дека досега никој не го контактирал од страна на Македонија да лобира во нејзина полза во Франција.
„Јас се обидувам да ги сензибилизарам политичарите и луѓето со кои се среќавам со ситуацијата на блoкада во која се наоѓа Македонија. Ситуација која е необична и која не би требало да ја има во Европа.“
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 12:18 ---
http://libertas.mk/дојче-веле-за-градоначалник-на-париз-к/
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
НАШАТА НАРОДНА МУЗИKА ИНСПИРАТИВНА ЗА СВЕТОТ

МУЗИЧАР СО „ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“ ЈА ОСВОЈУВА АМЕРИКА



Музиката не разбира граници, јазични бариери, таа функционира на повисоко ниво, кое тешко може да се објасни. Kако би реагирале да слушнете Американец роден во Нортемптон, Масачусетс, во зимска идила во Градината на боговите во Kолорадо да ја изведува вечната „Зајди, зајди“? Со мали грешки во изговорот, но одлична изведба дарува љубителот на светската музика, мултиталентираниот музичар, кој свири повеќе жичени инструменти. За него велат дека е најдобриот изведувач на балади на сите времиња.

Меѓу најомилените песни

Ериксен признава дека токму „Зајди, зајди“ му е една од омилените песни што сака да ги слуша дома.

- Посебно сакам да ја слушам навечер и покрај фактот дека зборовите се прилично тешки. Се извинувам за лошиот изговор на некои од зборовите, на пример, никако не научив да викам сонце, ами санце - вели Ериксен.

Љубовта кон балканската музика, воопшто, му ја всадила сопругата, Босанката Мирјана Лаушевиќ, што ја сретнал на Факултетот за етномузикологија на универзитетот „Веслијан“ во Мидлтаун, Kонектикат. Со Лаушевиќ имале две деца, а таа починала во 2007 година од ретка болест. Токму со Миња ја формирале музичката група „Жабе и бабе“, со која настапувале во целиот свет, а една од идеите им била да ја доближат балканската музика до Американците.

- Ги сакам и народната и урбаната музика од поранешна Југославија - блех-оркестрите, новокомонираната музика, традиционалното пеење, рокот - има толку многу убава музика во тој регион - вели Ериксен во интервју.

Интересно е што во 1997 година „Жабе и бабе“ го снимиле албумот „Друмови“ заедно со македонскиот оркестар „Теодосиевски“. Светски медиуми немаат доволно пофални зборови за комбинацијата на изведувачи, а делат комплименти и за ромскиот оркестар.

Ериксен е визитинг-професор на неколку универзитети. Во помлади години бил лидер на бендот „Kорделијас дед“, кој настапувал и на концерти со „Нирвана“. Групата комбинирала стара музика и панк-рок влијанија создавајќи оригинален звук. Предавал и во Полска и во Чешка. Ериксен е колекционер на разновидни народни песни и водел големо истражување за традиционалната југословенска музика. Објавил седум соло-албуми.

Kонсултант на музиката за филмот „ Студенгора“

На прашењето како тоа еден панкер завршил како универзитетски професор, тој вели:

- Јас сум, всушност, покорисен како студент отколку како професор. Многу се интересирам за музиката и не само за тоа како звучи. Секогаш сакам да научам повеќе и сакам да им помагам на другите луѓе да го задоволат љубопитството или дури и да станат љубопитни. Некои работи што ги верував во панк-сцената денес ми се смешни. Но, има други што с` уште ги верувам и сметам дека предавањето е добар начин за да се продолжат некои од тие вредности - да се предизвикувам себеси, а и студентите да мислиме подлабоко за светот, да се научиме подобро да слушаме - вели Ериксен.

Едно од поголемите достигнувања во кариерата му е учеството во филмот „Студенгора“ на режисерот Ентони Мингела како консултант за музиката на наградуваниот саундтрак.

Посебна љубов има и кон индијанската музика.

- Се вљубив во јужноиндијанската музика кога имав 16, но одбивав да ја проучувам зашто многу ме асоцираше на хипиците, а јас бев панкер. Но, ја изучував вината (седумжичен инструмент) во 1984 година и добив диплома за јужноиндијанска музика и оттогаш ја свирам - вели Ериксен.
http://dnevnik.mk/?ItemID=85AA34C1D6AE324EAC50ED201FE2616C
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92914114384&id=9&prilog=0&setIzdanie=23285
Македонец меѓу повлијателните научници во ЦЕРН

ДООБУКА ЗА НАШИ НАУЧНИЦИ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Со директна помош на професорот Димчовски во ЦЕРН на специјализација дошле голем број млади македонски научници.
- Од 1970 година до денес голем број студенти, техничари, наставници, истражувачи, политичари од Македонија дојдоа во научна посета на ЦЕРН. Најмногу гости од татковината имав летото 1973 година, кога дојдоа три автобуси со околу 150 студенти и професори од Електротехничкиот факултет од Скопје. Од 2009 г. секое лето во летната школа на ЦЕРН, каде што се селектирани најдобрите 300 студенти од техничките факултети во светот, има и по 2, 3, па дури и по пет студенти од македонските универзитети, најчесто од битолскиот, скопскиот, тетовскиот и од штипскиот. На мое големо задоволство им обезбедувам прием на група и правење експеримент, па до неговата реализација тие минуваат по два месеци во центарот, на сметка на ЦЕРН. Ова лето, покрај двајца одлични студенти по техника од Битола и од Штип, и студентка по психологија, Маја од Маџари, помина еден месец во администрацијата на ЦЕРН, каде што беше пофалена за својот ангажман. Пред три години ја поканив Ангела Глигорова, млада физичарка од ПМФ-Скопје, да работи на својата докторска дисертација од областа на антиматеријата, која ќе ја брани за неколку недели во Берген, Норвешка. Сега тука е еден извонредно талентиран машински техничар од Скопје, Аце Орданов, кој ја привршува тригодишната работа во експерименталната зона за антиматеријата и за електромагнетните уреди за прецизна контрола на гасните смеси за детекторите. Има и неколку други научници со македонско потекло, кои доаѓаат во контингентот на земји-членки. За жал, Македонија сѐ уште не е земја-членка, иако во 2009 г. беше прифатена мојата иницијатива за соработка меѓу ЦЕРН и РМ и оттогаш таа се интензивираше - посочи професорот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom