У основно еднаш стоев на прозор од втор спрат од школото и у тој момент влезе наставничката и ме фати на дело, добив едно 2 добри рафални шамари, нит останав истрауматизиран и пореметен нит ништо. После тоа ми текна дека сум можел да загинам.
Еднаш исто влагавме преку прозор у училна пошто чистачките не пуштаа до одреден саат за влез у школо, мене и уште еден другар на дело не фати таа една караконџула што предаваше ОТП, после на часот така добро не понижи пред цел клас, ни се газеа од смеење сите. Без да не удри без ништо, не галаше. Озбилно, ме гали по глава и ме понижува пред сите.
Не дека од тие моменти магично престанав да стојам на прозори или да влагам низ истите ама некогаш е полесно така брзински да те воспита отколку да те седне и да те замара со зборење. 15 минути да ме гњави дека може да паднам и да загинам или 15 минути да ми збори дека не е културно да се прекачувам преку прозор.
У средно класниот млатеше како луд. Панче од фискултурно кој има слушнато за него.
Мене ми беше смешен иако дрмаше како Хулк. За твое добро. Не мавал шамари или боксови, може чакмак у глава, заушка, со клучеви у грб да те спука, да те раскубе за коса, да те поткопа за коса кај делот од слепоочницата, увото да ти го зголеми од тегнење и слично. Многу пати иам зборено за него, да не беше он голем дел од класот немаше ни да завршиме, голем дел и општо од сите ученици у фискултурно низ годините.
Он сееше физички страв.
Вака генерално гледано не е убаво да се тепаат деца па што и да направиле на часот, и ја не би сакал да видам видео каде рандом лик ми го шамара детето па што и да направило ова.
Ама ги оправдувам и професорите у денешно време, тоа копиљаците се преразгалени и нит поштуваат авторитет, нит постар човек, нит професор, нит човек со функција, буквално ништо не поштуваат. Како професорот да стекне авторитет и почитување кога самите родители немаат авторитет над своите деца. Верувајте дека ова е така и зема се поголем замав. Тој не го поштува татко му дома, па сакаш да поштува некој рандомец да му збори за планински венец у Норвешка или за дропки.
Полесно е телефонот у рака, тик ток, инстаграм, чет, хихихи хахаха.
Не дека ќутек е решение, само ќе си створи проблем професорот, сеа ќе има тужби, суспензии, бркање од работа, ќе биде изложен на ѕидот на срамот и слично со што само ќе му ја зголеми моќта на ученикот. Сеа моќта можеби малце е тежок збор ама ова ќе го повтори и на следниот професор, јас ќе праам што сакам на часот ти не смееш да ме пипнеш пошто ќе леташ од работа.
Глеам горе некој спомнал дека не смеат да бркаат од час. Можда најпаметно би било камери у училниците па на крај професорот да има оправдување зашто го избркал ученикот од час.
Или па, место да го тепаш, изнеси го на табла и понижи го пред цел клас да му се смеат за што и да напраил.
Ама па и така може да го јаде професорот, психичка тортура, едно друго.
Не дека слепо застанувам на страната на професорот, нормално дека и они не се светци, јасно е дека и они како и секој човек си имаат свои проблеми, нервози, у денешно време не е лесно да идеш на работа со чисти мисли ама и тоа не е оправдување да се иживљаваш врз деца или било кој што не ти е директно крив за твојот проблем.
Иако тука повеќе мислам дека детето е повеќе криво ама има и професори што за ситници може да се истурат безпотребно.