Насилство од наставник врз ученик

Член од
13 април 2021
Мислења
3.121
Поени од реакции
10.458
Знаете што било поразлично тогаш од сега? Немало телефони. Можеби ви звучи банално, ама како едно детенце, во случајот на 13 години да докаже дека било натепано и измалтретирано од наставникот на училиште? До пред некоја година, беше забрането и користењето телефони на час. Предноста на овие деца сега е технологијата. Со самото тоа што се документира, се пласира во јавноста, доаѓа во допир со голема маса, па постојат и мал број разумни луѓе кои ќе го класифицираат како погрешен начин на воспитување и колку толку се работи на подигање на свеста на народот (освен на овие сите кои биле ученици на социјализмот). И не е само за образованието, за сите сфери од општеството.

Друго, ако истиот овој професор кога бил дете бил така воспитуван од својот професор, тогаш не е ни чудно зошто такви мерки применува. Не е дека и јас не фатив дел од социјалистичкиот начин на учителствување. Јас кога бев ученик, наставничка по географија, маваше со креда по учениците, доколку не внимаваат на час. И тоа беше океј се додека не го погоди еден ученик во левото око, па цела недела си носеше оток и црвенило. Наставникот по математика, беше прилично нервозен човек и често пати знаеше онака, буквално што се вика да те тресне од таблата додека си излезен да одговараш. Или еднаш се сеќавам, заради тоа што едно девојче пишуваше на табла нерамномерно, се изнервира, ја удри по раката и ја нарече гуска. Кога биле моите родители ученици, било уште построго. Општо познато е дека не било дозволено да се пишува со лева рака, па заради тоа ги тепале децата. Исто така, неретко учениците клечеле со голи колена на камења во аголот на училницата. И кажете ми сега, дали вие сметате дека таквото воспитание е океј за развојот на детето?

Јас сфаќам дека постојат навистина проблематични и невоспитани деца, снегулки чии што родители ги научиле сè да добиваат на дланка, да ургираат за петки без да го загреат столчето....ама тука единствениот виновник е родителот кој што не му ги дал основите на домашно воспитување на своето дете. Сè почнува од дома!
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.256
Поени од реакции
27.663
Можеби ви звучи банално, ама како едно детенце, во случајот на 13 години да докаже дека било натепано и измалтретирано од наставникот на училиште?
Tuuu, 20 deca u paralelka, plus modrici.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.121
Поени од реакции
10.458
Па да знаете какви се психовци предаваат, не би се чуделе. Во школите кај нас предаваат и ни ги ,,воспитуваат,, децата луѓе што во супермаркет не би ги примиле да работат.
Затоа што за да се вработиш некаде ти треба партиска книшка. Квалификациите за просветни работници се сведени на минимум.
Не сакам да навредувам (секако постојат исклучоци и ќеф ми е да разговарам со оние кои навистина ја заслужуваат титулата професор, учител, наставник!), ама општо познато е дека најслабите ученици во државата идат педагошки факултет и дека критериумите за запишување на тие факултети се речиси непостоечки. Па дополнително, во модерново време, фактот дека без факултет си никој и ништо. И еве какви реперкусии има тоа по иднината на децата.
Автоматски споено мислење:

Tuuu, 20 deca u paralelka, plus modrici.
Да и 20 возрасни луѓе што стојат позади учителот. Така иде тоа, зборот на колегата сигурно ќе биде поверодостоен од зборот на ученикот (освен ако мама и тато не се некој фактор во државата).
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.256
Поени од реакции
27.663
Да и 20 возрасни луѓе што стојат позади учителот. Така иде тоа, зборот на колегата сигурно ќе биде поверодостоен од зборот на ученикот (освен ако мама и тато не се некој фактор во државата).
Znaci, se slucilo, se rasculo od klas na klas, decata site kazuvaat na roditelite, se svikuva roditelska i se sankcionira nastavnikot, paricno najcesto.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.837
Значи според вас ОК е некој да трауматизира дете поради тоа што истото се понашало како дете, а истото го оправдувате поради тоа што пред неколку децении кога сте биле деца се нашол некој дебил кој вас ви лупал шамари поради тоа што сте се понашале како деца, КОГА СТЕ БИЛЕ ДЕЦА.

ДОБАР професор е оној кој што ќе го заинтересира ученикот за предметот, оној кој што ќе му го пренесе знаењето, оној кој што ќе го дисциплинира и формира во личност без воопшто да повиши тон, а доколку има проблеми со ученикот, или ќе најде компромис со ученикот, или пак ќе му ги повика родителите и ќе тражат решение заедно. Ако не си способен да го направиш тоа како професор, тогаш едноставно не ни треба да ја работаш таа работа, затоа што покрај што школото е образовна институција, таа е и воспитна, ама не воспитна со шамари и трауматизирање на деца.

Не ми се навлага сега у моабети у каков клас сум учел у основно, ама само ќе ви кажам дека и најбезобразен ученик ќе има поштовање спрема добар професор, не секое дете на шамари и повишување на тон реагира плашливо.

И за крај, АВТОРИТЕТ и ПОШТОВАЊЕ се заслужува, а не се добива автоматски само поради тоа што некој работа одредена работа.
Тоа истото дете треба да биде научено каде треба да биде дете а каде да почитува институции и индивидуи. Кога дома не го воспитале нормално некој друг ќе го воспитува на друг начин, денес даскалот утре на улица некој поаазган деца како што вика @jamajka.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.121
Поени од реакции
10.458
Znaci, se slucilo, se rasculo od klas na klas, decata site kazuvaat na roditelite, se svikuva roditelska i se sankcionira nastavnikot, paricno najcesto.
Не Дарлинг, тоа не е правилен начин на воспитување деца и не може да седиме со вкрстени раце и да чекаме некое дете вака јавно да биде измалтретирано, омаловажено и понижено од страна на наставникот, за да после истиот тој наставник биде сакциониран.
Треба да се работи на тоа да се превенира и целосно да се искоренат ваквите мерки, за да не биде предоцна. Кревкоста на детето, спрема агресијата и фрустрациите на возрасен човек од 1.70 цм и 80кг, може да заврши фатално.

Шамарот што си го пишала погоре и што го оправдуваш, слободно користи си го за воспитување на твоите деца, ако сметаш дека е добро тоа за воспитувањето. Ама ако ти како родител не успееш да воспоставиш авторитет кон твоето дете со разговор, нема да воспоставиш ни со тепање. Скроз контрапродуктивно може да ти биде.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.940
Поени од реакции
17.684
Ае се собраа олд скул гардите да серат по детето. Као они коа биле вака, сеа се вакви и такви. Прво и најважно од се вашето дете да е снимано вака се знае како ќе реагирате. Знам јас какви се денешните деца и дека лекот понекогаш не е само зборувањето ама ова не е воспитен шамар или удирање по глава или пак некоја релација овој е постар па го удира дека е помал, ова на видеото е малтретирање и ништо повеќе. Ама нели мора секогаш да се има некакви поделби, немој случајно некогаш да се даде некој добар збор за денешните геннерации, да се пофалат за нешто, терај си уште од времето со два канала и немање на никаков баланс и реално гледање на работите, се е црно бело и готово. Лани или пред короната некаде беше, во Штип протестираат деца од Радовиш што учат во двете средни училишта тука за да имаат порано превоз и нормално како и секогаш децата имаат најмногу муда, немаат партиска работа како нивните дома и си скандираат од срце и душа. Наместо да најдат разбирање и поддршка во комемтари добиваат вакви отепани коментари као они оделе пешки не знам колку, како овие денеска се мочковци. Генерација која дозволила транзција, 2001, Грујо и Бранко и сега Заев и не може баш да се фали за тоа дека имала муда или била нешто повеќе од денешните "мочковци". Нормално сега и јас ја правам вашата "грешка" и ве удирам по вашите лоши страни како што сте направиле и вие претходно и ги занемарувам добрите страни на таа генерација, јбг како млад човек ми се сере од таквите ваши мислења.

За темава уште нешто имам да додадам од личен план, основно у Џинот, наставник по информатика Џони Деп(велешани ќе го знаат, сега веќе починат) алкос и наркоман, стил Мирко Попов. На час предавање ништо играње кур со девојчињата и удирање на машките, нормално 90% од децата ставови на родителите, главата и сабјата, покриен газ не се плука, за идеале гину будале и тие фрази од кои еве каде сме си ќутеле со генерации, нели така растат децата. Идење еднаш на пола час направен лом, цели 5 минути отклучува врата за да влеземе, ни две минути не поминаа се пушта на две девојчиња од 12 години да ги фаќа за врат и да ги мириса, да не истрчавме да викнеме други машки професори можеше кур да си игра со нив, не сакам да грешам душа што би било човекот е починат сега. После поради статусот демек го бркаат за пак да го вратат и пак иста песна ама сега нормално да имавме телефони тогаш нашите челични мажишта од ЈНА генерација ќе речеа, е така де што 12 години нека почне да осети веќе маж пополека. Двојни стнарди да ве ебам, од тоа изгубивте се и младина и држава
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.256
Поени од реакции
27.663
Не Дарлинг, тоа не е правилен начин на воспитување деца и не може да седиме со вкрстени раце и да чекаме некое дете вака јавно да биде измалтретирано, омаловажено и понижено од страна на наставникот, за да после истиот тој наставник биде сакциониран.
Треба да се работи на тоа да се превенира и целосно да се искоренат ваквите мерки, за да не биде предоцна. Кревкоста на детето, спрема агресијата и фрустрациите на возрасен човек од 1.70 цм и 80кг, може да заврши фатално.

Шамарот што си го пишала погоре и што го оправдуваш, слободно користи си го за воспитување на твоите деца, ако сметаш дека е добро тоа за воспитувањето. Ама ако ти како родител не успееш да воспоставиш авторитет кон твоето дете со разговор, нема да воспоставиш ни со тепање. Скроз контрапродуктивно може да ти биде.
Ok, ja mislam kako pravilen nacin da im gi ostavime mobilnite i neka gledaat tiktok samo da ne praat galama.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
Знаете што било поразлично тогаш од сега? Немало телефони. Можеби ви звучи банално, ама како едно детенце, во случајот на 13 години да докаже дека било натепано и измалтретирано од наставникот на училиште? До пред некоја година, беше забрането и користењето телефони на час. Предноста на овие деца сега е технологијата. Со самото тоа што се документира, се пласира во јавноста, доаѓа во допир со голема маса, па постојат и мал број разумни луѓе кои ќе го класифицираат како погрешен начин на воспитување и колку толку се работи на подигање на свеста на народот (освен на овие сите кои биле ученици на социјализмот). И не е само за образованието, за сите сфери од општеството.

Друго, ако истиот овој професор кога бил дете бил така воспитуван од својот професор, тогаш не е ни чудно зошто такви мерки применува. Не е дека и јас не фатив дел од социјалистичкиот начин на учителствување. Јас кога бев ученик, наставничка по географија, маваше со креда по учениците, доколку не внимаваат на час. И тоа беше океј се додека не го погоди еден ученик во левото око, па цела недела си носеше оток и црвенило. Наставникот по математика, беше прилично нервозен човек и често пати знаеше онака, буквално што се вика да те тресне од таблата додека си излезен да одговараш. Или еднаш се сеќавам, заради тоа што едно девојче пишуваше на табла нерамномерно, се изнервира, ја удри по раката и ја нарече гуска. Кога биле моите родители ученици, било уште построго. Општо познато е дека не било дозволено да се пишува со лева рака, па заради тоа ги тепале децата. Исто така, неретко учениците клечеле со голи колена на камења во аголот на училницата. И кажете ми сега, дали вие сметате дека таквото воспитание е океј за развојот на детето?

Јас сфаќам дека постојат навистина проблематични и невоспитани деца, снегулки чии што родители ги научиле сè да добиваат на дланка, да ургираат за петки без да го загреат столчето....ама тука единствениот виновник е родителот кој што не му ги дал основите на домашно воспитување на своето дете. Сè почнува од дома!
Нема врска, и тогаш можеше да се докаже дека е некој тепан. Ни се познаваа рабаници од прстите на фаца, па никому ништо, плус цел клас гледал како те тепаат.
Се случуваше наставникот и ќотек да му удри на детето, и да му каже следниот ден да дојде со родител на дополнително пеење :D

Едноставно и нашите родители беа воспитувани така, и се знаеше дека авторитет мора да се почитува, т.е домашните ги почитуваа учителите, па мораше и детето.
Кога ги слушам сега возрасните како зборуваат за наставниот кадар ми се гади. Епа не очекувај дека дете ќе има почит кон нив, и ќе ги гледа како авторитет ако возрасните не им удираат рецка.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.940
Поени од реакции
17.684
Ok, ja mislam kako pravilen nacin da im gi ostavime mobilnite i neka gledaat tiktok samo da ne praat galama.
Па вие гледате тик ток бе Дарлинг, вие ги уништувате децата уште пред малку нешто да стават во главите.

Вие се мисли на народните маси не на тебе лично, не те поштувам до толку :D

Го знаеше ти Џони(Александар) информатика што предаваше у Џинот?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.256
Поени од реакции
27.663
Па вие гледате тик ток бе Дарлинг, вие ги уништувате децата уште пред малку нешто да стават во главите.

Вие се мисли на народните маси не на тебе лично, не те поштувам до толку :D

Го знаеше ти Џони(Александар) информатика што предаваше у Џинот?
Djoni go castis edno kafe i se ti e opravdano.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.256
Поени од реакции
27.663
Ех сеа, во недостаток на аргументи почнуваш да релативизираш, како и обично.
Zosto da ne, tie deca se naviknati na takva disciplina od svoite majki i tatkovci pa sega koga se soocuvaat so nekoj postar kulturen shok im e i traumaticno. Mozebi treba i postarite istoto da go pravat, samo na mamichka deteto da ne mi se traumatizira. Novi generacii, novi metodi.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.121
Поени од реакции
10.458
Нема врска, и тогаш можеше да се докаже дека е некој тепан. Ни се познаваа рабаници од прстите на фаца, па никому ништо, плус цел клас гледал како те тепаат.
Се случуваше наставникот и ќотек да му удри на детето, и да му каже следниот ден да дојде со родител на дополнително пеење :D

Едноставно и нашите родители беа воспитувани така, и се знаеше дека авторитет мора да се почитува, т.е домашните ги почитуваа учителите, па мораше и детето.
Кога ги слушам сега возрасните како зборуваат за наставниот кадар ми се гади. Епа не очекувај дека дете ќе има почит кон нив, и ќе ги гледа како авторитет ако возрасните не им удираат рецка.
Тоа и го спомнав погоре. Немам друго логично објаснување за поддршка и промовирање на насилство како воспитна мерка, освен ако како мал не си бил задоен со тоа дека е правилен начин на воспитување и дека едноставно така треба и така мора и нема друг начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom