Страшно е ова што се дешава, и секогаш подебелиот крај го вадат Македонците пошо сме поцивилизирани. Но сепак, детски работи се тоа (не убиството, туку сите тие расправии и рчкања). Јас мислев дека пројде тоа време, ама уште го имало. Од Аеродром сум, никогаш не сум имал никаков посериозен конфликт со деца од Аеродром или од други населби. Никогаш не сум бил бркан од група за да ми удрат рекет или за да ме расчукаат пошо сакаат да им се дешава нешто. Зависи и од опкружувањето, и од стилот на облакање и однесување. Еве, се почесто ги гледам децата од Ново Лисиче, и од другите аеродромски маала, сите се у истиот фазон, максици, тренерки, шушкавец и педерка. 80% од децата фураат таков стил, седат по групи, шетаат питови, возат веспи на нивни 15-17 години и се рчкаат со други. Таков им е стилот, фураат нешто дека се "мафија ради, док полиција спава" и мислат дека се семоќни. Се тепаат за женска, се курчат на фб, и кога некој ваков неандерталец ќе дојде, одма вади нож и убива. Ама законот за нив не важи па затоа им се може. Не сум излегувал многу од населба, ама кога и да сум искочил низ град сум немал проблем никаков ни со албанци, ни со центарци, карпошани и слично. Не сум фемили, сум за МЗТ (фан да, навијач и да се тепам не). Ме имаат прашувано од кај сум, и не ми се ставале да ме лупаат или да ме рекетираат. Во Аеродром многу души познавам и ме познаваат, и не сум имал никаква тепачка со никој од другите маала. Зависи и од самите луѓе. Искрено само ми е жал за сите Македонци што живеат во мешаните населби, и не се уклопени со другите (турци,босанци,албанци). Има и такви што живеат во Чаир, Бутел, Радишани, Ченто па не биле тепани, малтретирани и пљачкани. Си имаат океј однос со сите
Точните причини за овој ужасен чин не знам дали ги знае некој, само верзии има кој како слушнал. Во секој случај групата другари на жртвата требала да спречи било каков поголем конфликт, ако е точно тоа дека бил сам или со уште еден, а тие биле десетина.