Народна Банка

Член од
20 декември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
4
Барав ваква тема ама не можев да најдам ако има избришете ја слободно. Деновиве гледам некои огласи за народна банка, па ме интересира дали знаете некој кој рбаоти таму, како се со плати, како е работата, работното време итн. поздрав
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имаш ли 10.00 просек?
И имаш ли вујко владика?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тогаш еден услов исполнуваш, гледај и вториот да го имаш. Работно време ти е како државна институција, под 24 000 не земаат и има доста работа особено под притисок бидејќи се е со рокови.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Партиски врски, комшивка моја на штул уште не дипломирана се вработи у НБ. Просек сигурно никаков. Имај каков сакаш просек џабе ти е.

Инаку 10.0 импресивно, кај заврши? Фон, штул, штипски?
 
Член од
20 декември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
4
Мене ми рекоа дека почетна плата е 34000, дали е можно?
--- надополнето: 20 декември 2011 во 12:23 ---
марио не знам зошто мислиш дека сум завршила на фон, штул или штипски .... не сите играат спортска по цел ден
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако си на Економски Скопје и 10.00 ме чуди како не те известиле со писмо додека си била пред крај за понуда за вработување. Тоа им е принципот, сами си ги бираат вработените, а остатокот ти е со врски.
 
I

Iblis

Гостин
Пријави се, ако веќе имаш 10.0, а и можеш да најдеш да те поттурнат, оти да не.
За платата секако е над државниот просек, така да не ќе имаш проблеми од финансиски аспект.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Не знам зошто воопшто се прашува за влез во народна банка.. а се отвори шанса, по default треба да конкурираш.
Иначе, тешко се влага. Под 9 просек не треба ни да се пробува... Многу битно е да ги импресионираш на интервјуто.
Работата е стандард 07:30-08:00 клизно до 16:00. Почетна плата ~30k. Не знам госпожа леандра од кај има информација за рокови, јас таква информација неам.
Има доста работа со странки ако си по економската струка. Нема притисоци на работа...

А да и за малце ќе заборавев,
врски > се останато

Не зборам нишо на памет, имам 2 членки од пошироката фамилија што работат таму.
 
Член од
20 декември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
4
Фала многу за информацијата ќе аплицирам па ќе видиме дали ќе биде нешто ;)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Имаш ли 10.00 просек?
И имаш ли вујко владика?
-Еј... Македонијо како си тргнала не стигаш далеку
па во која Европа покрај 10.00 се бара и овој услов В.... В.......
па еве детево е да речеме на некој рудар од Тораница,
или на некој земјоделец од Башино село плус тоа со мала
ама поштена фамилија, во која нема сегашни функционери
или други општествени лингури и дрпачи ниту директори.
А детево учело ова или некое друго и завршило-дипломирало
со 10.00 ама од вујковци и владики и дебелошијовци неможе
да се запосли, има и такви што по 7-8 години чекаат работа
иако се со уверение од УКИМ како најдобар студент. А на
такви места по конкурси се запослуваат никакви ама нечии
и затоа ни е ваква состојбата каква што ни е- за никаде.
-Еј...Македонијо како си тргнала не стигаш далеку.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Мене ми рекоа дека почетна плата е 34000, дали е можно?
--- надополнето: 20 декември 2011 во 12:23 ---
марио не знам зошто мислиш дека сум завршила на фон, штул или штипски .... не сите играат спортска по цел ден
Почетна плата е 34.000 и секој месец ти ја зголемуваат за 5.000 :) Се зезам и јас имам слушнато дека за во НБРМ треба добар просек (мене ми имаат кажано над 8,7)+ јаки врски, почетната плата сигурно не е под 24.000 денари.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
84
Поени од реакции
12
Ако си на Економски Скопје и 10.00 ме чуди како не те известиле со писмо додека си била пред крај за понуда за вработување. Тоа им е принципот, сами си ги бираат вработените, а остатокот ти е со врски.
Имам време до вработување, прилично, но ме заинтригира постот.... Дали е вистина ова дека пред крај на студирање со просек 10 на Еkономски им се нуди вработување? Јас имам просек 9,9 до сега, ученик на генерација во средно(партиски НЕОПРЕДЕЛЕНА), поради X Причини во моментов ме има фатено некоја негативна енергија, дека џабе учам и се трудам и тако даље, но ова ако е вистина би ми било добар стимул да продолжам и понатаму со тој успех додека не сум оплескала... Фала однапред :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имам време до вработување, прилично, но ме заинтригира постот.... Дали е вистина ова дека пред крај на студирање со просек 10 на Еkономски им се нуди вработување? Јас имам просек 9,9 до сега, ученик на генерација во средно(партиски НЕОПРЕДЕЛЕНА), поради X Причини во моментов ме има фатено некоја негативна енергија, дека џабе учам и се трудам и тако даље, но ова ако е вистина би ми било добар стимул да продолжам и понатаму со тој успех додека не сум оплескала... Фала однапред :)
Додека студирав јас и после мене генерации истата практика беше од НБРМ, плус имаше и други големи фирми кој на тој начин ги земаа најдобрите студенти од Економски факултет.
Само напред девојче 9,9 е просек за поклонување.:cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom