Напојувања

Член од
30 јули 2010
Мислења
157
Поени од реакции
40
MasteR_#0 напиша:
Ја отварам темава бидејќи имам забележано дека мн. посетители на подфорумот имаат проблеми поради шкарт напојувања, и за да се спречат сите тролања на подфорумов за напојувања во несоодвенти теми.

Ај да почнеме.

Напајањето е најважната компонента во системот, влече струја од штек и му дава струја на ПЦто да работи. Ќе го сретнете и како PSU (Power Supply Unit), така да не немојте да се збуните кога ќе чачкате по некој странски форум, бидејќи најчесто така ги викаат скратено. Е сега, зошто е најважна компонента во системот??

Бидејќи главно од него зависи стабилноста на компјутерот. Пошто нашава мрежа е бајаги нестабилна, а поготово во лето, ако имате јак ПЦ со клокнат/силен процесор и јака графичка мн. е важно да имате квалитетно напојување да ги издржи сите тие бранувања и оптоварувања во мрежата.

Напојувањата главно се делат според излезната моќ. Таа варира, па според тоа се подлени на повеќе групи:

-За лоу енд машини од 300 до 500вати
-За гејмерски машини, од 550 до 850-900 вати
-За ентузијасти, од 900 па до 1500 вати
-И за сервери и за екстремни конфигурации, 2kW

Е сега, секое напојување има процент на ефикастност. На пр. на едно ПЦ му требаат 200 вати, напајањето ќе даде 280W (значи 80W фрлени у ветер), додека некое поквалитено ќе му даде приближно исто, 210/220 вати (20 вати изгубени). Значи 2рото напојување ќе биде 50-60% повеќе ефикасно, а и со самото тоа се штеди повеќе. Ете тоа покажуваат оние ознаки "80 plus efficiency rating" кај некои напојувања, што значи дека се губи само 10-15% струја кај нив, додека некои се само 65% ефикасни.

Кога гледате цени на напајања, не се залажувајте со ефтини од 15-20 евра. Овие кинески напајања во себе имаат ефтини и шкарт кондензатори и други делови, коишто нема да можат да издржат голем терет.

Пример:
Спомнав јак ПЦ. Кога купувате мн. е важно да внимавате на напојувањето. Ако купувате некоја хај енд машина со и7 процесор и GTX 570 (пример) и се залажете кога ќе видите убаво на изглед Делукс напојување од 800W со примамлива цена од 20 евра, одма ќе се попалите и ќе го земете, нели пошто е 800ватно, за 20 евра, а Кулер Мастер Сајлент Про од 650вати е 110 евра. (Хм, зошто да давам 90 евра појше за послабо напојување, нели??) Епа кога се фино лепо дома ќе си приклучите и ќе го пуштите компјутерот, ќе ви рикне у фаца или ќе ви прај првин пали гаси и ќе се чудите што му е.

И вие тотално ќе се разочарате. Недај боже, може и да ви ја земе скапоцената GTX570 со се себе, па ќе почнете да викате и да се мавате у ѕид заради Делуксот. Затоа, внимателно!!!!

Кај нас, најквалитени напојувања - Spire, Chieftech i CM* (има и мн. други како Corsair, Antec XFX итн. али не ги носат кај нас :()

* Кога купувате CM напојување, никогаш не земајте некое од Екстрим Пауер серијата или од GX серијата. Овие модели се слични на Хантол, Игло, и остали ефтини напојувања. Под 80 евра, само Спајр и Чифтек.

Еве некои совети:

-За конфигурации од 200 до 500 евра, слободно земете Спајр или Чифтек напојување, од моделите од 420W до 550W (цена некаде од 40 до 80 евра)

-За конфигурации од 600 евра па нагоре, само CM Silent Pro/Silent-M или CM Real Power напојувања. (цена од 90 евра па нагоре, докај 200 евра за најскапите од 1000W :))

Значи подобро е да земете послаба графичка отколку да штедите на напојување. Никогаш не штедете на него!!!! Ќе се чудите после зошто во се рестартира или се гаси ПЦто на секои 15-20 минути. Затоа внимателно!!!!

(И во иднина овдека водете дискусија за напојувања, бидејќи можеби 10 пати во месецот се случува во "Графички Карти" да се објаснува за напојување и да се дискутира за нив, а темата секако не е соодветна.)

Ке терат Аti radeon 5670 hd 1gb на 450w напојување ??
Processor Core 2 duo e6750 2.66ghz
2gb ddr2
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
5670 е карта која троши малце енергија, најверојатно нема да имаш проблем. Каква графичка имаше пред тоа?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
На истото напајање, така? ај малце појасен биде направи апгрејд само на графичката или нова машина зема? :)

Ако си го користел истотo според потрошња тука негде се тие 2 карти, така да како што реков нема да имаш проблем најверојатно.
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
157
Поени од реакции
40
Исто напајање, само правам апгрејд од 8500 на 5670 ништо друго немам менато и ако е проблем напајање ке земам ново не е проблем :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Psyside заборави да ти напомене дека ти уствари немаш напајање туку имаш темпирана бомба во системот.
Не се замарам веќе со такви образложувања, бидејќи не вреди. Ќе објаснуваш 2 саата и на крај уште будала ќе те напраат, и ќе викаат дека се презадоволни со нивните лоу енд компоненти! :pos: no thanks!
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569

Еве една интересна случка..

Дома имам 2 десктопи: еден апла слаб, еден ОК. Двата со "никакви" напојувања (од оние што доаѓаат со куќиштето). До пред неколку месеци имав уште еден компјутер со перформанси меѓу овие два, кој имаше CoolerMaster напојување од 50 евра, старо помалце од година дена.. нели, да биде марка. Тој компјутер веќе не е со нас, затоа што при едно невреме летово напојувањето не само што откажа, туку успеа со него да ги земе и матичната и процесорот (еден убав Barton 2600+). Во меѓувреме, другите два компјутери со noname и Delux напојувања, како и кинескиот лаптоп на сестра ми кој последниве година ипол е цело време уклучен во струја (нула батерија) си тераат без никаков проблем, и покрај тоа што во последните неколку години колку што ги имам има снемано струја десетина пати и преживеале барем дупло повеќе невремиња.

И така..
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
878

Тие "CM" од 50 евра се веројатно од GX серијата, а таа не е којзнае што.
Друго, кога откажало CM напојувањето, гром мавнал у зграда или не, комјутерот бил оптоварен или онака само дремел??
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Тие "CM" од 50 евра се веројатно од GX серијата, а таа не е којзнае што.
Друго, кога откажало CM напојувањето, гром мавнал у зграда или не, комјутерот бил оптоварен или онака само дремел??
Компјутерот беше исклучен, никој не работеше на него во моментот. Тој ден само грмеше, нигде во околината не удри гром и не снема струја (само затреперија светлата, нешто што се случува секоја недела барем по еднаш :)).

И да, сфаќам дека ова е само моја приказна и дека не важи за сите напојувања од CoolerMaster. Од друга страна, не важи ни она дека сите евтини напојувања се срање и дека одма ќе цркнат.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Еве една интересна случка..

Дома имам 2 десктопи: еден апла слаб, еден ОК. Двата со "никакви" напојувања (од оние што доаѓаат со куќиштето). До пред неколку месеци имав уште еден компјутер со перформанси меѓу овие два, кој имаше CoolerMaster напојување од 50 евра, старо помалце од година дена.. нели, да биде марка. Тој компјутер веќе не е со нас, затоа што при едно невреме летово напојувањето не само што откажа, туку успеа со него да ги земе и матичната и процесорот (еден убав Barton 2600+). Во меѓувреме, другите два компјутери со noname и Delux напојувања, како и кинескиот лаптоп на сестра ми кој последниве година ипол е цело време уклучен во струја (нула батерија) си тераат без никаков проблем, и покрај тоа што во последните неколку години колку што ги имам има снемано струја десетина пати и преживеале барем дупло повеќе невремиња.

И така..
Да погодам си имал Cooler Mater Extreme Power, така? тиe напојување не се нешто посебно подобри од овие ефтиниве Делукс, Хантол или пак Глаиатек, друго се разбира дека зависи и како ќе ти се погоди но обично напојување од добар бренд како Kулер Mастер е многу подобар избор од овие што ги набројав, зашто? затоа што стабилноста на волтажите на ефтиниве напојувања е ужасна, така што деловите кои што го имаш во компјутер со под постојан стрес и можно е предвремено да ти изгори нешто и да се прашуваш зашто или да го колнеш производителот на брендот на таа компонента. Моментално имам Cooler Maсter Real Power 1000W, на него сум возел GTX295 & i7 @3.8ghz без проблем поминувале и тестови на Фурмарк/ОCCT и секакво оптеретување, сум возел и 2x5870 со истиот процесор на иста херцажа со 0 проблеми.

Сум возел GTX260 SLI & 4870 исто така без проблем...притоа сум ги прател волтажите и можам да ти кажам дека стабилноста беше импресивна! тука е главната разлика, да тоа ќе си работи али си играш со оган не се знае кога ќе испушти душа и со себе ќе го земе цел компјутер! е сега размисли дали ти се исплати да заштедиш 2000 денари или да фрлиш некои си 20000. Згора на тоа напајањата се трајна инвестиција, нив времето не ги јаде како другите компоненти (траат по 6/7 години и јаче) земи си сега асално напојување и истото ќе си го користиш и на идната конфигурација без никаков проблем.
 
M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Еве една интересна случка..

Дома имам 2 десктопи: еден апла слаб, еден ОК. Двата со "никакви" напојувања (од оние што доаѓаат со куќиштето). До пред неколку месеци имав уште еден компјутер со перформанси меѓу овие два, кој имаше CoolerMaster напојување од 50 евра, старо помалце од година дена.. нели, да биде марка. Тој компјутер веќе не е со нас, затоа што при едно невреме летово напојувањето не само што откажа, туку успеа со него да ги земе и матичната и процесорот (еден убав Barton 2600+). Во меѓувреме, другите два компјутери со noname и Delux напојувања, како и кинескиот лаптоп на сестра ми кој последниве година ипол е цело време уклучен во струја (нула батерија) си тераат без никаков проблем, и покрај тоа што во последните неколку години колку што ги имам има снемано струја десетина пати и преживеале барем дупло повеќе невремиња.

И така..
RIP :(

абе нека земи шо сака само хардот да ми го остави здрав и жив - иако нема гаранции кај таквите напојувања (матична процесор ВГА режач итн итн нека си ибат мајката ама податоците нема враќање)

и јас имам такви темпирана бомба напојувања користено (делукс) и само 1 или 2 ми имаат прегорено за овие 6-7 години, изгледа му дошло ама компонентите да чукнам во дрво.... да чукнам 3 пати :icon_lol: се уште на овој свет,добро сега 2 от диск нешто ми ржи изгледа има некоја последица... ама имам и гембирд заштитен кабел ако значи нешто

а тоа ако снема струја му штети на напојувањето????? ако му штети шо мислам дека е логично лекот е УПС само

Тие "CM" од 50 евра се веројатно од GX серијата, а таа не е којзнае што.
Друго, кога откажало CM напојувањето, гром мавнал у зграда или не, комјутерот бил оптоварен или онака само дремел??
значи за ПСУ до 50 евра најдобар избор е Спире или Чифтек така? за кулер мастер само над 100 евра
 
Kajgana Shop

На врв Bottom