Наместо на хуманитарен концерт во Прилеп, пејачите по дома

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Доказ дека естрадата баш и не ни е хумана, со чест на исклучоците, е последниот во низата хуманитарни концерти одржан во саботата, во Прилеп. На настанот на којшто требаше да се соберат средства потребни за лекување на Весна Боцеска, иако најавени не се појавиле повеќе од половината пејачи

Колку е хумана домашната естрада!? Ако одговорот се бара од гостувањата во телевизиските емисии и по изјавите низ пишаните медиуми, тогаш тие се луѓе со големи срца и невидени хуманитарци. За жал, фактичката состојба е поинаква, а повеќето докажуваат дека не научиле оти не треба само да се фалат, туку и да се покажат на дело.

Доказ дека естрадата баш и не ни е хумана, со чест на исклучоците, е последниот во низата хуманитарни концерти одржан во саботата, во Прилеп. На настанот, на кој требаше да се соберат средства потребни за лекување на Весна Боцеска, иако најавени и го потврдиле присуството, на сцената не застанале Ламбе Алабакоски, кој, пак, еден ден подоцна настапи на забавата организирана од битолската ЗОО градина, чие заштитно лице е, Нокаут, Викторија Лоба, Маријан Стојаноски, Иван Раденов и Димитар Андоновски, кој, дознаваме, бил единствениот што испратил некакво објаснување за своето отсуство.
Од оние другите, неоправдано отсутните, единствено Лоба одговори на нашите повици децидно тврдејќи дека никој не ја повикал на концертот.
"Никој не ми се јави. Одам на сите хуманитарни концерти, правам и хумани работи за кои јавноста не знае", револтирана од прашањето ни одговори Лоба, која наводно не била поканета, иако организаторите тврдат поинаку.
И на овој голем настан се покажа хуманоста и нехуманоста, дел од естрадните уметници откажаа во последен момент. Очигледно ништо не научиле од нашиот Тоше. п.с. Ламбе Алабакоски, Маријан Стојаноски, Викторија Лоба, Иван Раденов,...., е статусот кој по концертот Весна, за која всушност и се организираше настанот, го стави на својот Фејсбук профил.
За разлика од нив - Влатко Лозаноски, Дарко Илиевски, Јоце Панов, Ѓоко Таневски..., се дел од оние кои немале проблем да отпатуваат до Прилеп и на дело да ја покажат својата хуманост и да дадат одговор на прашањето - имаме ли хумани ѕвезди или сите се со лажен сјај?!
(Ан.Ѓ.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1970E85BEEB12946BEF93B4842DCE216
 
P

PewDiePie

Гостин
Каква хуманост бе тие само гледаат да добијат на публицитет.


И после толку години можат да му се фатат на Тоше,и во хуманост(вистинска од срце) и во музика и во се.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Да не случајно и стварно не биле повикани ? Можда нивните имиња на картите и постерите биле ставени само за да привлечат внимание на публиката. Не верувам дека салата ќе беше полна како што беше доколку беа најавени само Ѓоко, Јоце, Дарко... Како и да е, никој не треба а и не смее да ги жали тие 100 денари и 2 часа поминати во салата бидејќи според моите инфорации биле собрани околу 5000 евра за помош на Весна. Но доколку биле повикани и не дошле - репутацијата штотуку им се намали...
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Хуманоста умре со Тоше! останаа само празни зборови од другите дека прават хуманитарни концерти ;)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Не ги осудувајте одма пеачите, можеби и организаторот не си ја завршил работата како што треба, не се знае и затоа не треба да донесувате одма одлуки, можда ке погрешите.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Sto im se napnavte ,ednas ako ne otisle ,a 10 pati otisle ne moze da se pamti samo toj 1 pat,mnogu me nervira taa psihologija koga e nekoj dobar ednas loso da napravi, masata toa loso ke go izdvoi i ke kaze deka drugite 10 pati glumel,losiot 100 losi dela da napravi 1 dobro, masata ke kaze de ete i on ne e taka los covek, ima dobro nesto vo nego i ke pocne da gi relativizira losite raboti(nemal sreka vo zivotot ,zivotot go odnel vo toj pravec i dr).
I od koj od vas se ocekuva po default da raboti besplatno ,ocigledno od niv se ocekuva, pa na sekoja humanitarna akcija se ocekuva da prisustvuvaat.A ovie organizatorite nikogas toa ne go pravat humanitarno ,ke dadat nesto malku drugoto vo djeb ,a pejacite neka pejat besplatno
 
С

Само Човек

Гостин
менацерите се виновни, пејачот не одлучува него менаџерот.
--- надополнето: 24 април 2012 во 12:26 ---
многу ретко некој да пее бесплатно , имаат процент
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Познавајќи го организаторот, сигурен сум дека сите биле повикани. Е сега, моја претпоставка, причина поради која не се појавиле можи да биди, пример, овај го исконтактирал менаџерот, менаџерот се согласил, ама во меѓувреме му има излезено тезга, и има отидено на тезга, наместо на концерт.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Познавајќи го организаторот, сигурен сум дека сите биле повикани. Е сега, моја претпоставка, причина поради која не се појавиле можи да биди, пример, овај го исконтактирал менаџерот, менаџерот се согласил, ама во меѓувреме му има излезено тезга, и има отидено на тезга, наместо на концерт.
A koj e organizatorot, nigde ne pisuva vo tekstot
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Уште мислите дека имаме естрада?

Лоба???
Гаџа??
Рибата ???

Ма немој да ме јебеш бре, па потоа ќе се лутеле како никој не им одел на свирки, на кои свирки бе кога една песна вадите на 3 години и таа е плагијат, појма немаат...јас и ваква музика не слушам оти немаме музика ние....подобро англиско ке слушам барем новост секој ден има....Макеоднска естрада не постои... освен Ламбе што го поштовам од пејачите само, незнам ама ми е мн подобар од сите други, другите тиња, можат поублика една гаража максимум да соберат.....
 
B

BrunoFresh

Гостин
Уште мислите дека имаме естрада?

Лоба???
Гаџа??
Рибата ???

Ма немој да ме јебеш бре, па потоа ќе се лутеле како никој не им одел на свирки, на кои свирки бе кога една песна вадите на 3 години и таа е плагијат, појма немаат...јас и ваква музика не слушам оти немаме музика ние....подобро англиско ке слушам барем новост секој ден има....Макеоднска естрада не постои... освен Ламбе што го поштовам од пејачите само, незнам ама ми е мн подобар од сите други, другите тиња, можат поублика една гаража максимум да соберат.....
Aбе на идиотиве околу тебе најде да му кажуваш? Гледаш дека не разбира мисла дека "онака на картите биле клаени имињата" нивни или пак друг муабет дека "менаџерите биле криви". Лоба за еб*нка само да ја викниш да симни порнич од 10.000 евра, ќе појди. За нејзе е тоа хуманитарно затоа што еб*чот немал да ја плати сметката на телефон. Гаџа пак изјавил дека економската криза во Македонија не му претставувала проблем. Абе од кое село е дојден тој па мене ќе ми кажува за економската криза во Македонија. Нормално дека к*ро го заболеа кога има потекло од друг место. А за FISH-от да не прајме муабет, поголем СЕЉАК од него немам видено и нема да видам. Прва работа, да речиме дека сум некој јак пеач во Македонија и пошироко како што беше Тоше Проески (бог да го прости), најпрво нема да сакам да прифатам таква дегенска песна напишана од група прво одделенци. Значи него не му е за тоа што ќе пеј и дали е квалитет за Македонија, него му е дали ќе земи пари од тоа и дали ќе стани попупалерн. Срамота е пеач е оди на евровизија 2 збора незнај англиски да кажи. И тој и заедно со овие очекувате да дојди на ХУМАНИТАРЕН концерт?

п.с. Апел до будалите кои ги читам овде. Во Прилеп се орагнизираја млади почетнички свирачи на секаков инструмент, да ги спојат своите знаења, и заедно да излезат на плоштадот за да и помогнат на Весна. Не ги интересираше дали тие ќе направат слава таму или ќе се покажаш пред прилепските девојчина. Нив ги интересираше нивната другарка Весна и излегоја и го направија тоа многу добро!
Еве ви видео од тој настан, и парите што ги собраа одеа за девојчето колку што добро знам


@Kalap Angel
Значи прво гледај и сам што кажуваш. НЕзнаеш воопшто за каков концерт се работи и тропаш глупости. Како можи некој да ти напиши имиња на карти од пеачи доколку пред тоа имале договори? ЗНачи се работи за живот на девојче. Неможи да се заебава некој кој сето тоа е до пеачите кои немаат врска за тоа и немаат хуман инстикт во нив. Значи тие гледаат дали нив ДОВОЛНО пари ќе му понудат за да одат таму. Се е до менталитеот како што рече Riki_AMG/// погоре дека не постои естрада сеа во Македонија. Нив ги заболе к*рот за девојчето, тие си сакаат пари !!! И друга работа друже, доколку се деси таква работа да бидат испишани имиња на некој кој нема врска со ова , туку само онака за да има народ, тогаш следат закони кои ќе се употребат врз менаџерите. Први самите пеачи кои се гнаси во душата ќе се спротистават и ќе си ги бараат не своите ПРАВА туку ќе си ги бараат своите ПАРИ од тоа. :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Уште мислите дека имаме естрада?

Лоба???
Гаџа??
Рибата ???

Ма немој да ме јебеш бре, па потоа ќе се лутеле како никој не им одел на свирки, на кои свирки бе кога една песна вадите на 3 години и таа е плагијат, појма немаат...јас и ваква музика не слушам оти немаме музика ние....подобро англиско ке слушам барем новост секој ден има....Макеоднска естрада не постои... освен Ламбе што го поштовам од пејачите само, незнам ама ми е мн подобар од сите други, другите тиња, можат поублика една гаража максимум да соберат.....
Кој/а е ова? Некој нов?
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Рибата(Ако мислиш на Ѓоко Таневски) беше на концертот, така да не плукајте по него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom