Намалување на работната недела- Неработен петок.

Дали се за намалување на работното време и плата?

  • Сум за 20% пократко време и 20% намалена плата

    Гласови: 15 55,6%
  • Сакам се како што е до сега

    Гласови: 12 44,4%

  • Вкупно гласачи
    27
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931
Неработен петок
11.04.2019 01:46

Живот
Кејт Бел

Кога во септември 2018 година, Френсис О’Грејди, генералната секретарка на британскиот Конгрес на работничките синдикати кажала дека четиридневната работна недела е амбицијата на синдикатите за 21 –от век, не можевме да претпоставиме дека таа идеја толку брзо ќе заживее.

Изгледа дека веќе е дојдено времето за тоа. Пред само неколку недели, британскиот министер за финансии во сенка, Џон Мекдонел објави дека Лабуристичката партија нарачала истражување за пократко работно време. Видовме дека и работодавачите се заинтересирани, некои од нив веќе преминаа на пократка работна недела, а некои како што е „Welcome Trust“ (фондација за биомедицински истражувања) сериозно ја разгледуваат оваа идеја.

Значи, зошто работничите синдикати се залагаат за пократко работно време и зошто ова барање има поволен прием? Од една страна, растечкиот потенцијал на технологијата го следи сериозна загриженост. Бројките од насловите на весниците постојано предупредуваат дека се можни затворања на работни места, а особено одекна истражувањето на оксфордските професори Озборн и Фреј, според кое дури 47 отсто од работните места во САД би можеле да бидат во ризик заради автоматизација. Меѓутоа, расте и свеста и за потенцијалите на поголемата продуктивност. Ако порасне продуктивноста, а Велика Британија моментално доживува длабока криза на производството, може да се разговара за прераспределба на користа од растот.

Традиционално, поголемата продуктивност им е од корист на работниците, меѓу останатото и преку намалувањето на работното време.Традиционално, поголемата продуктивност им е од корист на работниците, меѓу останатото и преку намалувањето на работното време. Кога бил основан Конгресот на синдикатите во 1868 година, работната недела траела 62 часови. Сега таа бројка е речиси преполовена (вклучувајќи ги и оние што работат половина работно време) на околу 32 часови.

До оваа промена не дошло случајно: таа била резултат на синдикалната кампања. Роберт Овен, пионер на социјализмот кој во почетокот на 19-от век го популаризираше барањето за осумчасовно работно време, е автор на слоганот: осум часа работа, осум часа разонода, осум часа одмор.

Благодарение на кампањата на синдикатите биле донесени законите за фабриките, меѓу кои и оној од 1847 година, кој бил првиот пропис што јасно го ограничил работниот ден, иако на дури 10 часа; синдикалните барања не биле исполнети. Првомајските демонстрации во 1890 година на кои во лондонскиот Хајд парк излегле стотици илјади луѓе, биле насочени на осумчасовниот работен ден, врз основа на повикот на меѓународното синдикално движење за „големи меѓународни демонстрации“, кога во сите држави и во сите градови во ист ден „тудбеничките маси од државните власти ќе побараат законско ограничување на работниот ден на осум часови“.





По завршувањето на Првата светска војна, во 1919 година заседавала Меѓународната организација на трудот (MOR), а нејзината прва конвенција се однесувала на работното време. Преамбуалата децидно го усвојува „принципот на осумчасовен работен ден или работна недела од 48 часови“ (иако постоел и долг список на исклучоци во кој била и цела Индија).

Работничките синдикати со право се осврнуваат на историјата додека ги следат предвидувањата за можностите за генерирање на богатствата од роботиката и вештачката интелигенција. Консултантската фирма PWC проценува дека до 2030 година британскиот БДП ќе биде и до 10 отсто повисок благодарение на вештачката интелигенција, што е еквивалент на пораст на БДП од преку 20 милијарди фунти, или дополнителна куповна моќ од 2300 фунти годишно по домаќинство. Еден од начините на кој може да се изедначи распределбата на богатствата со работниците е скратувањето на работното време, како што видовме во минатиот век.

нејасните граници помеѓу работното и слободното време на работниците им предизвикуваат сè повеќе проблемиМеѓутоа, оваа дебата не е само одговор на автоматизацијата, туку и признание деканејасните граници помеѓу работното и слободното време на работниците им предизвикуваат сè повеќе проблеми. Во Обединетото кралство тоа стана политичка тема низ примената на нултачасовен договор што сега се однесува на повеќе од 800 000 луѓе. Таквите договори не ја дефинираат фиксната сатница за работа па вработените се постојано на располагање на работодавачот: повеќе од половина работници доживеале за откажаната смена да бидат известени за помалку од еден ден.

Пристапот „секогаш на располагање“ сè повеќе се шири и на други работници. Истражувањето на Институтот за кадри и развој, во 2017 година, утврдило дека речиси третина од работниците мислат дека пристапот на работното место на далечина значи дека не смеат да се исклучат кога ќе заврши работното време. Работниците веќе вложуваат значителен број неплатени прекувремени часови; Конгресот на синдикатите проценува дека само во текот на минатата година во Велика Британија, неплатение прекувремени часови изнесувале 23 милијарди фунти.

Така, барањето за скратување на работната недела стана составен дел на дискусијата за она што MOR го нарече „временски суверенитет“. Нивниот извештај за иднината на трудот кој нивната работна група го објави во јануари, годинава, изнесува аргументи во прилог на „настојувањето да се примени максимално ограничување на работното време заедно со мерки за унапредување на продуктивноста како и минимум гарантирани часови, за да на работниците им се овозможи вистински избор на флексибилност и контрола врз работниот распоред“.





Работното време се најде на агендите на работничките синдикати затоа што промените можат да се воведат уште сега. Видовме како „IG Metall“, најголемиот синдикат на металски работници во Германија извојува право на 28-часовна работна недела за работниците во германската металска индустрија. Во Франција, синдикатите одиграа пресудна улога во освојувањето на „правото на работникот да се исклучи“ – тоа не нова обврска за компаниите со повеќе од 50 вработени која подразбира преговарање за употребата на дигиталната технологија за да се почитува правото на пауза, годишен одмор и приватен живот на работникот. Во Ирска, синдикатите го поттикнаа усвојувањето на забраната за нултачасовни договори. Во Британија видовме редица победи на поедини синдикати, како што е договорот кој Синдикатот на работници во комуникациите успеа да го преговара со поштата, според кој до 2022 година работната недела од 39 ќе се намали на 35 часови.

Стандардизацијата на петдневната работна недела не била случајна, туку била овозможена од постојаната кампања на синдикатите во име на потребата на работните луѓе за пристојна рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Во 21–от век, време е да се направи следниот чекор.

Слики: Banksy

Извор: Social Europe
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Абе како отварате теми со гласање а само две опции?!
Ја сум за 20 % пократко време, а 20 % поголема плата. Мада лично мојта плата зависи од тоа колку часа ке работам, ама генерално сум за скротување на модерното ропство и де почне да се укинува трекја смена.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
312
Поени од реакции
221
А некако да се изгласа само во Понеделник да се оди на работа?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
секоја недела продолжен викенд, освен за тие што ќе работат
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Ада се изгласа ич да не се оди на работа мразам луѓе и мразам работа.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Намалување на работната недела?Што е тоа?Во Македонија мислам дека ќе ја воведат мерката зголемување на работната недела односно да се работи цела недела без застој бидејќи ние сме Веле сила и кај нас мора да се работи констатно,подвижна материја,водечка, рака на срце кај нас и сега се работи цела недела но мислам дека тоа треба и да си се испочитува на бел лист хартија па зошто да не барем ќе бидеме искрени ако ништо друго.Уше некоја мерка коај би ни годело е да ја зголемат границата за пензија односно најубаво би било да се работи до 70 години и тоа да биде за сите и за мажи,жени,трансџендер и останати полови кој како си се класифицира нели модерна доба.Па до 70 години да си работиме абе да ти е мерак да работиш со песна,посебно ако си градежен работник оу суперишка,умираш на скеле од истоштеност на 57 години,пензија на кого му е потребно тоа хаха?Демек да проживеш ко човек да има некој предности за разлика од другите општестевни гранки ма каки абе ќе си работиш додека не клапнеш,додека не доеш у квазимодо фазон не мрдаш никаде.Само зголемување на работната недела башка имам и друг предлог да се додат плус денови во недела за да можеме уште поактивно да се ангажираме,празниците укинување тоа се.Демек 1ви мај денот на работникот,работничките права ма тури му кур на тоа кој видел аир од тоа само работа му е мајката 24/7 без престанување одиме турбо у три смени,па кога ќе ти стигне таа платата на 1ви или 15ти бум,па кога ќе видиш цели 12 бона си викаш:Ви ебам тоа скандинавците глупи,или оние Французине шо себеси си се милуват да си се наречат Канаѓани да си доете овде у ова прекрасна земја па да осетите мир,хармонија,благостојба,ведрина,финансиска,пазарна моќ па да си ја чукнете таа главата у стил кај бев сиве овие години како не сум слушнал до сеа за ова прекрасно парче земја наречена Македонија.Слушнав една вест која навистина ми го стопли срцето овие денови,а тоа е :
''Од состаноците и средбите што ги имам со инвеститорите веќе имам позитивни информации дека почнуваат да ги враќаат назад. Последната информација е дека веќе се вратени двајца образовани и подготвени кадри во една наша странска компанија, рече Апостолска.''
Од 40 работни часа неделно кој на интервју звучат одлично до моментот на ајде уште барем 30 минути да се остане да се дозаврши и ова.Кој вие со насмевка ќе прифатите,и одговорите не е проблем,ако треба и повеќе.Се разбира вашиот менаџер ќе ви одговори дека се ќе ви биде платено и дека вашиот труд се цени а тоа со цели 25 денари надополнетост на вашето конто а,50 денари е 1 час.Можеме да заклучиме дека светот е очигледно премногу глуп,кога донесуват вакви јадни одлуки од типот скратени работни часови,намалување на работната недела,рано пензионирање и слично.Македонија е вистински пример за тоа како амбициозноста,енергичноста,лојалноста,позитивноста,подгототвеноста за тимски дух може да се купи со неверојатни 12.000 денари,се разбира компанијата за возрат ви нуди редовни месечни примања,бонуси како што наведов по цели 25 денари,пријатна атмосфера и тн.
Дами и господа чувајте се.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Зошто во комбинација на со намалување на плата?Пошто многу високи со платите?Па вакви плати треба да се викаат социјална помош,а не плата.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
А секоја среда ли ќе се работи? (За тие што го знаат вицот)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931
Ставено 20% помалку време и плата зошто ако се стави иста плата а пократко работно време го знаеме исходот од таа анкета 100% ќе бидат за.
Инаку незнам за други ама тие што ги знам работат по 2-3 часа дневно а 6-5 часа сурфаат на нет и пијат кафе и си прават муабет. Така да и јас за скратено работно време 6 часа дневно или неработен петок.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
убава замисла, но се си мислам дека ова е незамислива ситуација во Македонија каде 3/4 од работниците не знаат за викенд или за 40 часовна работна недела
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Под услов да се почитуваат и 8 и 10 часа и празници и викенди, што кај нас баш и не случај во дел од фирмите.
Нигде во текстот не најдов (можда има) дека тоа би била 4 дневна со 10 часа работа. Што пак ја става под знак прашалник продуктивноста.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Која иронија на судбината, комунистичка Кина во моментов е најдобрата дестинација за суровиот капитализам, а лулката на 'бруталниот' капитализам размислува за 4 дневна работна недела ...

Маркс и Енгелс беа во право за потребите на работниците, но беа грешка за пролетерското самоуправување

https://edition.cnn.com/2019/04/15/business/jack-ma-996-china/index.html
Jack Ma endorses China's controversial 12 hours a day, 6 days a week work culture
One of China's richest men has been criticized for endorsing the controversial culture of 12-hour workdays in the country's red-hot tech industry, saying employees who worked longer hours will get the "rewards of hard work."
Jack Ma, founder of e-commerce giant Alibaba (BABA), has spoken out on social media in recent days in support of the Chinese work practice known as "996." The number refers to working from 9 am to 9 pm six days a week and is said to be common among the country's big technology companies and start-ups.
"If we find things we like, 996 is not a problem," Ma said in a blog post Sunday on Chinese social media site Weibo. "If you don't like [your work], every minute is torture," he added.
 
M

martin64

Гостин
Професорот по економија вика "Е како Македонија ќе работи исто денови како Германија а сакаме да напреднеме" Јас мислам дека ние во Македонија треба да работиме повеќе часови од Германија и развиените земји
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Koj kako ke si ja naredi. Nekoj moze se klacka na fotelja i si gi cesa jajcata po 8 saata dnevno, a nekoj ke se skapa od rabota po 3 saata dnevno. Ne znaci ako si na rabotno mesto deka nesto rabotis.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom