Назначување на случаеви на судии

Член од
27 февруари 2019
Мислења
6
Поени од реакции
16
Здраво на сите,

јас сум лаик на темава, па би сакал да знам повеќе. Ве молам некој да ми објасни:
1. Kако се назначуваат случаеви на судии (т.е. кој судија ќе суди на одреден случај)?
2. Дали еден судија го води цел случај од почеток до крај или доаѓа до смена во одреден момент?
3. Доколку е еден судија, од кои валидни причини би можело да дојде до смена?
4. Дали постојат разни видови судии кои се специјалисти за некоја област (исто како што постојат адвокати специјалисти за нешто) или кај судиите тоа не постои?

Бонус:

5. Дали граѓанските судења можат да бидат без порота?
6. Во кратки црти, како се носи пресуда?

Фала однапред.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.958
Поени од реакции
3.664

1. Кога се поднесува тужбата или обвинението распоредот - изборот кој судија ке го води случајот, го прави електронскиот систем АКМИС.
2. Во принцип случајот, од почеток до крај, го води еден судија. Има случаи во кои може да дојде и до промена, на пример ако судечкиот судија биде изземен од тој случај (по негово или по барање на некоја од странките), биде разрешен, замине во пензија, прераспореден во друго одделение и слично.
3. Напишано ти е во одговорот од точка 2. Ако мислиш на тоа од кои причини можеш ти како странка да бараш да биде изземен судијата тогаш одговорот е од било која причина поради која сметаш дека судијата ќе биде или е пристрасен....
4. Да, во судовите имаш кривично одделение, граѓанско одделение, прекршоци... и во принцип секјо судија суди во дадена област каде се смета дека ке даде најдобар резултат но тоа е подложно на промени и судија може да биде преместен од еден во друг оддел.
5.Граѓанските судења се без порота доколку се работи за спорови од мала вредност, во тој случај суди судија поедеинец....
6. Како се носи пресуда е поширока тема но накратко еве би ти појаснил нешто. Ако се работи за спор од мала вредност тогаш пресуда може да се донеси и без одржување на рочиште, ако тужениот не даде одговор на тужба или во одговор на тужба го признае тужбеното барање.... Инаку, зависно од случајот, процедурата е подготвително рочиште, главна расправа, донесување пресуда.... Ако е судија поединец самиот си ја носи прсудата ако е совет тогаш советот гласа и носи одлука.... Широка тема за да се објасни подетално.
 
Член од
27 февруари 2019
Мислења
6
Поени од реакции
16
Ти благодарам на одговорот!
Апропо "процедурата е подготвително рочиште, главна расправа, донесување пресуда....", дали -- ако добро разбрав -- процедурата може да се заврши после три рочишта? Некако поинаку, подолготрајно го замислував целиот процес.
 
Секако дека може. Може и на прво но може и после безброј рочишта. Зависи од многу работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom