e pa da I jas toa go procitav za 2 osnovici,smrtta na roditelot bese pred 9 meseci,a jas ne sum vo kompanijata od maj mesec.Zatoa prasav,dali sega imam pravo da baram
Ако во моментот на смртта на вашиот родител сте биле во работен однос (во смисла пријавена во АВРМ) кај претходниот ваш работодавач, тогаш по закон и општиот колективен договор за приватниот сектор настанала обврска работодавачот да ви исплати 2 основици, ова значи дека врз основа на работниот однос што е услов за да се исплати надоместок заради причина смрт на родител на работник, вие се стекнувате со статус на доверител спрема вашиот работодавач, и имате право да барате од вашиот сега претходен работодавач по тој основ да ви го исплати паричното побарување кое го имате спрема него, а кое побарување не е застарено затоа што застарува во рок од 3 години, а поминати се 9 месеци, и да напоменам без било какво значење е тоа дали вие се уште сте или не сте во работен однос кај тој работодавач.
Моментот што е одлучувачки дали ви следува или не надоместок заради починување на вашиот родител, е тоа дали во моментот на смртта сте биле во работен однос, ако сте биле ви следува, ако не сте биле во работен однос не ви следува.
Тој правник кој ве упатил да тужите е во право, но сепак мое мислење е дека со тужба само ќе се изложите на дополнителни трошоци, искрено сметам овој спор може да се реши вонсудски само треба некој убаво правно да ви го состави поднесокот и се разбира законски да го образложи, за да може вашиот претходен работодавач да сфати правилно, затоа што сум убеден дека и тој ќе мисли дека ако моментално не сте во работен однос кај него дека не ви следува што е неточно, повторно ќе наведам ви следува 2 основици поради смртта на вашиот родител, под еден единствен услов да сте била регуларно во работен однос кај работодавачот во моментот на смртта на вашиот родител.
Можеби многумина ќе ви кажат дека не ви следува, јас застанувам тука, ви дадов реални аргументи, вие сами ќе треба да одлучите дали ќе барате надомест од претходниот ваш работодавач.