А баш ме интересира од каде ја наоѓаш оваа етимологија,препорачај ми линк,сакам да проверам.На турски пенџере,се пишува pancere,и ми дава сосема друга етимологија,од оваа ти што ја наведе.Јас не верувам од едно место,проверувам на неколку,и ако се совпаѓа тогаш го прифаќам за веродостојно.Ништо не прифаќам здраво за готово.
Сигурно сте вие помлади
Не се врти животот само околу интернет и линковите, ние на времето немавме интернет и компјутери, па моравме да мислиме со своја глава (ако не мислев со своја глава, немаше да ме има на форумов и ќе си го “пимплав“ она што ми го кажувале на училиште или во партиските школи).
Етимологијата е чиста логика, доста читање, споредување, толковен речник (од типот на Вујаклија на пример) и како што рече : “не прифаќање на ништо здраво за готово“ од она што ќе ти го каже официјалната наука. Сомнежот е предуслов за постоење на секој интелектуалец.
Добро ти “кажала“ турската етимологија дека зборот пенџере значи прозорец, но од каде произлегува тој збор и што точно значи - тоа не напишала.
Најчесто, зборовите (поголемите) се составени од попрости зборови кои имаат свое засебно значење и ако го знаеш основното значење на помалите зборови лесно ќе го откриеш значењето и на сложениот збор. Како пример ќе ви посочам еден прост збор :
АН. Тој збор значи “небо“ но во поширок смисол значи и “височина“. Во постарите месопотамски култури
АНУ е Бог на небото. Кај нас во тоа време го имаме Богот
УрАН (кој исто така е Бог на небото). Потоа, имаме
Ангел (“гел“ значи доаѓа, иди, хела, ела и во таа форма “гел“ го имаме во турскиот јазик) и таа именка Ангел значи : “оној што доаѓа од небото“ (што и сосема логично одговара на суштеството Ангел), личната именка со слично значење
Андреј (не сум сигурен сто проценти иако “рее“ значи исто така : “доаѓа“ - тече (потови реат,
реки реат и сл.) андреј = планинец, дојден од височините), тука е името на планините
Анди (високи),
Атланти (
атол е острово) чие име би значело “островски небесници“. Зборот “
анастасис“ значи : “воскресение“ или разглобено би било : “ана“ (на небо) “стасис“ (да стасаш, стигнеш) односно -“да стигнеш на небо“, да воскреснеш
. Тука се
Ангирасите од индиската митологија кои се древни мудреци, жреци викани “синови на небото“ што повторно не носи до она - “доаѓа од небото“ (и некои од научниците прават аналогија со именката Ангел) затоа што “гира“ е истиот збор со нашиот “грее“ (“доаѓа“, во егејските наречја “греј на ваму“ значи “дојди ваму“), но и со миграција, емиграција и т.н. Дури и ако сакам да шпекулирам со национална пристрасност,
Антите (древно европско - “словенско“ племе-народ ) се дојдени од небо што би рекол Деникен - “древни астронаути“
Исто и
Анунаки значи “синови на небото“, “дојдени од небото“, “небесници“. Именката
Титани го има сличното значење и значи “деца на небото“, “синови на небото“(
тита е дита, дете, деца - на
ан = небото) Ги има уште примери на кои во моментов не можам да се сетам, па сетете се вие на некои од нив
, но сепак барем малку да може да го издржи судот на логиката...