Навивач на Вардар претепан во Чаир

Статус
Затворена за нови мислења.

Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Четири момчиња од албанска националност, од кои двајца малолетници, сите членови на навивачката група „Шверцери“ завчера во скопската населба Чаир нападнале сосед и го претепале само затоа што бил навивач на Вардар. Момчето завршило во Ургентниот центар, каде што му била укажана лекарска помош и по санирањето на повредите бил пуштен на домашно лекување



Како што дознаваме, четворицата напаѓачи Н.Е. (17), Б.А. (21), В.М. (15) и Б.Б. (18) се познавале со А.П. (22) и занеле оти тој бил навивач на Вардар. Наводно, револтирани од неделниот инцидент во Нерези, тие решиле да му се одмаздат. Така завчеравечер, околу 20 часот, тие поставиле заседа на улицата Ресенска во населбата, знаејќи оти кога-тогаш нивниот сосед морало да помине оттаму. Околу 20 часот А.П. не претпоставувајќи дека го чекаат се појавил на улицата одејќи кон дома. Тогаш четворицата напаѓачи го запреле и почнале да го пцујат и омаловажуваат. Вардаровиот навивач, знаејќи дека ќотекот е неизбежен, им возвратил, што била доволно за четворицата „шверцери“ да му се нафрлат. Тие почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата, а од ударите момчето паднало на земја. Сепак тоа било малку за напаѓачите, кои продолжиле беспоштедно да маваат по момчето додека случајни минувачи не притрчале на помош и ги избркале.

Од навивачката група „Комити“ велат дека ова е само пример на секојдневните напади врз нивните членови што се случуваат во скопските населби каде што живее албанско население.

Скопската полиција против четворицата напаѓачи поднела кривични пријави за насилство и трага по Б.А., кој е во бегство.




Ни трага ни глас од вооружените жители на Нерези

Скопската полиција сé уште нема приведено ниту еден жител на населбата Нерези што во неделата физички се пресметуваше со членовите на навивачката група „Комити“. Од МВР велат дека се разговарало со локалното население и се работело на откривање на нивниот идентитет. Оваа информација на Министерството е до толку почудна ако се знае дека на снимките од неколку телевизии јасно се гледаа лицата на жители на населбата Нерези вооружени со секири, ножеви и со палки како јуришаат на помала група на „Комити“. Токму преку телевизиските снимки МВР го откри идентитетот на поголемиот број навивачи осомничени за учество во инцидентот.

Инаку завчера попладне, по неколкучасовен распит, истражниот судија ги пушти на слобода осумте члена на навивачката група што беа приведени за време на инцидентот кај мостот „Обединети нации“. Тие ќе одговараат за насилство.

Превземено од новамакедонија.ком.мк

И сега шо прајме?
 
T

Tetro

Гостин

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
еве како ќе биде, ќе одговараат пред законот..
Аха да можда и ке одговараат,ке фрли татко им некое евро во полициска станица и ке бидат слободни,а ние ке го кркаме курот секогаш кога ке избие некој инцидент,ни криви ни дужни...:tapp:
 
E

emission

Гостин
еве како ќе биде, ќе одговараат пред законот..
Кривична за Комитата. Како така да им го нарушува мирот на Албанчињата со неговото постоење. Ако го нападнале без ладно оружје треба и оштета да им се плати нематеријална оштета на напаѓачите поради вознемирување а доколку употребиле шипки и ножеви треба да им купи нови бидејќи веројатно се изгребани од нападот.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Аха да можда и ке одговараат,ке фрли татко им некое евро во полициска станица и ке бидат слободни,а ние ке го кркаме курот секогаш кога ке избие некој инцидент,ни криви ни дужни...:tapp:

mnogu dobro e objasneto pogore ke odgovorat pred zakon
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
mnogu dobro e objasneto pogore ke odgovorat pred zakon
Кој закон бе ако требаше да одговарате пред закон,до сега сите ке беа по затвори,ке гниеја !!!

Сигурен сум дека нема да одговараат никако пред закон...
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Кој закон бе ако требаше да одговарате пред закон,до сега сите ке беа по затвори,ке гниеја !!!

Сигурен сум дека нема да одговараат никако пред закон...

haha mnogu siguren be ti da ne rabotis nesto vo policija?? :tapp:

Ke odgovoraat pred zakon...nema sto tuka napadnale covek!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
haha mnogu siguren be ti da ne rabotis nesto vo policija?? :tapp:

Ke odgovoraat pred zakon...nema sto tuka napadnale covek!
Сам се копаш бе,сфакаш...

Зашто тие не ги најдат што излегоа од дома со секири,шипки,амортизери и што ти не знам во раце,башка со помош на луге од Чаир,Кондово,Тетово,Сарај и околните селца ???

Ај одговори ми на ова и ке продолжиме...за џабе се праиш на Тошо.
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
А КАКО ЗНААТ ИНАЧЕ ДА НАПАЃААТ НА ДРУГ НАЧИН..КОГА СЕ ПОВЕЌЕ...ОД ЗАСЕДА...ТАКА БЕШЕ И 2001... МА МРШ БРЕ...И АКО НЕ СЕ ПОДНЕСАТ СЛУЧАИ ПРОТИВ ОВИЕ КЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО...КЕ СИ СЕ ТЕПАМЕ У ЗАСЕДИ...:nenene::nenene::nenene::nenene:
 
E

emission

Гостин
haha mnogu siguren be ti da ne rabotis nesto vo policija?? :tapp:

Ke odgovoraat pred zakon...nema sto tuka napadnale covek!
А од каде си сигурен дека го нападнале? Им веруваш на Македонските медиуми ли ? Или ти е кеф што го претепале па се ситиш а тука зборуваш бајки. Невидено лицемерие.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
А од каде си сигурен дека го нападнале? Им веруваш на Македонските медиуми ли ? Или ти е кеф што го претепале па се ситиш а тука зборуваш бајки. Невидено лицемерие.

posto imam sigurni izvori...ne od ovie kvazi mediumi
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom