Навивачки инциденти ширум Европа

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.345
Поени од реакции
42.170
Според @pixa Германците кои имаат слаби гостувања моментално го запалија Наполи иако имаат забрана за присуство на утакмицата.
A што уствари ова го прави добро гостување? Ова е репер за добро навивачко гостување или? Не ми е јасно.

Дали ако ваква навивачка група дојде и го запали пола рекорд, коли на рандом луѓе што немаат ни за леб моментално, ќе биде пример за добро навивачко гостување и секој ултрас во Скопје ќе биде горд што барем просведочил на вакво нешто бидејќи ние самите (за жал?) не сме во можност у толкав масовен број да се собереме и да палиме све пред себе. Или го руинира цел широк сокак, сеедно.

Не ми е јасно најискрено, налед што темава на муабет е ваљда друга ме мрзи и да читам, ваљда нешто со делии мелии, небитно, али стварно не ми е јасно како е ова добро, како ова нивно гостување го прави јако јер ете, не било слабо.

Вакви работи ако се пример како треба да се понаша една навивачка група, да не се чудиме што истите тогаш се квалификуваат како шлајмп и 'ркавец на едно општество, не дека тоа навистина е така, ама лесно се создаваат такви слики за навивачите кога вакви работи се случуваат а притоа и истите се глорифицираат, обичен човек што не знае како стојат тука работите, или медиум, како може да ги отсликува ваквите?

p.s. Тоа што го направија на Кампот лани беше импресивно, ова е дно, bottom line.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.778
Поени од реакции
13.062
налед што темава на муабет е ваљда друга ме мрзи и да читам
Тука лежи зајакот :гик:
Имаше дискусија конкретно за навивачки инциденти, и Пикса како голем српски воин пишуваше дека западњациве биле „пички“, т.е. освен за организација и бројка биле веома врло слаби во улични пресметки и навивање. Секако, најјаки за инциденти се србите и русите, евентуално грците според Пикса Обилиќ. Оттука и коментарот за „јаки“ гостувања. Сепак требаше да прочиташ изгледа :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.355
Поени од реакции
28.029
Не ми е јасно најискрено, налед што темава на муабет е ваљда друга ме мрзи и да читам, ваљда нешто со делии мелии, небитно
Е како влагаш на темава со овој став и после бараш одговори? Битно е како не е.

Една навивачка група се оценува за многу работи, бројка, гостување, кореографии, пиротехника, креативност, пароли, маркетинг, акции на трибина и вон трибина.
Темата е како тоа Делии се број 1, а Германциве се катастрофа бидејќи немале акции и масовни гостувања. Вчера баш се докажа спротивното. Ден пред утакмица повеќе од 800 навивачи на Франкфурт пристигнуваат во Наполи без никакви најави, од сите страни за да избегнат контроли ИАКО имаат забрана за присуство. Навивачите на Наполи ги напаѓаат. Полицијата пробува да ги избрка од градот и не успева. Целиот тој дуел со полицијата и ултрасите на Наполи продолжува низ цел град со бркотници.
Навивачките инциденти се нормална појава кога имаш толку тестостерон на едно место.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.201
Поени од реакции
3.568
A што уствари ова го прави добро гостување? Ова е репер за добро навивачко гостување или? Не ми е јасно.
...
И јас го делам истото мислење. Треба масовност, гласно навивање, кореографии, пиротехника, ама се додека не се наштетува на некој друг. Ако прејде во кршење све живо и диво, палење контејнери, превртување коли, руинирање на угостителски објекти, не поддржувам. Сфаќам дека голема маса на дивјаци потпомогната од многу алкохол не може да се контролира, ама затоа треба да има огромни казни за сите што прават нереди. Може да му е јако ова на некој што е без два грама мозок.

Иако ова го направиле Германци, не верувам дека се поддржувани од пошироката јавност, како и оние кои не се толку жестоки навивачи, а сепак се со сезонски карти веќе со години.

Кај нас уште е со тој мајндсет дека на стадион треба да одиш надуван или начукан, и да одиш да пцуеш и да го ркаш судијата затоа што тоа му е работа. Затоа и нема луѓе, не се охрабруваат други да дојдат. На страна што и властите/челниците на клубовите се големи лопови. Да ја имаме традицијата и свеста како во Германија, ќе бидеме меѓу топ 10 земји по навивање/атмосфера.

Полн стадион, да се јаде и пие, да се трошат пари на сокови/пива/сендвичи, фан-шопот да крца од гужва, да се купуваат тракатанци со мотивите на клубовите, и така да се придонесува кон општото добро на клубот. Ќе има и повеќе пари за кореографии, организации, гостувања и слично. Ама и да се постави ваков систем, некој ќе дојде и ќе украде све :toe:
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.389
Поени од реакции
8.346
A што уствари ова го прави добро гостување? Ова е репер за добро навивачко гостување или? Не ми е јасно.

Дали ако ваква навивачка група дојде и го запали пола рекорд, коли на рандом луѓе што немаат ни за леб моментално, ќе биде пример за добро навивачко гостување и секој ултрас во Скопје ќе биде горд што барем просведочил на вакво нешто бидејќи ние самите (за жал?) не сме во можност у толкав масовен број да се собереме и да палиме све пред себе. Или го руинира цел широк сокак, сеедно.

Не ми е јасно најискрено, налед што темава на муабет е ваљда друга ме мрзи и да читам, ваљда нешто со делии мелии, небитно, али стварно не ми е јасно како е ова добро, како ова нивно гостување го прави јако јер ете, не било слабо.

Вакви работи ако се пример како треба да се понаша една навивачка група, да не се чудиме што истите тогаш се квалификуваат како шлајмп и 'ркавец на едно општество, не дека тоа навистина е така, ама лесно се создаваат такви слики за навивачите кога вакви работи се случуваат а притоа и истите се глорифицираат, обичен човек што не знае како стојат тука работите, или медиум, како може да ги отсликува ваквите?

p.s. Тоа што го направија на Кампот лани беше импресивно, ова е дно, bottom line.
До некаде го делиме истото мислење, меѓутоа друго значење имаше моето мислење.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.547
Поени од реакции
69.457
Јас баш ја барав темата да пишам слично мислење како @Syn.
Последно време само ми се појавуваат клипови како се пресметуваат групи низ Европа, особено од државите во кои не сме навикнале да ги гледаме во такво издание. Апсолутно не гледам поента да се тепам со некого од рандом држава, без да ме испровоцираат како група и особено не да кршам инвентари и коли на недолжни луѓе. Напаѓање фанови на други екипи стана мода, а немаат некоја меѓусебна претходна омраза, туку се напаѓаат за на нет да покажат демек ете колку јаки сме.
Пример, дечконо од Ајакс што го претепаа навивачите на Наполи, што го извадија од продавница, тоа немаме никаква заедничка точка со навивањето.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.389
Поени од реакции
8.346
Како во мода да стана забранувањето на гостински навивачи во Европа... Ќе му се случи на Рим тоа што му се случи на Наполи пред брзо изгледа...

https://youtu.be/Hx_m7Y9nGtU
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.073
Поени од реакции
4.426
Дечкото во кафеавиот дуксер не знае што го снашло.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
14
Поени од реакции
46
левски софија - АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ, билетите за гостински блок продадени во 3 минути. бугарите ќе добијат лекција по навивање пошто многу се курчат циганите од кога заврши ждребот.
ПС. се спрема изненадување со македонско знаме, се надевам успешно!

Stay tuned...
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
14
Поени од реакции
46
Еден мал Update од софија. Сектор Б беа контактирани од страна на водачите на Brigade Nassau за фер 20 на 20 пред или после натпреварот на било која локација во Софија. За жал нашата подгрупа не доби одговор за ова, но бугарските хулигани на батерии вчера излегоја до заби наоружани као демек не бараат по софија а добро знаеја каде сме, во кои хотели и кој аирбнб апартмани и кој бар е вчера и денеска наша зона и сепак тргнаа во спротивна насока хахахаха. Какви буљаши и фолиранти не е можно + објавија по сите ултрас страни на инста хахахахах.

Топол поздрав од вечерва уште потоплата софија
#nurdieSGE
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.711
Поени од реакции
2.362

Излезе инфо 15vs15 победа на Левски. Подетално нешто за ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom