би било добро да се соберат сите навивачки групи, но само да не се повторат некои инциденти од минатото кога заедно оделе и чкембари комити да навиаваат за нашите екипи.
друг проблем со навивачките групи е тоа што голем дел (без навреда) од групите се деликвнети. Тие сами неможат да се раберат а не да им објасниш дека треба да заеднички да се подржуваат македонските екипи и репрезентации.
а има и исклучоци, дури бев скопје на ЕТФ се најдов со едни колеги (им ги заборавив имињата), комити и заедно бевме да гледаме Вардар - Силекс (кога го кршеа Силекс маркет, шо ли беше) . Да нагласам дека сум од Битола и дека се декларирам како навивач на Пелистер такозван Чкембар.
Друго досега бев на пола од натпреварите на Македонија во Скопје, но искрено патот и трошоците не дозволуваат да се посетуваат сите натпревари. А тоа не е грешка на навивачките групи туку на ФФМ која треба да се погрижи и на тој дел, зашто публиката е 12 играч. Тие треба да се потрудат да обезбедат барем по еден автобус по град. мада сепак немаме некоја развиена културна свест и тоа ќе го поебиме.
со муабетот дека мора да има албанци во репрезентацијата не се сложвам. Доколку се квалитетни играчи и имаат желба да играат за тимот тогаш во ред, а не само да се форсираат колку да е речи дека има. Еве последно актуелно е обвинението за Австралија дека биле расисти бидејќи немало ниту еден црн играч, и сега ај нека земат еден шогоде колку да не се бунат луѓето??? Да се вратам на играчите со абанско потекло, има неколку од нив кои заслужуваат место во репрезентацијата и треба да се повикаат но сепак тоа си е работа на селекторот и тој си одлучва кого ќе повика.
и пак ќе речам во државава ни нема сеуште развиена спортска култура за да имаме добри навивачкиу групи. понекогаш се срамам кога ќе слушнам кај што се исвиркуваат противничките химни или се палат нивните знамиња