Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
i da ne go zaboravime toj so fantomka eden cekor napred dva cekora nazad :D
Еве ви видео од целата ситуација, почнува од моментот што го имате извадено како гиф, и продолжува до противничката трибина. Следете го дечкото и ќе видите до кај отрча и што напраи на крајот.

Секако нема да видите дека е нокаутиран од противнички играч, нешто што беше случај со еден љољо у Чаир пред некој месец.

Иначе никој со ништо не ги испровоцира битолчаните кои влегоа како разулавени мајмуни, кускулиња што ја нападнаа оградата и ја тресеа иако ако сакаа лесно можеа да ја прерипаат, тој еден глупак земал мава нога на оградата и паѓа на гз. :D
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Многу сте смешни другари. У темана за Пелистер не ви враќам да не ви ебам раат, ама смешни сте. Комити биле инфилтрирани, вреѓале, нападнати сте биле бла бла бла бла бла. Влеговте дифтарски ве понесе еуфорија сакавте да се докажете. Ок е, јасно ми е. Ама се друго беше продавање сељачизам.

Тие глупи муабети што барале Комити на неутрална не ви држат вода. Пошто пола „обични“ фанови од Вардар имаат барем една „Комити“ маичка. И тоа е нормално...

А што се однесува до сељачизмот, пошто глумите инспектори и гледате кој што фрлил и што носел, погледнете си го видеото од 1:25 мин., па на 1:28 мин., па на 1:30 мин., Ова врска нема со вашите бош муабети како сте биле испровоцирани туку лиглето со бакљата и 2цата другари дискутираат и му даваат насоки да ја фрли таму. И не што ја фрла, туку фрла т.е гаѓа апла да те повреди, крвнички. И кај ја фрли? У Блок 5, кај што има и ваши неутралци.


На ова ви прогледаа низ прсти. Не ве чепнаа џандарите. Замисли Комити или Фемили на влагање у сала ова да го направеле. 2/3 бакљи по ред да фрлеле у неутрална. Ратно стање на трибина ќе било.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
7
Поени од реакции
22
Толку се смешни и без врска некој пишења то е чудо некое...
Ако сите групи постапеа по то прашање како ние би било СУПЕР. За повеќе инфо обратисе во приватен разговор иако 100 пати е пишано, а Рибари го обелија образот на Македонизмот во Охрид во секое поле.
Мојш да оцрнвиш друга група ама оваја екипа на Рибари по то прашање никогаш. Дај боже да имат шо појќе такви момци ко јадрото кај нас. Не сме најдобри навивачи ФАКТ, имаме мани како секоја група ФАКТ, имаме многу подобри работи од мани исто ФАКТ, ама на тема поврзана со родољубие и патриотизам сме се покажале секогаш ФАКТ!
А никој од нас не е НУСТРАДАМУС да предвидит некој работи за некој ликој шо ќе станет во животот. Исто и вие пример дека 10 души од тие 1000 вчера во вашиот коп ќе заминат по погрешен пат. То е нивна одлука ама зато групата после то ќе си постапит со нив како шо требит мислам ме разбра.

#Живели!
Живели во Србија тука се велит Наздравје
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.143
Поени од реакции
35.152
Кмеее кмееее, не гаѓааа со парички и шишиња. Ние сме најдобрите фајтери без ниедна тепачка или акција во последните 20 години. Кмеее не пуштија да дојдеме 500 души, да гледаме тимот како се бори за титула, не оставија цела утакмица и не гаѓаа со шишиња вода од 0.5л.

Фамозното столче што летнало кога вие сте влегле едвај стигна до џандарите, на 15 метри од вас, за во наредната минута да исфрлите 3 бакљи кон обична публика, кои што ви беа експресно вратени. Ете ви го видеото, два поста над мојот, со точна минутажа кога да отворите. На крај краева на гостување идете, што очекувавте кафе и локум?

Овие услови што ги нуди Вардар за гостински навивачи, кои што се најмногу благодарение на Комити, ги нема никаде на друго место во државава, а најмалку у таа вашата шупа. Минимум една недела однапред знаете колку карти ќе добиете и колку луѓе ќе се истоварите, за разлика од вашите селски финти што ги правите и не кажувате до последен момент колку гостински навивачи ќе дозволите. Еден ден 150, следниот 100, на ден пред утакмица 120 и слично.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539

0:44 предметот што лета е кафе, 1:51 локум за со кафето. Од обичната публика воопшто нема пцовки и провокации, ниту пак се забележуваат реквизити на Чкембари меѓу нив, а полицијата и редарите се баш фини и гостопримливи. :love:
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
Пољаците од Битола изненадени дека летнало едно столче и неколку флаши вода,па одлучија храбро да фрлаат бакљи кон неутрална трибина.Одлично дерби во секоја смисла на зборот.Прво најголема бројка до сега на ракомет од двете страни,пароли добри(Чкембари се многу напреднати во тоа поле што е за пофалба исто и изгледот на трибина),навивање искрено ќе зборам за Комити и не беше нешто посебно,сме знаеле со многу помала бројка да имаме подобро навивање ама многу залутани фаци и плус мора микрофон да има затоа што на таа бројка многу тешко се слушаат инструкции и кога ќе се започне песна.За Чкембари не можам да кажам како навиваа оти само 2-3 пати се слушнаа до нашата трибина што е нормално па за тоа реално мислење може да даде некој што бил поблиску до нив.Од нашите пароли таа со гостувањето со една кола мислам дека е една од подобрите што се извадиле во последно време,буквално болната вистина им ја плеснавме на интересен начин.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.143
Поени од реакции
35.152
Две пароли до сеа посветија за форумов, а да не беше форумов и темава, и да не се дискутираше за тоа, уште ќе пишуваа пароли на искинати гаќи со неразбирлив фонт како некој со мозочен да ги пишувал. :icon_lol:
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
78
Поени од реакции
343
Можам да замислам како би било Чкембари да влезеа исто како што влегоа сите заедно само без идење одма накај ограда и фрлање бакљи накај неутрална , туку само да ги запалеа и да згрмеа со песна небитно каква.....ке беше чиста 10ка :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Во секој случај да ги тргнеме на страна "инцидентите" од вчера. Комити повторно им помогнаа на Чкембари кога беше потребно. И ова не е за фалење, секој нормален навивач во државава би го направил истото. Они веќе се заблагодарија за гестот. Јас не од име на Комити ама во мое име сакам да им се заблагодарам на Битолските Комити за помошта на ден-два пред натпреварот. Има двајца јунаци, едниот не верувам дека е член ама другиот е. Ќе се познаат. :kuracc:
Автоматски споено мислење:

Фото извештај | РК Вардар - РК Еурофарм Пелистер (26.03.2023)
ДЕКЛАСИРАЊЕ!


1679928802213.png
1679928810772.png
1679928849462.png
1679928886445.png
1679928902513.png
1679928917368.png
1679928932854.png
 
Последно уредено:
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.403
Поени од реакции
3.292
Многу ниско од РК Пелистер, да ги нападнеш своите навивачи кои се трошат во секоја смисла за тебе и ти даваат максимална подршка е еднакво на скандал.
Што и да направиле, а не е ни оддалеку толку лошо како што се преставува(некои $ убија дете во заседа па нивните клубови не се оградуваат од нив), клубовите треба да разберат дека постојат само и само ради навивачите и за навивачите.
7CC22407-B016-42AD-92AF-2F2243D5720C.jpeg
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.688
Од нашите пароли таа со гостувањето со една кола мислам дека е една од подобрите што се извадиле во последно време,буквално болната вистина им ја плеснавме на интересен начин.
Мал форумџиски поздрав им е тоа, дека многу не потценуваат :P
337876690_583667837045692_923299649422806713_n.jpg
 
Член од
3 март 2019
Мислења
106
Поени од реакции
472

0:44 предметот што лета е кафе, 1:51 локум за со кафето. Од обичната публика воопшто нема пцовки и провокации, ниту пак се забележуваат реквизити на Чкембари меѓу нив, а полицијата и редарите се баш фини и гостопримливи. :love:
Ко гостувафме во маџари случајно неутралците сите беа чентовци со камења и стаклени шишиња или тегли со зимница подававте?
А дек во моментов сте најдобри во Македонија то е реалност шо не ја оспорвам.
 
Член од
18 јули 2021
Мислења
68
Поени од реакции
528
Пошо сами почнавте да си реплицирате и дебатирате, мислам е време имево од Навивачки групи во Мкд да се менит во Комити Фан клуб.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom