Ај малце да пишеме, бидејќи очигледно сите се правиме наудрени на форумов и не го гледаме слонот во собата...
Пред шест дена, новото раководство на Чкембари правеше мобилизација за натпреварот со Нексе. Буквално истата мобилизација ја правеа како сега за Вардар. Важен натпревар, башка ново раководство, зицер што се вика.. одзивот беше преслаб. Речиси стотина членови во копот. Башка што натпреварот се играше во Битола.
За Вардар ја прават истата мобилизација. И сите знаеме дека ќе дојдат повеќе. По натпреварот ќе пишуваат како тие се број еден, како никој не може како нив да навива, активните анти Комити форумџии ќе им кликаат лајкови, ќе се нашлепаат на нивните коментари. И така секое дерби во круг. Но, ајде еднаш да бидеме реални. На што личи ривалството Комити - Чкембари?!!
Имаш една група која од пред три години, после тешки внатрешни конфликти и битки околу името, нема застанато со работа и развој. Обновени се речиси сите постари екипи, новите желни за докажување буквално гризат. Бројката на трибина е константна, како дома така и на гости, и се повеќе расте, што е уште еден показател за тоа колку се работи на улица и надвор од трибина. Кореографии и пиротехника на секој натпревар. Маркетинг како никогаш до сега. Акции на улица да не зборам...од баклијадата на кеј, преку цртањето речиси сто графити, константните герила акции и сл.
Од друга страна имаш група која е во константна статус кво ситуација. Киднапирана од постарите членови, кои со години паразитираа врз групата и не дозволуваа таа да расте. Маркетингот сведен на минимум, кореографиите и баклијадите во 90% од случаевите се правеа само на дерби натпреварите со Вардар. Бројката на фудбал очајна (Освен на натпреварот со Вардар
)
Бројката на ракомет, да речеме добра, со тоа што повеќе мислам на минатата година, отколку на оваа. Оваа година немаат 2-3 натпревари каде што можат да се пофалат со бројка.
И да, секогаш, ама секогаш нови оправдувања. Некогаш е тоа лошиот фудбал, некогаш е ВАЛЕНТАЈН, некогаш е Управата....
И еве, доаѓа натпревар со Вардар, и тоа на гости, и секако, нема никакво оправдување. Се најавува некаква си инвазија, чуда...
Јас искрено би се срамел, и би се запрашал, зошто пред недела дена во Битола копот броеше едвај 100 луѓе, зошто тој пред две недели броеше 50 луѓе, зошто константно периодов беше лоша бројката, и зошто во Скопје сите одат без воопшто да треба да ги мобилизираш. Ме радува што новите деца во Чкембари направија ударен транспарент ПЕЛИСТЕР, зошто очигледно голем дел на групата заборава дека тој клуб, а не Вардар и Комити треба да биде причината зошто се појавува еден член на трибина.
Ја отворив оваа тема зошто ривалството со години веќе нема поента, освен историската. Со што мене како Комита, навивачите на Пелистер ме испровоцирале во последниве години? Бројка, издание, акција...? Еве, слободно нека пише некој доколку сака.
И сега, во недела после натпреварот, сите тука ќе се правиме наудрени. Ќе глумиме и коментираме, а сите, не само Чкембари и Комити, сите знаеме дека во периодот по дербито, пак се ќе се врати на старо. Ќе се чека некое ново дерби за нова ИНВАЗИЈА...супер би било и на домашните натпревари да направите инвазија некогаш, за промена. Секако, и на гости, бидејќи РК како што знам ви е приоритет. Така би дале некаква си мотивација кај Комити, да почнат повторно на ривалството да гледаат со респект.
Се надевам искрено дека новото раководство на Чкембари ќе ја смени плочата и нема да дозволат веќе Вардар и Комити да бидат главна причина за одење на трибина.