Ајде понеделнички од работа еден извештај за дербито од моја перспектива. Ништо не преувеличувам, стварно мислам дека ве прегазивме.
Голема еуфорија имаше за дербиво цела недела низ Скопје, зборев со многу луѓе кои беа заинтересирани за дербитоа, а не се дел од редовните 100-150 за гостовања. Добри најави од екипи од целиот град и секако видео најавата која беше next level. За време на целата мобилизација се провлекуваа два проблеми - сабота е работен ден за многумина, и времето за поаѓање во сабота во 9 сабајле е прилично неповолно. Смејте се колку сакате ама овие две работи ни ја намалија бројката за минимум стотка. Не дека е битно ама нека стои.
Мобилизацијата се истера, дојде сабота. На собир веќе имаше одлична енергија, 3 автобуси и 10 комбиња наредени на булевар изгледаат многу моќно. Се тргна на време и без проблеми, без празни места. Значи 3 автобуси по 50 се 150, 10 комбиња минимум по 15 се исто така 150. Бројката во најлош случај е 300, а реално е околу 320-330. Нека става точки колку сака интегралниот што за ФА пишува дека биле 150 на 70 точки, бев во саботата видов со свои очи. Немам зошто да лажам, нема што да се објаснуваме, крај краева ете и 250 нека биде бројката чисто за да не дискутираме веќе за тоа, небитно е со оглед на тоа што следува.
Пристигнувањето во Битола беше одлично, кратко кортео, сите во црно, сите почитуваат инструкции и се пука огномет. Вашиве на неутрална мислеле дека огнометот е организиран од пелистер за отварање на трибината. Голем плус е што не се фрлаа камења или уште полошо што огнометот не се пукаше кон кафаната до стадионот. Сигурно преку 30 луѓе беа наредени на прозорите и снимаа со телефони. Да беше некое друго време, верувам дека идиотски ќе се фрлаа камења или уште полошо ќе се запалеше кафаната со оглед на пиротехниката која се запали на кортео. Браво за целата екипа која беше присвест и браво за раководството што конечно успева да изгради поинаков менталитет. Навивањето почна кога се поставивме на трибина, без провокации, без непотребно курчење и инциденти со редари или обична публика, освен една бакља посветена за нашиот омилен редар. Ќе го стигнат долговите кога тогаш.
Прво полувреме грмевме, особено првите 20 минути кога се пееше „Во градот Скопје има само еден клуб“. Страшна еуфорија има на таа песна, цела трибина скока во еден ритам, права журка. Редарите не гледаа со восхит. Ние грмиме, Вардар губи 2-0. Ако ако нема везе, осеќав дека ќе ја вртиме. Првата парола заедно со пирото и ударниот транспарент изгледаа одлично. Веќе подлог време ударните знамиња се 10/10. Уметнички дела. Skopje style пиро шоу, да се чуди горан како сме купиле и внеле пиротехника. Реално контролите беа причино детални и спречија шверц на минимум уште десетина стробови. Освен пирото повторно беа извадени малите знаменца и 6 барјаци, во рамки на темата skopje style.
На полувреме малце заебанции и курташак дур битолчани дремеа. Беше споменат и форумов, не верувам дека Ацид некогаш помислил дека кајгана форум ќе се скандира на дерби меѓу Вардар и Пелистер.
Второ полувреме продолживме во ист ритам, грмење од почеток до крај, овој пат помогнати од добрата игра на Вардар. Мислам дека до 90та минута се пееа се на се 2 песни и неколку скандирања. Се извади и парола со која ви се честиташе за стадион, голем дел наседнаа и не поздравија со аплауз, за после 20 секунди да се извади контра. Очигледно беше, веќе видено од многу групи, не знам како се навлекоа тие што аплаудираа. Последните 5 минути навивањето спадна, мислам дека издишавме со оглед на тоа што се навиваше константно со мала пауза од 5 минути на полувреме, а веќе и се подготвувавме за пакување.
Ќе сумирам неколку аспекти кои сметам дека се битни:
1. Навивањето. Според мене ве издоминиравме тотално. Не само што бевме погласни, туку бевме исклучиво посветени на нашиот клуб. Освен една сузана, друго ништо не беше посветено на вас. 90 минути за Вардар и никој друг. Вас ве слушнав неколку пати кога менувавме песни и тоа беше очајно. Едвај се слушавте иако ние ќутевме. Све што слушнав беше против Вардар. Истото го зборат и луѓе што го гледали стримот, кога и да се се слушале сте пееле анти СК и анти Вардар. Патетично. Очекував некој да пише објактивен коментар од страна, сите мои познаници кои гледале на стрим ми рекоа дека било 60-40 во наша корист, имајќи го предвид тоа дека камерата стоеше на буквално 30 метра од вашиот коп, тоа е дебакал. На стадион сигурен сум дека ние се слушавме повеќе. Не само заради тоа што навивавме подобро, туку и заради поставеноста на трибините. Морам да кажам дека трибината е прекрасна, има одлична акустика и навивањето грми. Од друга страна вашата трибина е чисто срање, колку и да навивате џабе кога пола ви оди во воздух.
2. Паролите.
Смешни ви се паролите за нашите „судири“и дека некој некого молел, секое дерби правите некоја приказна како да не шлакате кај стигнете, а уствари нема никаква поткрепа тоа. Паролата за шпионите исто ви е тотална утка, баш комити најмногу се спротиставиле на тие полициски шпиони, сите знаеме низ каква голгота помина групата. Од наша страна точно погодивме со таа за стадионот, искрено не очекував да наседнете. Понатаму, паролата дека западот ќе ви покаже не се однесува само на пирото од саботата, туку општо на целокупното ваше функционирање. Почнавте да применувате многу од нашите техники во краток период. Прво бевте одлскул без видеа и слики, па почнавте да снимате и монтирате (ништо чудно и да воведете најавна шпица Браќа Манаки). Понатаму, рачно цртаните мотки ги вадите непосредно после нашите, иако се исмејававте дека сме биле конфкеција и ликовна секција. Мора да признаете дека квалитетот ви е значајно полош, иако вие од тоа се оградувате со „олд скул“.
3. Корео.
Океј извадивте мотки, ние извадивме рачно цртан транспарент и рачно шиени знаменца. Вие old school мотки, ние new art school транспарент. Неспоредливо подобар.
4. Пиро.
Пирото ви беше океј за рибари, паткари, лозари и екипи од тој ешалон. Ако го споредиме со нашите пиротехнички изданија, просечно. Нашето пиро беше солидно за гостување. Послабо од вашето, ама тоа е многу разбирливо. Вие што сакате можете да внесете на ваша трибина.
Конечно, мислам дека навивањето кое се разбира е најбитно беше убедливо на наша страна. И во гласност, и во енергија и во репертоар на песни. И двете групи навиваа за Вардар, едните од љубов другите од омраза.