Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 август 2013
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.322
А шо е страшното ако имате меѓусебно ривалство? Не сакам да навлегвам во националистички муабет, чисто зборам навивачки. Па ривалството е она кое те тера да правиш се да си подобар од другиот. Нема да сте вие помалку албанци ако му пцуеш чаирски п... и на шверцери и обратно. Според мене едно со друго нема врска, али вие си знаете
Ako citash dobro, pisuev ne sakav da e se krene rivalstvoto na ova nivoo. Znaci sekogash sakav da ima edna vrata za dvete i za nas kaj niv i obvratno, zatoa shto taka e situacijava vo drzavata ako me razberesh :).
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
818
Поени од реакции
1.210
И за нив една Тиранска или Приштинска платформа,да се смират страстите.Срамота е навивачки групи од ист етникум да имаат ривалство.
 
Член од
26 април 2021
Мислења
156
Поени од реакции
750
Заврши уште една навивачка година...

Со години пред се фудбалската тифо сцена не била волку актуелна и оригинална.

Јас да бидам искрен бев скептик и мислев дека короната ќе ги потепа и она малку ултраси што останале, така да..секој чест за секоја група која успеа да се крене после се ова што ни се случи. Па да тргнеме со ред..

Дефинитивно Комити сезонава го држат престолот. Конечно, после 10 години една млада, здрава екипа успеа да се наметне и со поддршка од постарите да изгради трибина посветена само на Вардар и Комити. Оригиналноста на кореографиите, маркетинг акциите, песните и видео материјалите беа навистина на завидно ниво. Се надевам дека ги разбраа нашите грешки и дека политиката засекогаш ќе остана настрана од групата. После толку борби за името, за државата и се останато, Комити нема кому да се правдаат. Повеќе од било кого дале жртва. Зборам жртва во навивачки план, немојте одма да ми пресметувате кој дал повеќе жртви 2001. Слава на секој што го дал животот за Македонија.
Сега е време групата да се крене. Поддршка до младата екипа Аптекари. Само напред !

Чкембари беа во колапс до пред некој месец но ракометната треска и новото јадро допринесоа групата да се консолидира. Освен братското дерби со Тиквеш, реално многу подобри изданија имаа на ракомет, заклучно дербито со Вардар кое конечно се одигра со две навивачки групи. Ептен пред брзо се оформи тоа јадро па допрва ги очекуваме вистинските изданија.

Фаланга Штип, група која не знам зошто толку се занемарува, а е буквално една од главните изненадувања. Момците се држат до вистинска ултра приказна. Од константноста на трибина, преку начинот на облакање, до транспаренти, гостувања и се останато. Да не заборавиме, збориме за група од Штип, град со многу малце луѓе, слаб клуб и најважно град кој нема константна долгогодишна навивачка традиција. Се било од време на време. Ова сега е веќе озбилно. Браво за дечките и се надевам новите генерации ќе успеат да ја продолжат причата.

Лозари годинава далеку од тоа што очекуваа сите дека ќе бидат. Се разбира дека бројката често зависи од резултатите но, сепак после таква еуфорија и прослава на годишнината реално беше да очекуваме повеќе. Несомнено е дека имаат едуцирано јадро, но некако дали ради бројката дали ради резултатите на Тиквеш не можат да го мобилизираат градот да доаѓа на стадион. Верувам така кореата и се останато би биле различни. До тогаш ова според мене е реалната слика за нив.

Рибари се најчудната група годинава. Не знам ни како да ги дефинирам. Група со никогаш докрај дефинитивно разјаснета идеолошка рамка. Членовите со чест на исклучоци без многу навивачка свест. Нападот кој го доживеаа од Комити и нивното неснаоѓање докажа дека им треба уште искуство, а не само куцкање глупости по интернет. Желбата за реванш се виде при натпреварот Воска - Вардар, но за нивна жал од Скопје дојде и те како спремна екипа со која и самите беа свесни дека не можат да се носат. За поздрав е бројката на ракомет кој факт е дека е попривлечен од фудбалот. Можеби таму повеќе треба да се ориентираат.

Паткари дефинитивно мора да работат повеќе на мобилизација. Маркетинг акциите не значат се во навивачкиот свет. Поддршка до дечките кои се гледа дека се трудат колку можат.

Останатите групи се далеку од овие тука кои беа вредни за спомнување, така да ова е некое мое гледање на целата веќе измината полусезона.
 
Член од
22 септември 2021
Мислења
172
Поени од реакции
722
Непознати сторители упаднале и беснееле на стадионот во Чаир. Епилогот е скршени столици на трибините, врати и инвентар во соблекувалните, а бил запален и оган.

????
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom