Навивачки групи во Македонија!

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Денеска пак имаше некое кошкање кај Комитите на почетокот.
Инаку одлично навивање и добра порака беше испратена.
Добро е што не слушнав ни една навреда кон Скопјани од обичната публика(барем од оние околу мене)
а и не се случи ниеден инцидент иако имаше многу луѓе од Скопје кои седеа со обичната публика.
Ништо посебно, се спречкаа две деца. Тоа е кога алкохолот и топлото ќе им удрат во глава :D

Бројно гостувње денеска, што беше очекувано иако немаше никаква организација. Дел дојдени со воз, дел со коли. Пред утакмица дел од подгрупите имале дружби на базенот Снупи, дел по кафаниве. Ние стигнавме на 20-тина минути пред почеток на натпреварот и стадионот веќе беше полн. Немаше никакви проблеми со домашна публика, иако влеговме од ист влез како Гемиџии и моравме да поминеме низ целите трибини за да дојдеме до нашата, покрај противничките фанови. Одамна не сум присуствувал на натпревар со две групи и натпревар на кој ќе има над 5000 гледачи. На стадион во Велес последно сум бил кога игравме со Работнички таму. Ништо не се променило, освен што спротивната трибина ја заградиле со лим. Дури и полошо ми се видоа трибините. Олд скул стадион, во кој освен главната трибина со столови на кои ако седнеш слободно може да ги фрлиш алиштата после тоа (можеби само во нашиот дел беа такви), остатокот е прашума, домашните навивачи седеа на брдо, на ливада. Можеле барем малку да го израмнат тој дел, еден багер треба само да се удри. Очекував многу повеќе да се инвестира како во Борец, така и во инфраструктурата.
Кај нас навивањето во првиот дел беше одлично. Имавме и пиротехника, одличен изглед на ограда и на трибина, за во второ полувреме стандардно да се раштркаат сите и навивањето да опадне до средината на полувремето. Гемиџии не ме импресионираа, а бидејќи влеговме во исто време со нив, забележав дека немаат некоја добра организација. Изгледа по смена на власта, голем дел од минатите водачи се откажаа од групата, особено по апсењето на Ќосето и преземањето на клубот од страна на Кочо Анѓушев. Пред мечот апелираа да нема провокации и да си го гледаат само својот клуб.
Навивањето беше пријателско, на моменти заедничко. Имавме заедничка кореографија, односно парола (не можам точно да се сетам ама нешто беше The history repeats, (нешто) truth, Macedonian will never surrender. Следуваше заедничко скандирање, а потоа и во второ полувреме ја кренавме цела публика на нозе и се скандираше У-А Македонија. На крајот од прво полувреме се пееше Македонија на Македонците.
Гемиџии навиваа добро во последниот дел од мечот, во прво полувреме слабо се слушаа до кај нас. Ме зачуди што немаа пиротехника.

И нормално, за овој меч да не помине идеално, се погрижија специјалците. Непотребно голем број на специјалци и полиција. Возот за назад побегна и требаше да се чека два часа за наредниот. Добиле наредба дека не е безбедно да се пушти толкава група низ градот, така што решиле дека треба да не чуваат на трибина додека не дојде возот. Проблем имавме тие што сме со коли, бидејќи беспотребно требаше да чекаме. Па, добија генијална идеја. Да пуштаат по еден човек кој ќе покаже клуч од кола, кој ќе ја донесе колата блиску до стадионот, па потоа ќе ги пуштат останатите што се со него :pos: :pos: :pos:

Во секој случај, ова е доказ дека под итно треба да се тргнат забраните за гостувања. Фудбалот се игра за публиката.
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
138
Поени од реакции
268
Многу паметно изиграно од наша страна,што не подпаднавме под провокација и разумно истрпевме се што ни беше сервирано. На крај чекањето на стадион се претвори во журка и заебанција. Чиста шизофренија Се на се одлично обработено гостување. Баш навивачки без организирани автобуси итн
 
Член од
20 август 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Слушнав дека Кумани од сезонава ке се вратат, и дека некој ги има платено за тоа. Знае некој колку е точна информацијава?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Не прават проблеми ама еве вчера направиле,оставиле двајца родители без 17 годишно дете.Убиениот можел да биде од било која националност ама еве пак е Македонец.Нека почива во мир.
Нема везе со меѓуетнички инцидент ко што разбрав. Дечково истепал некој локален клошар што ги рекетирал децата у маало, овој клошар (македонец) викнал другар албанец и заедно го нападнале. Со ножот на македонецот, албанецот го избодел дечково.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.162
Нема везе со меѓуетнички инцидент ко што разбрав. Дечково истепал некој локален клошар што ги рекетирал децата у маало, овој клошар (македонец) викнал другар албанец и заедно го нападнале. Со ножот на македонецот, албанецот го избодел дечково.
Прв пат слушам за оваа приказна.
Како и да е меѓуетничките инциденти можат да се спречат само со строг закон кој никоја македонска партија досега не го понудила.Мора да се превземат неколку ригорозни мерки за да се намали.
За секој напад досега на македонско дете по автобуси или на улица најголеми виновници се македонските политичари и двете партии а и целиот систем кои они го сочинуваат.
На приер еден од убијците на Саздо само за еден месец имал направено веќе два инцидента од кои еден бил од меѓуетнички карактер.Ако тогаш институциите превземеле нешто можеби денеска еден млад човечки живот немаше да згасне.Повторно ја барам грешката во народот затоа што за време на партиски избори никогаш не го интересираат вакви теми туку партиско вработување.

Не живеам во Скопје и освен од интернет и слушање со некоколку души кои живеат таму го градам своето мислење за меѓуетничките тензии така да не можам да кажам дали тоа е во пораст,намелено или пак е во исто темпо.

Мојот личен став е дека тешко во наредниве 15 години ова ќе се искорени,поготово кај младите.А тој е период е многу голем и уште многу млади можат да настрадаат а ниеден млад живот не е вреден да се изгуби за било каква работа и да станува збор.На нас(или пак на Скопјани,зошто искрено другите Македонци кур не ги боли за останатите проблеми на Македонците од другите градови) останува што ќе превземе и како ќе се обидеме да го промениме нешто.

За жал не гледам дека има некоја инцијатива за да се случи некоја промена на подобро иако досега настрадале многу млади деца.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.823
Поени од реакции
7.120
Вчера пелистер, денес еурофарм. Ваљда иста врска ко миравци што имаше.
Ako ubavo gledam pisi eurofarm Pelister a ne miravci ili vardar 2011 ili kako bese pa registracija vo nekoe sela itn... Patem temata e ng a ne drugo nesto deka ne e napravno kako sto sakame e fakt no isto taka deka ne isto kako toa sto go spomenavte isto e fakt pa ti vidi sega ima posebna tema tamu moze da pises sto sakas
Isto vazi za konjanikot sabja so ima vrska fb slikata so ng?

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 

ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.444
Поени од реакции
6.303
Не си лечете комлекси, знам дека ве боли уште.
Нема допирна точка со вашата фузија !
Ние не испаѓаме и не се распаѓаме !!! Еурофарм (читај ЕУРОФАРМ а не работник) го купва Пелистер !

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Не си лечете комлекси, знам дека ве боли уште.
Нема допирна точка со вашата фузија !
Ние не испаѓаме и не се распаѓаме !!! Еурофарм (читај ЕУРОФАРМ а не работник) го купва Пелистер !

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Аха баш така :kuracc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom