- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.450
- Поени од реакции
- 68.690
Ништо посебно, се спречкаа две деца. Тоа е кога алкохолот и топлото ќе им удрат во главаДенеска пак имаше некое кошкање кај Комитите на почетокот.
Инаку одлично навивање и добра порака беше испратена.
Добро е што не слушнав ни една навреда кон Скопјани од обичната публика(барем од оние околу мене)
а и не се случи ниеден инцидент иако имаше многу луѓе од Скопје кои седеа со обичната публика.
Бројно гостувње денеска, што беше очекувано иако немаше никаква организација. Дел дојдени со воз, дел со коли. Пред утакмица дел од подгрупите имале дружби на базенот Снупи, дел по кафаниве. Ние стигнавме на 20-тина минути пред почеток на натпреварот и стадионот веќе беше полн. Немаше никакви проблеми со домашна публика, иако влеговме од ист влез како Гемиџии и моравме да поминеме низ целите трибини за да дојдеме до нашата, покрај противничките фанови. Одамна не сум присуствувал на натпревар со две групи и натпревар на кој ќе има над 5000 гледачи. На стадион во Велес последно сум бил кога игравме со Работнички таму. Ништо не се променило, освен што спротивната трибина ја заградиле со лим. Дури и полошо ми се видоа трибините. Олд скул стадион, во кој освен главната трибина со столови на кои ако седнеш слободно може да ги фрлиш алиштата после тоа (можеби само во нашиот дел беа такви), остатокот е прашума, домашните навивачи седеа на брдо, на ливада. Можеле барем малку да го израмнат тој дел, еден багер треба само да се удри. Очекував многу повеќе да се инвестира како во Борец, така и во инфраструктурата.
Кај нас навивањето во првиот дел беше одлично. Имавме и пиротехника, одличен изглед на ограда и на трибина, за во второ полувреме стандардно да се раштркаат сите и навивањето да опадне до средината на полувремето. Гемиџии не ме импресионираа, а бидејќи влеговме во исто време со нив, забележав дека немаат некоја добра организација. Изгледа по смена на власта, голем дел од минатите водачи се откажаа од групата, особено по апсењето на Ќосето и преземањето на клубот од страна на Кочо Анѓушев. Пред мечот апелираа да нема провокации и да си го гледаат само својот клуб.
Навивањето беше пријателско, на моменти заедничко. Имавме заедничка кореографија, односно парола (не можам точно да се сетам ама нешто беше The history repeats, (нешто) truth, Macedonian will never surrender. Следуваше заедничко скандирање, а потоа и во второ полувреме ја кренавме цела публика на нозе и се скандираше У-А Македонија. На крајот од прво полувреме се пееше Македонија на Македонците.
Гемиџии навиваа добро во последниот дел од мечот, во прво полувреме слабо се слушаа до кај нас. Ме зачуди што немаа пиротехника.
И нормално, за овој меч да не помине идеално, се погрижија специјалците. Непотребно голем број на специјалци и полиција. Возот за назад побегна и требаше да се чека два часа за наредниот. Добиле наредба дека не е безбедно да се пушти толкава група низ градот, така што решиле дека треба да не чуваат на трибина додека не дојде возот. Проблем имавме тие што сме со коли, бидејќи беспотребно требаше да чекаме. Па, добија генијална идеја. Да пуштаат по еден човек кој ќе покаже клуч од кола, кој ќе ја донесе колата блиску до стадионот, па потоа ќе ги пуштат останатите што се со него
Во секој случај, ова е доказ дека под итно треба да се тргнат забраните за гостувања. Фудбалот се игра за публиката.