За да не цитирам поќе души, ке пишам тука се малце поопширно во врска со Чкембари на Македонија - Полска.
Од Битола тргнавме 20тина коли и 1 комбе меѓу кои и неколку души од пољаците,по пат ни се придружија и неколку коли Лозари.Од 35 пољаци од Белчатов кои ни беа на гости во Битола,околу 30 тргнаа уште сабајлето во петок за скопје, и за жал сите се уапсени поради присуство во тепачка. Планот беше тие да си одат на нивниот гостински коп со сите пољаци заедно...
Чкембари организирано како навивачка група
НЕ навива за репрезентација, и ќе продолжиме со тој став АНТИ ФФМ, ова во петокот беше чисто ради дружба со нашите браќа од Белчатов. Иначе поединци од Чкембари има секогаш и секаде на репрезентација.
Во петокот не бевме дојдени против никој,уште помалце да провоцираме или да напаѓаме некој, пред стадион кај шо не сместија заради то шо стигнавме 1 сат порано поминија над 100 души со маици, дресој од Вардар и Комити, никој не беше со прст гибнат. Морам да спомнам и дека најмалце не интересираше на која трибина ќе бидиме сместени.
Ко влеговме на стадион забележавме на јужна поединци од Мајмуни и Рибари и искрено ни беше мило, знаевме дека ќе дојдат сигурно и членови на Комити и сакавме баш да пробаме нешто заедно.
По само 10тина минути од првото полувреме се појавија дечиња од Комити во некој филм,намерно и испланирано чиста провокација се залепија до нас на ограда и со некој погледи лути накај нас, и шо мислевте дека ќе се случи? Почнаја пцуења од двете страни и дечињата не поздравија со О Сузана, ние нив со Дирлада и така натаму...
Срамота и резил.
А можеше најнормално долу да си застанат кај шо седеја после то, и од таму ќе си навиваме сите заедно и се ќе си беше во ред.
После ова нормално дека не можиш да имаш влијание врз цел стадион и да бараш да те поддржат, и да има некое навивање барем слично на она на пољаците.
Зато второто полувреме и си седнавме
За инциденти немаше никаква теоретска шанса јасно ни е на сите !
Искрено штета, можеше да испадни многу убо.... амааа.... МАКЕДОНСКА РАБОТА....