Горан БТ, свесно не ти враќам заради темата. Ама во пет коментари не прозиваш, иако темата е поврзана за друго прашање.
После 35 години постоење на Тифо сцената (плус минус некоја година претходно кога постоеле помали групи), уште дискутираме за тоа "како бе успеале да врзат Комити неколку баклијади сезонава"..сериозно?
За жал, групите во минатото во најголем дел биле сведени секогаш на "ура" и на собирање пари единствено за прослави, па од таму и твоето размислување за жал. Оваа генерација Комити го промени тој терк. Постојано сме во акција, групата работи со полна пареа на секое поле. Кога ќе разбереш дека доаѓањето на трибина е последен дел од животот на еден навивач, тогаш можеби ќе разбереш за што ти зборам. Времето што го потроши дома да правиш "математики" за тоа колку ни чинеле плакатите, билбордите да го искористеше да направиш некој производ кој ќе го продадеш и ќе направиш пари за групата, немаше да трескаш вакви зелени, со почит за годините, ама ја претеруваш. Па само 900 маички сега продадовме. Само зимава извадиме десет пати повеќе производи од што вие извадивте за претходните 5 зими. Ама послесно е да седиш дома во фотеља и да куцкаш како сево ова не е вистина и дека некои чичковци стојат во позадина и командуваат за некаква си агенда..Комити единствено одработуваат за една агенда - Вардар. Тоа нека ти биде јасно. Ако ова се смени, јас прв ќе излезам и ќе пишам, зошто сигурно нема да бидам дел од таква трибина. Затоа, доколку имаш документ, информација, фото или било што, конкретно како аргумент, слободно сподели.
Не бркај вештерки, не се замарај со Комити, работи за својата група.
Во однос на Бугарите, делумно си во право. И јас сум за тоа што помалце да се мешаме во работи кои не изгореле, ама во однос на ова прашање секогаш нашиот став бил јасен. Бугариве се актуелни последниве години. Што ве спречуваше порано да дојдете? Што ве спречи барем еднаш да отидете на гробот на Сандански? Многу е мизерно да пишуваш "Ние за Битола ќе си гледаме". Кој муабет е тоа? Што ќе гледате? Видовме како гледате, основачот директно со предавниците. Извадивме една парола само. Не сакавме да ја шириме работата. Да знаеш колку пароли не биле напишани зошто не сакавме душманите да се ситат. Затоа и ти праќав со слика со се во пп. Можев и за нив парола да направиме, ама не сакавме.
Сме ве нарекувале татари и сега сте ни љути, и не доаѓате у Скопје. Што е ова бе, детска градинка? У ќош да идеме ако не..
Видни членови ви заглавија со бугариве, ве испрозвавме, ја средивте работата ваљда. И од тогаш немаме спомнато. Дечко, 20 години ни зборите дека Скопје е албанско, вакво онакво. И сега што треба ние да направиме?
40 години напука, не можеш да видиш подалеку од сааот во Битола...среќа па постојат младинци кај вас што белким ќе успеат да ги надминат плитките визии на досегашните ваши генерации.