Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.974
Поени од реакции
55.033
Член од
31 август 2021
Мислења
314
Поени од реакции
1.684
Кој од кој подобар, браво за арт тимот на Комити :aplauz:
 
Член од
7 декември 2021
Мислења
127
Поени од реакции
1.886
22.06.2022
ФК КАРАОРМАН - ФК Вардар Неготино
Бараж за влез во втора лига.
Неколку слики и извештај од утакмицата:

Незнам од кај да почнам па ке кажам вака, за Скопје тргнавме 2 автобуси кој беа наполнати со навивачи кои одиме цела сезона на утакмици на ракомет, некаде околу 80 души плус 20тина симпатизери. Исто така за Скопје заминаа преку 20 коли, голем дел луѓе од старата екипа на Паткари кој се поддржувачи на групата но не се редовни и активни како порано.
Вкупно бројка бевме близу 200 луѓе, изработен беше нов транспарент и нови црвени маици со логото од Караорман и натпис Карчовци.
Со таа бројка и таков дрес код греота шо не направивме добар коп.
Голем дел од луѓето односно старата екипа мислет дека уште сме во 90тите години па се обесија одма по оградата наместо да формираме коп. Навивањето катастрофало незнам зошто но се изгуби атмосферата, претпоставувам поради тоа што не беше формиран добар коп и поради тоа што пола луѓе висеа на оградата.
На крај на натпреварот беа запалени неколку бакљи и неколку стробови, се прослави заедно со играчите во терен и назат за Струга, во Струга беа повторно пречекани играчите со бакљада и прославата продолжи во локален кафич.

Околу Винари, воопшто не ме зачуди бројката, ја очекував таа бројка, како навивачи не беа ништо повеќе од 120-150 души но застанати беа заедно со сите Неготинци, многу подобро навивање од нас секоја чест, мизерна парола на ограда, во второ полувреме не прозиваа со довикување Јавете се Стружани на што одговоривме со аплауз и заедно ја испеавме Македонија на Македонците, на крај од натпреварот односно после пеналите дојде до рчкање меѓу играчите, по што нашите се пуштија во терен ама играчот од Неготино беше удрен од наш играч ( имат снимка )
Маицата е земена кај нив на трибина.

Толку незнам што да кажам друго ова е во кратки црти, кој како сакат нека мислит и нека викат, ние си поминавме прејако башка и си влеговме во втора лига, се гледаме од август.
 

Attachments

Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.725
Кој од кој подобар, браво за арт тимот на Комити :aplauz:
Силата на оваа генерација Комити е во тоа што не е еден арт тим, туку се многу подгрупи кои функционираат засебно, а истовремено функционираат и заеднички како една екипа. Затоа и очекувам да се стигне до невидена бројка на графити летово. Не може да има замор кај екипата што црта од причина што не е една, туку се десетина засебни групи. Сите да нацртаат по 5 графити отидовме до 50к, а ќе се нацртаат и повеќе од 5 по подгрупа сигурен сум.
Мислам дека следната сезона ќе биде вистинска експлозија и ќе се достигне ниво кое досега не е допрено во Македонија.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.029
Поени од реакции
5.676
Мислам дека следната сезона ќе биде вистинска експлозија и ќе се достигне ниво кое досега не е допрено во Македонија.
Моја претпоставка е дека ќе има бум цела тифо сцена
 
Член од
26 март 2022
Мислења
246
Поени од реакции
774
Сакале, неќеле мора да се признај дека сегашниот успон на Комити меѓу другото, повлече и другите групи да станат поактивни пред се на креативен план. Бројчано мислам дека групите немат ни некој потенцијал за голем раст(освен ФА, а до негде и Комити, пред се поради егзодус на младината од државата) , ама барем естетски во и надвор од трибина сцената добива коректен лик.
Лично мислам ќе биди свако чудо за три дана, ама следниве сезона, две ќе бидат интересни за следење. :tvg:
 
Член од
27 ноември 2021
Мислења
358
Поени од реакции
2.004
Сакале, неќеле мора да се признај дека сегашниот успон на Комити меѓу другото, повлече и другите групи да станат поактивни пред се на креативен план. Бројчано мислам дека групите немат ни некој потенцијал за голем раст(освен ФА, а до негде и Комити, пред се поради егзодус на младината од државата) , ама барем естетски во и надвор од трибина сцената добива коректен лик.
Лично мислам ќе биди свако чудо за три дана, ама следниве сезона, две ќе бидат интересни за следење. :tvg:
Затоа баш сега е момент групите да изградат менталитет и да не паднат за 2 сезони.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Се надевам Шверцери нема да си го покажат мајумнското во нив и да ги ишкртаат сите графити на крајот на летото. Уствари не ги ни шкртаат, балони со боја фрлаат ко и увек. Штета е вакви дела да се изгубат ради неедуцираност кај "навивачите".
Добро е што сите групи работат, браво!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom