Ај откако отиде темава за дербиво у курац...
Прво, комуникацијата со РК Пелистер не беше сјајна. Се обидуваа на сите начини да го саботираат гостувањето со тоа што намалуваа бројка, бараа лични карти и се што знаеа во старт дека ќе предизвика проблем. Луѓето кои биле дента во Битола на фудбал не сакам да ги коментирам. Ниту била смислена акција од групата ниту па некој знаел. Индивидуален обид/акција која нема врска со Комити.
Околу бројката...нели е малце глупо да серете за бројка од 130 луѓе кои во рок од три дена се мобилизираа во НАЈМИЗЕРНИОТ можен термин (среда од 14:40), а од друга страна истиот ден вие на домашен терен сте 60 луѓе на трибина. Зборам за фудбалското дерби.
Кога сме кај фудбалот, зборите како римата, песните на Комити се смешни, а неколку дена после тоа вадите "рима" ПОКРАЈ СЕ, НЕ ПРЕДАВАЈ СЕ?????? Сериозно?....
Од Скопје тргна микс помеѓу млада и искусна екипа и дел од постарата екипа. Веќе е јасно дека доста членови ја увидоа искрената борба на аптекариве и се вратија. Доказ беше ова дерби. Многу искусни и спремни ликови беа присутни, а кои не оделе долго.
Во Битола на влезот класика, битолските редари (Чкембари) провоцираа, бараа тапанот да го земат додека полицијата горе доле беше коректна. Очекувавме напад бидејќи блискоста со домашната публика беше еден метар, но се се заврши на пцуење.
Искрено, и сами сме свесни дека тешко е напад да се направи, но Чкембари толку ја силуваа приказната со Младост, со муда и остали чуда што реално е да го кажам ова. Сега се уверивте ли дека тоа што Полицијата со години забранува гостување нема врска со вас? Ниту вие ниту Шверцери, ниту Балисти (Добро, таму веќе илјада пати гостувавме) немате ниту сила ниту луѓе за таква акција. Ниту Комити немаат, да се разбереме. Сите се свесни дека при таков напад би страдало јадрото на групата, тешко дека воопшто би се стигнало до противниците а последицата од сето тоа би била огромна парична казна.
Паролите горе доле очекувани. Само таа "Комити, сида, корона" не ја коментирам зошто не вреди. Другите имаа некоја поента или традиција.
На излезот настана кошкање со полиција, мал инцидент кој брзо се заврши. Било како било, падна митот повторно за Младост како сала. И сега може да не замараат Чкембари со глупи причи. Прашање на време е кога МВР ќе дозволи гостување во Чаир за да не лапрдаат и тие многу.