Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.857
Поени од реакции
7.237
@VardarVoSrceto
Мешате баби и жаби националното обединување на НГ за прославата на Илинден беше најголемиот и единствен чин до сега во историјата исто така и договорот за НГ да бидат заедно на баражот со Косово врска нема ффм, мвр шо ти знам политика (ффм беа само да помогнат и кординираат дел од работите) сите што биле на состаноците знаат кој беше ставот на групите и против ффм, небитно обединувањето и тоа после го испостравте затоа што имало кодоши кај вас преку изјавите и документите на Палчо сите да видиме шо се случувало
Втора работа тоа што се случи беше еднаш и повеќе никогаш не верувам дека ќе се повтори а секаде во сите групи сигурно имаше отпор да нема обединување но секаде се почитуваше (патриотски) став на групите и мнозинството а како ќе завршеше само бог знај иако мислам дека ќе се изрезилевме(истепавме) на крајот ќе имаше проблеми на запад оти ќе беше голема бројка и мешани НГ ама помина без последици и за тоа памет за друг пат да нема никогаш обединување со скопјани оти си имаат кодоши во групата!
Шо се однесува на прозивките за цигани па забавата на огнот и шо знам шо друго тоа е мачкина кашлица за вашите глупости и историја почнувајќи дека на ракомет ве водел албанец дека најголемото знаме црвено зрно на ракомет го имал албанец после кометал ѓорче зелено жолти па пријателски фудбалски натпревар со мвр па пола прва екипа со значки дбк (седма управа) полиција или управа шо уште не триста глупости шо ви правеа што сакаа омер па и денис од другите групи а да не збораме за кавгата меѓу себе вмро сдсм па дури поделбата на лојалфанс па тепачката на трибина ко ви ја зедоја групата бошко луди послушниците на вмро да збораме за сликите промени цела трибина со знамиња за кореографијата скопје 2014 итн... За тоа гледајте во сопствениот двор остајте други групи и за крај страмота е да пишите против мики кој единствен се бори (за жал сам секаде е кај и да го видам) да го спаси клубот а другите сте јаки на фб и форумот страмота дно дна одамна не го заслужувате името комити наместо да си го гледате клубот да не ви пропадни вие глупости пишите на кајгана и фб само е лошо што мечката ако игра во комшии можи и кај нас дома па така прво страдаа победа па тетекс сега вардар шо значи можи и ние да бидиме следни за тоа борете се за клубот со сите сили милум силум оти нема да постоите а можи и не заслужувате ај ќе видиме како ќе помините по селата годинава па ќе прајме муабет се разбира ако не се фузирате пак
P. S. Инаку единствена средба на НГ со ффм и мвр беше после немилиот инцидент врз турчин но тогаш ништо не се реши оти во собрание се истепаа албанските пратеници меѓу себе и се прекина состанокот
P. P. S. И ние сме имале големи грешки но сигурно никогаш повеќе нема да се повторат оти НГ Чкембари официјално никогаш повеќе нема да учестува на било каков протест или било што оти на секое го користи некоја партија вака мирна глата Ultras no Politic!

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.160
Поени од реакции
3.120
Абе ја незнам што му објаснувате на тоа копито.. Ни имал контакт он со балисти/шверцери, ни пак осетил како е да скандираат навреди спрема Македонците..
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.872
Никогаш повеќе не би седнал со никого на маса. Потегот и желбата за промена е за поздрав но да бидеме искрени ниту Комити, ниту Чкембари и било која група од државата не е спремна на таков потег.
Не се сложувам со Горан дека би имало инциденти, покажавме тоа дека може да се избегне во Ѓорче на Тетекс - Шкендија, докажавме и кога Чкембари ги примивме на трибина, докажавме и во Битола кога се помогна од страна на Чкембари за Турчин. Сигурен сум дека националното во нас работи и дека сите ќе бевме спремни за се. Такво организирано движење на никого во државава не му одговара, затоа и проба да се уништи одвнатре.

Не би седнал на маса да правам никакви организации од причина што групите прво треба да се дистанцираат од националните интереси и терање политика. Јасно ми е дека сите не боли што прават со државата, името, идентитетот и се останато, ама групите пред се постојат за клубовите. Битка против државата е битка што не може да се добие во денешно време. Порано кога немало интернет, камери, медиуми можеби било полесно да се дејствува. Сега, за најмал инцидент си добиваш условна, парична казна, малтретирање у станица цел ден, по судови, па парични казни и милион други глупости.

Групата е јака колку што е јака и младината на истата. Кој што сака нека каже, има уште дечки млади спремни за работа и докажување, ама тоа треба да е поддржано од постарите. Во Скопје, ЦПБ се вработија у ПОЦ и кур ги боли за клубот. Ф.А. не постојат, и од оправдани причини. Сметам дека од Скопје само ФА и Комити знаат што значи репресија, и се единствените групи што имаат реални проблеми со полиција и судови. Без да навредам, ама ова никогаш нема да го знае некоја група што е вон Скопје. Не од причина што ние сме мангупи од град, туку од причина што во Битола ништо не се случува. И да се излезе на протест кој ќе го види тоа? Институциите се лоцирани во Скопје, па и најмал протест да се организира имаш 20 ТВ канали, весници, портали спремни да те направат гомна, ЕБР и полиција врие на секој чекор. Сакам да кажам дека групите во Скопје имаат мала предност и се погласни кон изразување револт за разлика од групите што не се од Скопје.

Ќе зборам за Комити, ама не во нивно име туку мое гледиште. Медиумите се заробени од некој што сака да води битка на сите фронтови, а групата не памтам некогаш да била по очајна. Фокусот примарно треба да биде Вардар и само Вардар. За да водиш ти битка ти требаат јаки и спремни момци, и најбитно масовност. Тоа не се постигнува со 50 души од кои пола да им влезеш на ура ќе се разбегаат на сите страни. Ова не е само за Комити туку за сите групи. Треба да се создаде здраво и едуцирано јадро што ќе гледа прво за интересите на клубот, градот па после и Македонија.
Кога ќе има масовна бројка една група, тогаш е битен фактор што може нешто да промени во државава.
Полека фокусот се насочува кон проблеми што не треба да се дел од ултрас културата.

Ама сите знаеме сето тоа како завршувало. Нема да се дозволи една група да стане толку моќна, и при првиот обид за зајакнување ќе те угасат инстантно со пријави и казни.
Комити на нивно име имаат казни колку што ФК Вардар имаше буџет цела оваа сезона. Не би било проблем ако тоа беа реални казни, а не местенки со МВР и браќава од Чаир. Сеуште памтам со Хамбург мислам ракомет игравме во Скопје, кога улетаа 2ца дечки во групата. Без да се идентификуваат на 3-4ца дечки им се заканија по лични фамилијарни бизниси ако не си заминеме веднаш. Ги знаеа по име и презиме, кој што работи, фамилија кој им е. И како некој очекува група да се бори против ова?

Да се свестиме со време, битката оддамна е изгубена и ќе остане таква уште долги години. Клубовите треба да бидат на прво место без разлика на се.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.884
Поени од реакции
17.492
Млади генерации секогаш имало и пак ќе има, само треба постарите да се погрижат за нив на вистински начин ако навистина го сакаат клубот. Ова важи за сите навивачки групи. Ако се развие свесно ткиво во самите групи, тогаш нема ни да има потреба од никакви договори и обединувања, на свесен човек не треба да му кажуваш што, кога, како да прави, самиот ќе го знае тоа.

Доста е да видиш низ интернетот како размислуваат постарите и на секој ќе му стане јасно зошто сме тука каде што сме, не само за навивањето туку и во секој поглед како држава.
 
Член од
26 април 2021
Мислења
156
Поени од реакции
750
Апсолутно се слагам за грешките на Комити. Се до Бошко. Од тогаш Комити покажаа стварно став и образ. Бошко пратен од ДПМНЕ и тоа во време кога Грујо беше најсилен..не е тоа мал противник. Групата според мене го издржа тој напад но пирова победа беше тоа бидејќи последиците беа катастрофални. Да го прифатеа тогаш Комити тоа што им го нудеше Бошко сега ќе беа како Шверцери. Со партија и МВР зад грб и ножеви во џеб друга песна ќе се пееше. Првата екипа се угаси, постариве си заминаа а децата оставени на милост и немилост едвај ја спасија групата да не се угаси. Ме радува тоа што конечно некоја добра генерација се ствара. Црвено Ц. Аптека држат стил и некако знаат што прават. И да секако Комити КОНЕЧНО треба да не се палат на секој повик за протест.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Да се изјаснам и јас, како некој што на форумов влегов во годините кога бев уште во тинејџерски години, раситнив цела 3 декада од животот, а веќе сум и 30+ :D

Прво, меѓу луѓето кои биле на тифо сценава во 90-тите и оние кои се појавивме во новиот милениум, има ОГРОМНА разлика и тука нема никаква разбирачка.
Тоа може да се познае по коментарите на постари членови на Чкембари на форумов и пред се' на фб, а богами и во разговори со постари членови на Комити и Војводи. Чиста среќа што за разлика од Битолчани, овие не се толку активни по социјалниве мрежи.
Тоа било едно сосема друго време, кога македонските групи имале одврзани раце, кога имало масовност на трибините, фудбалот се гледал со огромна страст, градовите уште беа живи, со многу млади лица, а за жал, водачите на навивачките групи биле тесно поврзани со политички партии и имале функции, какви што сега имаат Шверцери. И баш заради нивните потези во тоа време, не се оставило ништо за наредните генерации.
Разликата од тоа време е како златните навивачки години во Англија и сегашниот театар, кога 500 гостински навивачи на Европски натпревари, им ја надвикуваат цела домашна трибина. Да, мерките кои се применувале во Англија за „убивање“ на хулиганизмот се далеку поостри од оние во Македонија, ама и овие кај нас се покажаа како многу поволни за МВР.
По војната во 2001 година, се сменија работите во државата, а со тоа и на навивачките трибини.
Ако порано во тепачка со албанци се влегувало фајтерски, сега никој не ти гарантира дека нема некој да те испука со пиштол. Едноставно фактот што они се тие кои сега се „шајка“ со политичарите и полиција, им дава моќ да прават што сакаат. Па, една тепачка немало каде што не ваделе оружје, може колку сакаат да шират демагогии на форумов, се знае кој брца цело време и се гордее со тоа. Тема во која нема да навлегувам, бидејќи тоа е поврзано со општата ситуација во државава, односно правата кои ги имаат малцинствата за да го доминираат и плашат македонското мнозинство. Тоа е нешто што ниту една група не може да го смени, освен со масовни протести. За тоа ти треба огромна медиумска поддршка и ред други работи.
Тоа е еден проблем со групите во Скопје, поради кои изгледа дека се немоќни со албанските ривали. Реалноста е дека мали ни биле изгледите за фер тепачка, а познавајќи ги луѓето од двете групи, би ги прегазиле на било кој терен. Никогаш немаат прифатено ферка, иако имале милион понуди низ годините, особено во периодот меѓу 2007 и 2014.
Борбата со Шверцери ти е како да се бориш со државата, ама за жал тоа не им е јасно на постарите членови кои им зборуваат глупости на младите и со тоа ги тераат да влегуваат од грешка во грешка. Пиши им на некои постари (под постари подразбирам оние кои биле активни во 90-тите) дека е глупост да се пее против шпони на натпревари со македонски екипи, дека напразно се јадат казни, ќе не направат пичка, педер, комуњар итн. Ќе кажуваат басни за нивното време, кога немале никаква конкуренција и пред никој не одговарале. Типичен пример за фурање и фрлање во оган е помладата екипа што се појави од Кисела Вода. Ги јачаа, ги тераа да глумат нешто за кое не беа дораснати (можеби ќе станеа, но тоа се гради чекор по чекор) и сите ја знаеме крајната разрешница. Еден мртов, уште двајца прободени со нож и НУЛА (да, добро читате) нивни членови кои продолжија да одат на Вардар во иднина.
Вардар со слободниот пад во натпреварувачка смисла, константното лошо раководење со клубот, изгуби генерации и генерации кои требаше да одат на стадион ЗА КЛУБОТ, а не за останати работи.
Комити треба да се навивачка група на Вардар, и тоа е ставот на кој треба да се градат идните темели. Нека има политички пароли како порано, но кога ќе има протести да не бидат организатори Комити, туку тоа нека си биде здружение кои нема да има допирна точка со навивачката група (читај, Шверцери и Разбуди се). Не може секоја година цели генерации да се менуваат на трибина. Таман си ги запамтил децава по фаца, наредна сезона други доаѓаат, овие нигде ги нема.
Таквата тактика на мобилизација ти е пукањее во празно, кога немаш здрава група.

Реално, распадот на Комити го предизвикавме затоа што им ги поминавме црвените граници со паролите и неколку протести во наша организација.
Кој што сака може да каже, таков атак како кон Комити и ФА, немало кон ниту една група (иако, во двата случаи причината е различна). Аеродром го погребаа поради егото на бившиот им градоначалник, кој не можеше да се помири дека скандираат за неговиот залижан фриз.
Нас ни покажаа дека кога сакаат нешто да уништат, нема да бираат средства. Снимање во фаца на секој натпревар. Секој втор натпревар ни влетуваа ЕБР на трибина. Пак ќе се повикам на шверцери. Бев да ги гледам еднаш на гостување во Скопска населба, се качија на камерманското место неколку нивни членови и буквално едниот мочаше врз џандарите. Овие од доле ги молат, абе немојте, престанете. А ние ќе гостуваме некаде, ЕБР ти се фураат по пат, ти викаат мочко ајде на ферка 1 на 1. Како издувен вентил им бевме за тоа што никој не ги ебаваше во државава.
Ни влегоа со алфи на трибина и три пати не нападнаа. Еднаш со Брегалница, вториот пат со Шкендија и третиот пат со Стеауа, со кој беше означен крајот на групата. Во меѓувреме и случката со Турчин.
Комити во тие години направија три гостувања кои другите групи може да ги сонуваат.
Ненајавено се отиде на три терени против директни навивачки групи:
1. Два пати во Тетово, еднаш со Ренова, еднаш со Шкендија.
2. Еднаш во Битола на ракомет.

Не треба да ве потсетувам како се заврши. Ќотек до посерување од полиција и кривични пријави за навек.
Колку само кривични пријави имало за секакви глупости, дури мислам дека со тој буџет од казни, Вардар би функционирал 10 ГОДИНИ. Нерези, лизгалиште на плоштад, КАЛЕ...
Се видов со еден дечко што беше верен на клубот со години, ама го снема после овој период. Збориме дали одам уште на утакмици, ми вика, брат јас не можам да стапнам веќе на трибина, како глушец се кријам кога ќе стигне пошта дома. Се тресам дали ќе ми стигне покана за суд. Му начукале 3 кривични од тој период.
И многу приказни се слични, а да не зборуваме што ситуацијата во Скопје е таква што многу голем број од навивачите од овој период, се иселени од Македонија. Па, од јадрото од групоата во тие години, ГАРАНТИРАМ дека ни 20% од луѓето не се останати во Македонија.
А, кој ќе ги замени? Во моментов во Скопје, барем 40% од луѓето се тазе доселени во градот и НИШТО не ги врзува со Вардар. Нивните деца сигурно не би навивале за Вардар (особено не ваков). Убаво знаете и колкав е процентот на албанско население.
И затоа навивачката група воглавно е составена од посиромашните и порурални делови на Скопје.
А таквите фамилии е многу лесно да ги уцениш. За 5 секунди ќе ги средиш децата.
Сум пишувал и порано, репресиите во Скопје немале никакви граници. Ќе гостува Слога некаде, по куќи им одеа на луѓето од МВР, за да ги предупредат да седат мирни дента.
За скандирање против џандарите, ни уапсија пола група на факинг ракомет со Борац Бања Лука.

@Goran Bt за две работи ќе ти реплицирам. Викаш Комити не можеле со Пирати да излезат на крај. Прво види кои им се позадина во тоа време. Пола од нив беа директен грб на Мијалков, вработени во 6-та управа. Слободно распрашај се од каде се оние кои му се сега обезбедување на неговите синови. Ќе ги тепаш поглавните од Пирати, ама утре ќе се мислиш да не ти влетаат да те возат во ѓепек, лица кои немаат никакви поврзаности со навивачи. И затоа постарите во Комити во тој период беа многу лимитирани и не се мешаа многу во навивачкиот свет, затоа што по тој период на 90-тите луди години, на ликови како Бошко Луди и Јохан, групата не можеше да одбере ни водач, затоа што одма го кинеа со казни. И затоа постарите во овој период не беа никаков грб за помладите и затоа во секоја тепачка со друга група, сме се тепале помали со главните од противниците. И во таква ситуација им паднаа две знамиња на Пирати, од кои едното земено од дечко во нивниот автобус.
Слична ти е и борбата со Шверцери. Тепаш рандом Шверцер во град, од полиција ти дознаваат се', кога тогаш ти следи одмазда. Ќе те начека екипа пред продавница, на искачање со женска, после школо. Тоа е кога СИ НА СТРАНА НА законот.
Имавме тепачка во која другар му скрши нос на еден нивни, им влета сам на 5 души. Не можевме да го одбраниме после, го демнеа фаци кои врска немаат со навивање. И после 100 неуспешни обиди, го начекаа на излегување со девојката и му вратија.
Имало разни влетувања за тепачки во чаршија, секогаш завршувале со вадење пиштоли.
Имало ситуации кога буквално не можам да си објаснам од каде имале информација дека не треба да се појават на некое гостување :D Како секогаш да имаа доушници ако им се подготвуваше нешто.

Тоа ти е БОРБА која не можеш да ја добиеш.

Ќе земам пример од минатиов натпревар. Седиме пред запад, доаѓаат батки од алфите, облечени како навивачи. ПРЕСМЕШНО. Ги набљудувам од страна и си викам колку комплекси има во тие партии што праќаат толкави батки да пазат група од деца. Седнале на клупа во парк и гледаат. После доаѓа до мал инцидент во парк на франкофонија, овие влетуваат во одбрана на шпоните, им викаат на децава ве знаеме сите, ќе скапете во затвор. И што ќе прави 15 годишно дете после тоа? Ќе свитка опаш нормално, и ќе сфати колку е саатот во државава.

Затоа, на Вардар му треба група која нема да бистри политики и уште помалку ДА ЗАЗЕМА СТРАНИ на оваа политичка сцена. Попаметните бегаат затоа што не сакаат да бидат етикетирани, а со индијанци на трибина, имаш повеќе сила, ама ти фали организација и те плеска кој стигне со глупи местенки.
Комити треба да се градат по примерот на Екипа Пиво. За разни други активности, ниту има сила групата, ниту пак и носи нешто добро на долг рок.

Нека се здружат сите групи од државава, нека си оформат невладина организација и преку нејзе нека повикуваат на протести и слично, а не на грбот на групите.
Сепак, ниту тоа нема да помогне, во моментот кога ќе им бидеш опасност во политиката, ќе те прегазат за минута. Комити не се распаднаа ради политички фракции или што ти ја знам, туку поради тоа што не сакале да покорат на некои од горе. И во Комити не се срамиме да искажеме револт, а тоа сме го покажале милион пати.
Затоа ФА и Комити се прогласени за умрено.
Во Битола уште ги имате истите водачи од ВРЕМЕТО, кога лидерите на групите биле на државна цицка, рекетирале за партии. Да не ти набројувам, си знаеш кои ви се рекетарите во градот и каде се вработени.
Во Скопје, ниту еден од тие профили на ликови нема никаква конекција со Комити, по 2001 година.
Тотално погрешно е што одредени навивачи на ФБ пропагираат во коментари за политички партии. Групите во Македонија треба да се обединат во еден сенароден протест против овие две партии и тоа е единственото обединување кое треба да го направат.
Друг проблем е што со групите се идентификуваат разни лица кои ги потиснуваат другите кои редовно одат на утакмици. Пример, кога имаше протести пред влада, се извадија слики дека Комити ги организирале, само затоа што во организацијата бил еден дечко кој НЕ Е НИКАКОВ ФАКТОР во групата. Тоа што навива за Вардар, не ги прави Комити организатори на протестот.
Често се осудуваат некои постапки на Стара Гарда и се поврзуваат со Комити. Реално, они немаат ников однос со помладите генерации на Комити и често се осудувани од нас што прифаќаат да се шетаат на репрезентативни настапи или даваат некои изјави на ТВ (едниот излезе да критикува некоја одлука на Заев).

За човекот што го спомнувате. Го нападнаа пооради лошото водење на ФБ страната, со кое многу групи не се согласуваат и јавно се оградија од истата.
Сепак, да не беше он, клубот ќе згаснеше уште на полусезона. Сам ги брка работите што се вика. И општо, од сите тие стари Комити, само он уште редовно оди на трибина.
 
Последно уредено:
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.027
Поени од реакции
5.663

Се сложувам со 99% од тоа што го напиша. Според то шо читам, верувам дека беше против Крушево и косово. Крушево беше чист навивачки пркост на силовањето шо ни го напраја на Македонија. немаше нити една друга организација која се припои до нас на тој протест. Ни партија ни патриотско здружение ништо сл. такво.
На натпреварот против Полска, не знам колку знајш се случија глупости меѓу нас и комити. Ние за со косово ќе одевме секако, без разлика дали некоја друга навивачка група ќе дојдеше со нас. Преку лични контакти дојде муабетот, ако се и други групи заинтересирани да бидат присутни на утакмицата да се избегне сценарио како со Полска против најголемите душмани, да бидеме колку толку координорани. Никакво обединување, никаква желба немаше од ниедна страна за по тој натпревар некаква соработка.
За Чкембари... имам заприметено дека кај вас владеат стереотипи за нас. Како кај нас ништо не е изменето, и уште со на питбулот куро, само со вардар се берите итн. Имате нешто некогаш слушнато и прајте приказни. Како и во сите групи и кај нас има нови генерации, еден куп деца кој биле активни се иселиле, кога имавме битка против двојче мн луѓе престанаа да идат итн. Разликата меѓу нас и вас е во тоа што тие главни фаци шо биле кај нас и шо се некој и нешто во Битола никогаш не се одрекле од Чкембари. Не се активни ко некогаш но се чести на утакмици, а помладите генерации наши можат да се потпрат на нив за работи за групата.
 
Веројатно тоа што постарите членови ви се многу активни на интернет просторот, делува дека се уште ја држат групата.

Инаку, не е дека сум бил противник за Крушево, немам некое мислење. Сметам дека револтот треба да се искаже на поинаков начин и кон двете партии, вака испадна дека групите ќутеле за време на другата власт и лесно ги претставија како поттрчковци на вмро, иако знам дека учесниците имале чиста мисла. На долг рок, никакво добро не носи таков собир. Ги претставуваат лошо во медиуми, кривични пријави за ништо, а ефект нула.

За со Косово, јас не сум противник на единствена навивачка група на репрезентација, противник бев на тоа што се преговараше со ФФМ која нема никаков слух за навивачите. Општо, целата федерација, па и фудбалерите, работат како приватна организација, затворена за публика. И тука треба поинаква форма на револт, протести пред ФФМ и слично.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.963
Поени од реакции
6.779

Ти текнува кога се основаше таква навивачка група од поранешни навивачи, која прва навивачка група излезе со соопштение против истата и го минираше целиот процес по што таа група згасна, група составена од како што реков поранешни навивачи и бизнисмени кои беа спремни да фрлат доста пари во тоа, каков ли менталитет ќе имавме сега благодарејќи на истата, јас бев уште почетник во тифо светот тој период ти сигурно подобро се сеќаваш од мене ;);).
 
Член од
2 март 2017
Мислења
452
Поени од реакции
1.538
Се согласувам од А до Ш со се што е пишано од нашите постари членови на последнава страна, пореално објаснување - нема, мајсторски.
Додека тоа старите да ги слушаме ние помладите, нека никаква цел, промените се сите нешта, во секој можен поглед. Горан БТ, со сета почит, и на толкав стаж на трибина, си остана со размислувањата на 15 годишно дете во 1990-тите.
Иако е рано да се зборува, а може и ќе звучи нереално, но, ЦЦА ќе бидат тие кои ќе ги променат нештата во секој аспект во Комити.
Продолжуваме со работа и понатака и чисто од срце само за Вардар и Скопје!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Ти текнува кога се основаше таква навивачка група од поранешни навивачи, која прва навивачка група излезе со соопштение против истата и го минираше целиот процес по што таа група згасна, група составена од како што реков поранешни навивачи и бизнисмени кои беа спремни да фрлат доста пари во тоа, каков ли менталитет ќе имавме сега благодарејќи на истата, јас бев уште почетник во тифо светот тој период ти сигурно подобро се сеќаваш од мене ;);).
Освежи ми ја меморијава, да ме убиеш, не ми текнува за што збориме :icon_mrgr:
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.216
Поени од реакции
6.632

Ауууу луѓе, што беше ова....не се доловува со слики/видеа/зборови, мора да се доживее...

Среќна 30-ка Лозари
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.105
Поени од реакции
34.974
Немам видено поголеми дунстери од тие постари генерации, што уште живеат во 90тите и мислат дека да крадеш од бензиска е некое големо достигунување.

Сум гледал дечки на запад особено од Екипа Корео, кои буквално кинеле живци поради вакви фаци. Замисли да се мачиш со денови да осмислиш и да направиш некоја кореограгија, и ти доаѓа некој таков индијанец, кој не стапнал на трибина цела сезона, ама баш за таа една голема утакмица прв ќе се нацрта таму, дошол да се види со другарите, не дека му е гајле за фудбал или за Вардар, и дреме горе кај влезовите, и не сака да застане таму каде што е предвидено и треба да стои.

Секоја чест на исклучоци, ама мнозинството се такви. Сигурен сум и дека во Чкембари има помлади дечки што разбираат, и знаат како треба, ама баш поради вакви фаци не можат да дојдат до израз.

Друга категорија се индијанците што воопшто не знаат зашто се таму, доаѓаат у дресови од Милан, маици Ѕвезда, и такви слични индијански потези, пијани, издрогирани, се соблакаат голи, мислиш се Пољаци, пцујат по џандари, ФФМ, албанци, иако се игра утакмицата против ебениот Силекс, и нормално кој го крка после на крај, тие што се редовни таму, групата ја гледаат како збирштина на пропалици затоа што овие се најгласни.

Би ги ишутирал овие без око да ми трепне, не би им дозволил да влезат на трибина, а не пак да бидат "лицето" на групата.
 
mi11vall

MILLWALL
Член од
20 септември 2020
Мислења
135
Поени од реакции
174
Многу долго време не сум читал волку глупости на едно место. Овие навивачиве од мкд да ти биле толку моќни можеле и иднината на државата да ја сменат и општеството да го спасат ама ете многу притисок итн и не им успеало.

А најјакото беше “Одевме во чаршија за тепачка ама они вадеа пиштоли”:tapp:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom