Денес порака од ФА до играчите на МЗТ. Парола за последна лична пред исклучување од дури 14 души на трибина.
На какво дереџе паднаа ФА, просто да не ти се верува. Каде отидоа сите тие "редовни" членови? Ете Ивица беше проблемот, сега што е проблемот?
Сите тие приказни за традиции, самофинансирања, дружби, пабови...
Откако се вратија на трибина, само со Работнички на гости се покажаа во добро светло.
И тоа поради очајот во кој се наоѓаат ЦПБ.
За нив не треба ни да се трошат зборови, не знам ни дали навиваат воопшто. На финале на куп беа не повеќе од 20 души во приватна режија.
Чкембари гледам гостуваат во бројка по 4-5 души, слично како што наши подгрупи одат на гостувања на Вардар. Значи навивањето на најголемите групи се сведе на дружба на 10тина членови кои на своја рака си одат ревијално на гостувања.
Лозари се испукаа на дербито, нареден натпревар 50 души преку сила на трибина.
На крај, дочекавме Шверцери да ни слават годишнина на Кале, симболот на Скопје. Не дека на некој начин ќе можевме да ги спречиме дури и да беше најавена баклијадата, ама да имаа некаква организација скопските групи, ќе се помислеа два пати дали да прават шоу на Кале.
Утре има можност за нови наштелувани инциденти предизборно.