Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 октомври 2016
Мислења
73
Поени од реакции
204
18.коло, Серија Ц (Исток) / 12.03.2017
ФК Работник Лозово - ФК РУДАР 0:0

Обработено првото гостување за оваа полусезона. Бројка помала од очекуваната, но и покрај тоа и лошото време, во текот на целиот натпревар се навиваше и се чекаше позитивен резултат, сепак на крај само со 1 бод си заминавме од Лозово, иако доминиравме во текот на натпреварот. Наредната недела играме пак на домашен терен.










 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
3.3.2017 Р.К. ОХРИД - р.к.пелистер(прва слика)

11.3.2017 р.к. прилеп - Р.К. ОХРИД (втора слика)
2gbf.jpg rvp.jpg
 
Член од
18 март 2015
Мислења
165
Поени од реакции
215
Најголема пофалба сакам да дадам за Багабонти... едноставно момците ми се врв.... браво и само така продолжете !!!!
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Викендов активни: Чкембари,Комити,Рибари,Багабонти,Комбат, Балисти и Шверцери... Мајмуни очекувано не присутни во Тетово ради забрана. Ме интересира што е со другите групи како Пирати , Кумани , Лозари..па и Цпб. Идат уште на утакмици ?
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
73
Поени од реакции
204
Викендов активни: Чкембари,Комити,Рибари,Багабонти,Комбат, Балисти и Шверцери... Мајмуни очекувано не присутни во Тетово ради забрана. Ме интересира што е со другите групи како Пирати , Кумани , Лозари..па и Цпб. Идат уште на утакмици ?
К.К. „Вардар“ заврши со натпреварувањето во прва лига минатата недела, сликата погоре е од декември, 2016-та.
 
Член од
2 март 2017
Мислења
452
Поени од реакции
1.538
К.К. „Вардар“ заврши со натпреварувањето во прва лига минатата недела, сликата погоре е од декември, 2016-та.
Не заврши, сега Вардар, Струмица, Пелистер и Охрид играат плеј-аут. Се игра дома/гости со секоја екипа. :)
 
Член од
8 август 2013
Мислења
1.039
Поени од реакции
1.345
Викендов активни: Чкембари,Комити,Рибари,Багабонти,Комбат, Балисти и Шверцери... Мајмуни очекувано не присутни во Тетово ради забрана. Ме интересира што е со другите групи како Пирати , Кумани , Лозари..па и Цпб. Идат уште на утакмици ?
Zabrana nemal be, ni visok rizik ni nisto nemashe za natprevaror :D
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.873
Поени од реакции
7.256
Соопштение за јавност !!!!!!!!

Основна цел на ова наше обраќање до пошироката јавност е нашата длабока загриженост и пред се нашиот револт и разочарување од се позачестената и со ништо неиспровоцирана од наша страна полициска репресија врз поголем број наши членови,веќе познат проблем со кој се соочуваме долги години наназад,но се чини последната година овој “тренд”ја достигна својата кулминација.
Целата оваа “несреќна приказна”започна во септември 2016 година ,по фудбалскиот меч Пелистер-Шкендија што се играше во Битола,кога од страна на судските органи се изречени над 15 парични казни за употреба на пиротехнички средства,во 25 години независност на Р.М.и постоење на организирано навивачко движење во државата не се сеќаваме дека некогаш биле изречени толку голем број изречени глоби. на само еден спортски натпревар каде организирано присуствувала навивачка група од Македонија,навистина неславен преседан.
Но за жал,ова беше само почеток,следуваше однапред најавено организирано гостување до СВР Кочани, за Брегалница Штип-Пелистер што се играше во Кочани,по завршувањето на мечот Кочанската полиција наместо мирно да ги спроведе нашите членови во автобусот за да се врати навивачкиот караван назад за Битола полицијата безникаква причина и провокација употреби прекумерна физичка сила врз десетина членови на нашата група,оваа ситуација јасно можешеда се увиди и од снимките кои навивачката група Чкембари ги достави на јавен увид до сите медиуми,но се беше залудно,и покрај тоа што од снимките јасно се гледаше дека нашите членови не ги напаѓаат службените лица,туку напротив се обидуваат да ја смират ситуацијата за да не дојде до поголема ескалација и судир со службените лица тоа не беше земено во предвид од судските органи при одлучувањето и носењето на одлуките за овој немил настан,во случајот јасно е прекршено начелото на објективност во кривичната постапка на РМ кој што гласи “Судот и државните органи се должни со еднакво внимание да ги испитуваат и да ги утврат како фактите што го товарат обвинетиот,така и оние кои му одат во корист”
Судот не го почитуваше едно од најважните начела на кривичната легислатива во Р.М ,епилогот е следниот: 14 припадници на Чкембари добија условни казни затвор од 1 година,во спротивно ќе се соочат со изрекување на 3 месечна затворска казна.
Но ова не беше се, репресијата на СВР Битола го достигна својот зенит,по последните немили настани кои се случија во Битола на ден 7.03.2017 кога 4 непознати лица рано изутрина на спомнатиот датму употребиле молотови коктели врз спомен куќата на Албанската Азбука во Битола овој проблем доби уште поголеми размери.Зошто?
Полицијата во последно време за секој настан кој сноси негативен публицитет својот прст го вперува во погрешна насока,зошто?
Се работи за следното: близу 30ина наши членови,пред се од помладата генерација,добар дел од нив малолетници беа легитимирани и сослушани од страна на истражните органи на СВР Битола,им беа замени и отпечатоци од прсти,како да се работи за сторители на тешки кривични дела,а не за малолетни лица,навистина зачудувачки и пред се нелогично и симптоматично затоа што во официјалните извештаи за настанот се споменуваат 4 лица кои наводно го извршиле делото,а уште понелогично е тоа што полициските органи целата своја истрага ја насочија кон таргетирање исклучиво на членови на навивачката група Чкембари,ова веќе не е случајно и е направено со една единствена цел,заплашување и репресија врз нашите членови,со посебен акцент кон нашите најмлади членови.
Мора да напоменеме дека се врши навистина голем и пред се непотребен притисок токму врз оваа категорија навивачи,не само тоа,се врши и притисок и врз нивните родители,се со цел да им забранат на своите деца да присуствуваат на спортските мечеви во градот,а со тоа директно да и се наштети на навивачката група,секаде во светот токму тие најмлади категории навивачи се основата на сите организирани навивачки групи.со самото тоа се влијае позитивно на младите луѓе кои преку спортот ќе се отргнат од се поголемиот број модерни пороци кои ги донесе современиот начин на живот..
Сето ова се прави непотребно,спротивно на законот за кривична постапка.
За која цел беа приведени и легитимирани толку голем број на лица?
Толку голема бројка на приведени лица не е вообичаена пракса на органите за безбедност ниту во истрагите за далеку потешки кривични дела а камоли за вакви случаи,посебно од фактот што во сите дописи до јавноста беа јасно пренесени изјавите од одговорните лица во спомен куќата на Албанската Азбука дека се работело за 4 непознати лица кои се осомничени како сторители на делото,и навистина е нелогичен и зачудувачки фактот што речиси 30 ина членови од една навивачка група се под некакво “основано сомнение за можно сторено кривично дело”,навистина непотребна и пред се апсурдна постапка од страна на МВР пред се затоа што се работи во поголемиот дел за многу млади лица кои уживаат посебна законска и пред се социјална заштита,и ваквиот однос на полицијата може негативно да влијае на нивниот натамошен развој како личности..
Чкембари не се терористичка организација,а најмалку некое политичко здружение,и со ништо не го заслужија овој однос од институциите на системот,туку сосема спротивно,здружение на граѓани кои се обединети со една цел-развој на спортот и спортскиот дух во градот.
Сосема непотребно,и пред се некоректно и незаконски е ова што се случува,затоа што веќе години наназад Чкембари се класичен пример како треба да се однесува и дејствува една навивачка група како здружение на граѓани од сите возрасти кои постојат само за една единствена цел,а тоа е спортска подршка на сите клубови кои ги носат името Пелистер,постапувајќи коректно,цивилизирано,спортски и пред се во рамките и доменот на своите граѓански права и овластувања загарантирани со устав.
За својот придонес кон развојот на спортот,спортскиот дух во градот сме биле добитници на голем број признанија и награди што е уште еден показател за успесите на групата,не само на спортските трибини туку и во развојот и унапредувањето на оштествениот живот во град Битола..
Отсекогаш најостро сме ги осудувале сите настани кои не се поврзани со спортските збиднувања,така е и овојпат,така ќе биде и во иднина.,но исто така нема да останеме рамнодушни кога државните органи ќе претераат во своите овластувања како што е во случајот.
Упатуваме апел да се престане со атакот кон нашата група,да се овозможи групата да се насочи кон целта на своето формирање и постоење,а тоа е подршка на сите клубови со името Пелистер без разлика каде тие настапуваат.
Спортски поздрав,со почит.

Битола Здружение на граѓани
17.03.2017 година Навивачка група “Чкембари 1985 Битола”

Sent from my 6039Y using Tapatalk
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.873
Поени од реакции
7.256
Represijata prodolzuva vrz navivacite site pogolemi grupi(family,CPB,komiti) gi unistija ostanavme uste nie za pola godina se pisani preku 50 prijavi ,kazni I globi plus Sega se povikani NAD 40 nasi mladi clenovi na informativni razgovori odnosno evidentiranje vo policija so otvoranje na dosijea kako najgolemi kriminalci iako site znaat deka amuzejot na albanskata azbuka go zapalija clenovi na vmro ili dui za da napravat konflikt nasi clenovi sekogas se na branikot na drsavata I gradot no Sega od avion se gledase deka ova e politicko delo so pomos na MVR


Sent from my 6039Y using Tapatalk
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
138
Поени од реакции
268
И старо и младо и старо и младо сви ,сви ,сви у циркус Колорадо......Наиме изминатиов месец сме сведоци на сеопшт циркуз. Истиот почнува со кампања низ скопските училишта каде деца во своите класови/оделенија заедно пеат песни за Вардар. Се е тоа за око убаво. Иако имам негативен став кон таквите работни односно, сметам дека љубовта кон клубот не може да се роди кога фудбалерите би го посетиле училиштето,туку треба да дојде сама од себе. Кога бев во средношколските денови , а и неколкупати низ станиците скопски. Имавме некој вид предавања односно како контра пропаганда дека не е паметно да се биде член на навивачка група и слично ... А сега имаме такви но во друг контекст.Каде го бараме апсурдот ? Во тоа што истите тие кои некогаш фрлаа дрва и камења по навивачките групи и се наметнуваше став ,како истите да се на рамниште со Ал каедна или исис , сега кога нема со што да се занимаваат вршат пропаганда . Односно кога немаат кон што да го наклонат мислењето освен кон реалните проблеми на нашето општествено друштво . Но месечината има и темна страна , а таа гласи : Во Битола се повикани на информативен разговор или како навијачки да се изразам своеидно малтретирање. Секој што бил во станица знае на кој начин се сведува тој тзв 'информативен разговор". Нај интересно од се е тоа што тие членови не е се повикани на тој разговор од некој навијачки причини туку , поради некакво палење на кука на албанската азбука , што може секој што во моментов има нацинални чуство со оглед на ситуацијата ... но не е време ни место за тоа. Сега кога ги презентиравме 2 те верзии во 2 та најголеми градови во нашата земја се наметнуваат низа прашањаи заклучоци . Дали тоа овој систем создава потенцијални плаќачи на наредните казни ? Како во стилот сега те учам дека е добро да се биде навивач а понатаму ке бидеш тој што ќе ја исполнува државната каса. Претпоставувам дека на сите ви е јасно зошто скоро секоја група е сведена на миниум.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom