НБА сезона 2022/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.488
Вакво куроболие од Дончич може само едно да значи, дека ќе бара трејд од наредна сезона. Јас да бев на терен ќе одиграв со поголема желба.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Не сум баш сигурен дека со уште една победа би фатиле плеј оф :D
Има уште 5 утакмици до крај, а само 2 порази помалку имаат од Минесота, Лејкерс и Њу Орлеанс, па и Оклахома е на 3 порази од нив.
Една победа би била доволна за плеј-ин да фатат, иако видовме лани како минаа во плеј-инот.
Клиперси имаат прилично тежок расооред:
Мемфис (гости)
Њу Орлеанс (гости, директен дуел), Лејкерс (дома, директен дуел), Портланд (дома)
Феникс гости (директен дуел)

Претежок распоред, единствено со Портланд дома би можело да се каже дека треба да ја добијат сигурно.

Минесота игра со:
Лејкерс (дома, директен дуел)
Портланд (дома)
Бруклин (гости)
Сан Антонио (гости)
Њу Орлеанс (дома, директен дуел)

Имаат еден сигурен триумф со Сан Антонио и прилично полесен распоред.

Лејкерс:
Минесота (гости, директен дуел)
Хјустон (гости)
Јута (гости)
Клиперс (гости, директен дуел)
Феникс (дома, директен дуел)
Јута (дома)

Лејкерси имаат една лесна со Хјустон, другиве им се потешки дуели, но тука е и Јута која можеби нема да игра за ништо последно коло.

Њу Орлеанс игра со:
Денвер (гости)
Клиперс (дома, директен дуел)
Сакраменто (дома)
Мемфис (дома)
Њу Јорк (дома)
Минесота (гости)

Њу Орлеанс има тежок распоред и веќе вечер против Денвер би можел да биде на 3 порази од Клиперс, што не би требало да го надополнат во 5 утакмици, но не се знае.


Ќе биде пекол борбата за последното место за плејофот. Како и да е, масивна победа вчера над Мемфис на гости, без Каваи, Џорџ и Морис кој годинава игра доста слабо.
Ама имаа шутерска вечер, Ковингтон 7/7, Рас 5/5, Боунс 4/6 за тројка.
 
B

BigMac

Гостин
Добра анализа ,рачунам дека Клиперс ќе ги добијат Портланд сигурно, и последно коло Феникс екипа која ќе биде сигурен патник во плеј оф и ќе ја одмара цела прва петорка.Да не заборавиме дека Лејкерс е редовен пациент на Клиперс и тука може победа :)Кажав и пред некој ден екипи како Милвоки,Денвер,Менфис,Бостон ,Сакраменто,Кливленд ќе одмараат играчи последниве кола имаат загарантирани места што неможе да се променат и ако ги изгубат сите утакмици.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.125
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.572
Да не беше он пред две години, Гркот никогаш немаше да освои титула.
Исто така да не беше Гркот Холидеј може немаше ни плејоф да види. Безвезе коментари се ова кога се знае дека Анте е алфа и омега таму, а Мидлтон и Холидеј после него. Нормално дека Анте не може сам да освои титула, 5 кошаркари учествуваат секогаш на терен.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.241
Поени од реакции
7.927
Исто така да не беше Гркот Холидеј може немаше ни плејоф да види. Безвезе коментари се ова кога се знае дека Анте е алфа и омега таму, а Мидлтон и Холидеј после него. Нормално дека Анте не може сам да освои титула, 5 кошаркари учествуваат секогаш на терен.
Секаде пет кошаркари, само во Клиперси четири кошаркари и еден циглар.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.125
Исто така да не беше Гркот Холидеј може немаше ни плејоф да види. Безвезе коментари се ова кога се знае дека Анте е алфа и омега таму, а Мидлтон и Холидеј после него. Нормално дека Анте не може сам да освои титула, 5 кошаркари учествуваат секогаш на терен.
Taман работа да му ја омаловажувам заслугата, само кажувам дека Холидеј беше шрафот кој им недостигаше.
 
B

BigMac

Гостин
Лилард ќе заврши со Гркот во тандем слушај те ме
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom