НБА сезона 2022/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.933
Поени од реакции
34.268
Грешка сте од аспект на капацитетите на ЛБЏ. Вистина е дека прва опција никако не може (и не смее) да биде, тоа негово пимплање до 5 секунди пред истек на време за напад па потоа форсирање шут од неизградени позиции е целосно штетно за Лејкерс и под итно треба да запре. Тоа кажано ЛБЏ сеуште може да е значаен фактор во напад па дури и пролазно добар во одбрана. Но со значајно смалена употреба, накај ~20тина минути по утакмица. Посебно ако е во игра со шутер како Кристијан Вуд и со слободен простор под кош (пошто Вуд мора да се чува надвор, за разлика од АД или Вандо). Доаѓањето на Кристијан Вуд прави нова динамика во играта на Лејкерс, или барем така би било со добар тренер (а не со просечниот руки што го имаат ЛА).

Но знаејќи го ЛБЏ колку е напуван и со напумпано его, ќе се зачудам ако се соочи со реалноста и ако престане со погоре опишаното ретардирано солирање.
Автоматски споено мислење:

У денешна НБА у плеј оф Леброн мора да има максимум минутажа од 27-8 минути за да може да игра и напад и одбрана. Се друго ќе значи пораз против првата асолна екипа.
Дури и уште помала минутажа. За да биде ефикасен во +/-.
Плус сега Лејкерс имаат доволно плејмејкинг... Јас би го играл ЛБЏ како 6-ти играч, и тоа без АД повеќе од времето. И он и АД ќе бидат подобри со шутери окулу нив, и да не се во исто време на игра. Така противниците нема да можат да го „гужваат“ просторот под кошот оставајќи слаби шутери сами надвор. Буквално ова е најголем проблем и е тоа што го играат противниците на Лејкерс.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.448
Поени од реакции
114.203
Не може Леброн да игра 20минути или да биде 6ти играч, едноставно невозможно е тоа. Сепак се работи за еден од најдобрите играчи во историјата, нема шанси за такво сценарио. Друго се играчи ко Картер, Мело и слични такви, друго е Леброн. Не е проблем минутажата, проблем е тоа што е stats whore и што премногу ја дрка топката. Со Вуд малце ќе се отвори простор затоа што е одличен шутер, па и Дејвис ќе биде порастеретен. Во секој случај одличен дил за Лејкерс.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.933
Поени од реакции
34.268
Ако сака уште еден прстен, ќе мора да се соочи со реалноста.
Не поминува тоа неговото против најдобрите екипи. Јес да сите против Денвер беа многу тесни утакмици, ама 4:0 е 4:0 и примадоните треба да се соочат со реалноста... Кога можеше еден Коби да биде првенствено плејмејкер кога мораше, така може и ЛБЏ некад да влага како 6-ти ако е тоа во интерес на тимот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.285
Поени од реакции
18.274
Мислам дека и малце си праите бајрам со паметот.
Може да одмара за да има простор за помлад играч, ама објективно и на овие години е втор најдобар играч во Лејкерс.. Ако некој потфрли во целиот овој проект тоа е Дејвис, од сам старт беше потенцирано дека ќе биде носител на играта во Лејкерс ама братот не се состави една сезона.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.058
Поени од реакции
11.397
Еден CP3 e во филмови дека не сака да почни за прв пат во кариерата од клупа, камо Леброн ама на страна тоа во право е Ванлок.

Доволно е добар да игра 20 минути и сега со Вуд и вака конструиран тим (плејмејкер, добра 4, АД на 5) има тим за ПО и за титула. Тренерот исто мислам дека ќе се вклопи во смисла ЛЕБРОН ќе биди тренер така да практично и не им треба тренер во овој момент *(пошто подобар очигледно не носат) и кога ќе видиш замисли да се деси една повреда во Денвер (пример, финалист од лани) и да го нема плејот или центарот таму? Лесно добива Лејкерс запад, после оди финале, е во финале нема фаворити. Кој и да е од другата страна треба да го испоти газот за титула.

Така да, ако го намали егото и сфати дека не се чека сега од него и дека е таму да помогне (реално да помогне) младите до јаја да напредуваат за во перспектива од година до три да има шанси да игра ново финале *(со тоа и титула да чека) тогаш ќе речиме дека човекот стварно бил доволно паметен да знае што е добро за него и тимот.

Мада, како и Александар и сите останати мислам Лебронтије тешко тоа да го направи, плус нема тренер што ќе го принуди.

Како и секогаш, од него зависи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.933
Поени од реакции
34.268
носител на играта во Лејкерс
Антони Дејвис е јебено добар играч (кога е здрав), ама носител на игра не е.
Автоматски споено мислење:

...и кога ќе видиш замисли да се деси една повреда во Денвер (пример, финалист од лани) и да го нема плејот или центарот таму? Лесно добива Лејкерс запад, после оди финале, е во финале нема фаворити. Кој и да е од другата страна треба да го испоти газот за титула.
Лејкерс ќе ги добиеа Денвер и лани, со малку подобар тренер.
Тоа на страна, скраја да се повреди - па дури и кај ривалите.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.058
Поени од реакции
11.397
Антони Дејвис е јебено добар играч (кога е здрав), ама носител на игра не е.
Автоматски споено мислење:


Лејкерс ќе ги добиеа Денвер и лани, со малку подобар тренер.
Тоа на страна, скраја да се повреди - па дури и кај ривалите.
Не им посакувам, зборуваме само за можности кои ги има. Види го АД, секоја 2 недела го има на хајлатси кај шо се витка оти во дуел некој го чукал по раката / рамото / колкот / му ја изместил фирзурата, ју нејм ит.

Така да, здрав лејкерс против екипа која може да страда од повреда на еден клучен играч... ха, еве ти можност за титула.
Па човече како тргнало се повеќе тренери шо од недостаток на квалитетни петорки шо од споени жици во глава ги горат играчите цела сезона, па кога ќе дојдат ПО пола од нив се издишани балони. Ретко кој темпира форма.

За со Денвер не се согласувам дека тренерот беше X фактор пошто горе-долу немаше катастрофални грешки кои би коштале последователни натпревари, натпреварите беа тесни.
Секако дека подобар тренер носи и подобри резултати ама Денвер беше зрел за титула лани и после онаква работа цела сезона си ја зеде на крај.

Според мене обратно е, другите тимови не беа конкурентни на тоа ниво за да им замрсат планови. Лејкерси исто, дел од причините се тренер, лебројтије и пуцери за 3.

Мислам дека каде каде не чека поинтересна сезона од лани, на исток и на запад, а кој ќе темпира форма за ПО ќе биде уште поважно отколку кој каде ќе заврши на табела. Има голем дел изедначени екипи по квалитет.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.308
Поени од реакции
11.666
Во финале ги турнавте Лејкерс после трејдов на Вуд?
Со што тоа ќе бидат толку подобри од лани за да поразот од 4-0 со Денвер го претворите во победа?
Oд каде знаете дека некој друг (Феникс или Голден) нема да изненадат?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.058
Поени од реакции
11.397
Во финале ги турнавте Лејкерс после трејдов на Вуд?
Со што тоа ќе бидат толку подобри од лани за да поразот од 4-0 со Денвер го претворите во победа?
Oд каде знаете дека некој друг (Феникс или Голден) нема да изненадат?
За сите важи истото.
На Бостон лани Браун им се изгуби во преводот па се покакаа.
Фила исто.
Јанис уште е повреден, лани да беше 100% Мајами ќе си пакуваа куфери.
Така да, тоа е тоа. Остани фит и во топ форма за ПО, па кини ги екипите мечап по мечап, позиција по позиција, а Вуд дава на ростерот уште поголема ширина.

Муабетот беше само дека Лејкерс добро трејдаа, а за титула треба ептен коцките да им се наредат пошто и другите екипи еквивалентно се подобруваат.

ЕДИТ:
Феникс ако се здрави и со Ејтон во тимот можеби ќе земат, ГС истата беше дилемата како со Леброн, дали да го седниш гуруто на тимот на клупа, дали да го трејташ, шо кур да му прајш...
Се одлучија да го задржат Дрејмонд и да го земат CP3 за да им развива играчи како Каминга и остали ама тие „остали“ ги има се' помалку квалитетни, а CP3 сакал да стартува чоекот на 450 години во газот. Стартер бил господинот, па ја гураат цела работа под тепих дури тренерот да се врати дома и почеток на тренинг камп.

Од такво гурање на глата во песок испадна големата помеѓу Дјурант и Дрејмод, испадна големата помеѓу Пул и Дрејмонд и сега најверојатно ќе се укаат со CP3 па ќе ја ебат пак хемијата во тимот на уште не почната сезона.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.933
Поени од реакции
34.268
Денвер беше зрел за титула лани и после онаква работа цела сезона си ја зеде на крај.
И заслужено, но останува фактот дека и они немаат некој многу добар тренер... Но Лејкерс имаат и полош, макар Вогел да беше сеуште во клубот - друг исход ќе беше на крај.


Oд каде знаете дека некој друг (Феникс или Голден) нема да изненадат?
Можно е, никој не кажа дека не е.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.974
Поени од реакции
13.142

Лука,Трае, Татум, Браун се веќе на врвот.
Мареј после сериозна повреда зема титула.

Зион го има тоа животинското во него. Ама со таа градба и интензитет, веќе неможе да крене глава од повреди. Штета.

За другиве, мислам уште не се веќе на тој левел како овие погоре. Лесно тоа може да се смени нареднава сезона.


Очигледно го изоставиле гангстерот Џа Морант. Каков глупак.

Недостасува Ентони Едвардс.

Го туриле Мичел. А типот прва рунда неможе да помине. И тоа со 27 години. Антето е со 28. И Букер е со 26.


Сите имаат потенцијал да бидат топ 50. Само еден има потенцијал да биде топ 5-10. Лука.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom