Ај малце да ја живнеме темава стварно бајаги време има до новава сезона, да пишеме "збор-два" за екипиве шо си ги поштуеме и навиваме, како ви се бендиса оф сезонава со фар шо би рекле и очекувања.
Јас како фан на Њу Јорк Никс сум прилично задоволен како одиграа оф сезонава. Прво супер избор на драфтов поготово за Quentin Grimes SG мислам дека типчево е солиден пик у доцна прва рунда, солиден шутер и солидна летна лига. Истото и за Jericho Sims C ептен профи изигра у летнава лига дефанзивно на место, у напад фаќа лобчиња - за втора рунда 56ти пик бомбона. Miles Mcbride PG исто солидна летна лига. Е сеа за минутажа од сите мислам дека Grimes може да добие шанса пошто ми делува дека е спремен за НБА 6-5 е добар шутер може да игра и на позиција 3 али ќе видиме тоа пошто го стакнаа тимов.
Со новиве играчи исто сум задоволен брале Кемба Вокер го ќаруеме со не цели 18 милиона за две сезони - поклон ( по 8 милиона и нешто по сезона).
Јес да е Injury prone у задње време али нема да има притисок голем пошто го иаме Куикли и Роуз на таа позиција добра ротација ќе има.
Еван Форниер 4 години 78 милиона мммммм... океј ваљда? Никад не сум бил фан искрено,дали пошто играше у факинг Меџик, задња утакмица на Орландо глеав коа Картер играше таму.. Али океј е од шутери никад доста, се надевам ќе биде ефикасен и ќе се исплати кешот.
Алек Буркс нов договор 30 милиона за 3 сезони супер пикап 42 FG% и 3pt 41.5% што поише, а и у одбрана е ефикасен.
Нерленс Ноел нека се тужи со Рич Пол кој го е*е али ние го лапнавме за 27 милиона за 3 сезони .. лапај си дефенсив бист уште 3 години.
Дерик Роус заслужено ја оживеа кариерата исто нов договор 43милиона за 3 години, одлична сезона.
Најбитното реално Џулиус Рендл 4 години 117 милиона, братот ако флопне пак како у плејофов сме го јаделе. Ако го нема тоа у него, а се надевам дека го има на коњ сме. Нормално очекувам уште една ол-стар сезона и веќе да навлегува у суперстар водите пошто од Мело навака с од суперстар неаме видено, а и он суперстар беше 1-2 сезони у Никс макс.
И подмладоков што е уште под руки договори - Ар Џеј Беррет батице ептен сум хајпнат искрено очекувам да изгази сезонава, незнам зашто али убеден сум дека ќе гази, може и ол-стар што да не.
Имануел Куикли одличен, одлична руки сезона, сеа ќе видиме као ќе функционираат он, Кемба и Роуз.
Оби Топпин се надевам целосна здрава сезона со океј минутажа да го видиме хајпот што го имаше у колеџ дали ќе се префрли и овде.
Мичел Робинсон поголема минутажа да добие и со тоа поголема самодоверба и не гледам зошто не би бил Тајсон Чендлер 2.0.
Кевин Нокс сеедно небиден е, Таж Гибсон ќе добие минутажа сигурно миленикот на Тибодо у секој случај корисен, Лука Вилдоза благе везе неам за батево али со носење на Кемба не верувам некоја минутажа да добие.
Очекувам плејоф сезона секако, 3-4 место и финале исток.