Гасол има солиден шут, а со доаѓањето на Вестбрук во ЛА уште повеќе треба слободен простор под (и накај) кошот. Така да Гасол би требало што повеќе да игра во исти петорки со Вестбрук и АД, и има место за него во таквите комбинации. Посебно ако летово поработел малку малку на кондиција и на килажа... Проблем е што се зборува и веројатно е дека ќе го трејдаат/вејваат. Мислам дека тоа ќе биде глупост, треба да пробаат ете барем до трејд дедлајнот и да видат како ќе одат комбинациите со него. Пошто ликот и на оваа возраст може да биде корисен, и е подобар шутер и подобар подавач од другиве двајца, Хауард и Џордан.
Освен ако ЛА некако не успеат да донесат подобар центар, шансите за што во моментов се скоро нула.
Што се тиче другиве центри, Хауард секако ќе биде добар за улогата што ќе треба да ја игра а Џордан има потенцијал да ве изненади, ако почне да игра одбрана. На оваа возраст веќе нема брзина за латерално/странично движење и тоа ќе го направи цел на пик&рол напади - ама истово важи и за другите двајца (Хауард и Гасол).
Што се тиче напад, Хауард и Џордан ќе имаат многу лоб шанси во комбинација со Вестбрук/Рондо (а можеби и Нан). Да не збориме за лобовите за АД, а вчера гледам статистика дека прошлава сезона Шродер му наместил еден лоб на АД цела сезона. ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЛОБ. За цела сезона. Оваа година тоа мислам дека ќе се надмине уште во првата утакмица.
Туку за центрите на ЛА зборувавме... Џабе збориме. Тие се тука само за да го заштедат АД во регуларна сезона. Во плејоф ниеден од овие нема да помираса значајни минути, евентуално Хауард за одбрана во специфични дуели (на пример против Јокич) а и тоа би било во ограничени минути. Во плејоф утакмците 90% од времето АД ќе игра центар (освен кога резултатот нема да биде тесен).