Брзиот (quick ley) е океј.Imate dobro ruki immanuel
Има детево уште фурни да јади леб додека се научи да игра баскет али добар е за почеток.
Многу ме иритира што еве на овој натпревар кога се соочува со подобра одбрана нема во одредени ситуации храброст да оди до крај. Ќе оди на дриблинг и влез, потоа ја вади надвор за некој шутер или пак оди на влез и подзастанува. Истата грешка знае и Берет да ја прави, а и дополнителен проблем што и двајцата се ДУПЕ во одбрана.
Али рано е за него, има време да се гради како кошаркар.
Се надевам Тибодо ќе ги поднаучи да играат одбрана и него и Берет бидејќи би сакал да ги гледам и двајцата во прва петорка. Одлични се на влез, двајцата со лева шутираат (што е потешко за чување) и двајцата не се двоумат по многу за да опалат шут. На минус 10 поени Квикли опали тројка во последна четвртина во стил на Кари.
Така да, добри предоспозиции за некоја иднина во тимот. Ќе видиме како ќе се развива понатаму.
Клиперси не добија со пола сила и со одличен шут за 3 поени, имаа 17 тројки ако не се лажам.
Реџи одлично ќе им служи за вакви натпревари каде не ги трошат премногу Каваи и ПЏ. Мислам дека во ПО ќе очекуваат поени од него и од Лу - во зависност на кој ќе му тргне, а исто го имаат константниот Ибака од позадина. Така да, клиперси оваа година се каде каде поускладен тим него лани. Кој ќе ги потцени во ПО има гадно да се заебе.