Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.260
- Поени од реакции
- 29.742
Вечерва ја гледав утакмицата, Клиперс поштено си победија... Лејкерс се раштимани во напад, но полошото е што и во одбрана играа лошо. И некако лабаво, без чуство дека треба да се игра со повеќе залагање. Но ОК, сега ќе следи време на пробување работи, испитување што штима а што не од аспект на петорките на терен.
Од до сега виденото:
- Гасол физички е целосно неспремен. Боље нека не го форсираат повеќе од 15мин по утакмица (да не се повреди), и максимум 20м кога ќе се врати колку толку во форма. Ќе биде есенцијален против тимови како Денвер и Филаделфија... Не сакам да избрзувам но сепак: Кук подобро да добие метла и веднаш да го потпишат Дедмон или Махими. Но веројатно работите ќе останат вака до трејд дедлајнот (кога негарантираниот договор на Кук ќе има вредност).
- Шродер и Леброн не пасуваат добро во иста петорка - иако имаше неколку добри ситуации со Леброн без топка, сепак јасно е дека Леброн треба да игра малку минути - на пример 20-25 минути, ама тоа време што ќе игра подобро е да е единствен плејмејкер во тимот што е на терен. Кога Карусо и ТХТ се на терен заедно (а тоа изгледа ќе биде често), плејмејкер треба да биде ТХТ. Рукито очигледно добро се снаоѓа, посебно против вторите постави на противниците, додека Карусо е стандардно трапав кога треба да создава иако сеуште е одличен за игра без топка и за одбрана.
- АД треба повеќе да игра под кош, ама тоа е така отсекогаш (и од некоја причина не е приоритет).
- Лејкерс имаа премногу непредизвикани грешки, и играа премногу лабаво, доволен пример е кога Беверли сам под кош два пати си шутираше/уткаше/шутираше (баш под кош) додека 3-ца го гледаа од растојание од метар-два. Како на загревање на баскет на улица.
Клиперс шутираа добро, Пол Џорџ веројатно изигра најдобро што сум го видел во последно време. Кавај добар. Батум незабележлив. Ибака ОК, Зубац добар... Беа во фаул проблеми на пола утакмица, Вогел да не спиеше на клупа можеше да форсира повеќе игра под кош посебно преку АД, ќе форсираа повеќе фаули.
Но тоа е што е, еден - нула за Клиперс во регуларна сезона.