НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Ta да да да дам, та да да да дам.

Добредојдовте драги љубители на НБА во оваа тема, па да ви ја представиме за почеток новата НБА сезона и некои битни факти.

П. С. Тимовите и информациите следуваат во продолжение!!!

После минатата сезона, која беше најдолгата во историјата на НБА, поради многуте перипетии, протести и несреќи, многумина не предвидуваа дека ке се заврши. Но по одличната организација на бабл турнирот во Орландо, Лос Анџелес Лејкерси ја освоија првата титула после 10 години, откако во големото финале го добија Мајами со 4-2. И бидејќи многу ствари беа во неизвесност околу новата сезона, конечно во вторник на 22 Декември со натпреварот помеѓу Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс, започнува јубилејната 75 сезона на НБА.

Оваа сезона за прв пат почнува доцна по онаа од 2011/2012 поради лок аутот. Овогодинешното издание ке биде скратено на 72 натпревара, 6 повеќе од она кога беше лок аутот, а 10 повеќе од обичната. Регуларниот дел од сезоната е предвиден да заврши на 16 Мај. За првпат е планиран плеј ин турнир, односно разигрување на тимовите кои ке се пласираат од седмото до десеттото место во конференциите, кој ке се одржи од 18 до 21 Мај. Се очекува плеј офот да стартува на 22 Мај, а да трае најдоцна до 22 Јули, кога би требало да се игра 7 натпревар од финалето, доколку секако до него дојде. Поради граничните правила кои се донесени со цел заштита од Ковид вирусот од страна на државната администрација на Канада и рестрикциите на патување во таа држава, Торонто своите натпревари ке ги игра во Амали Арената во Тампа, Флорида. Ова ке биде прв почеток на сезоната без фановите, а до кога така ке трае не е познато, иако доаѓаат оптимистични сигнали од раководството на лигата би требало да почне со помал капацитет на гледачи веќе од следната година. Oл Стар викендот, иако првично беше планиран да се одржи во Индијанаполис, сепак е преместен за 2024, а овогодинешниот сеуште не се знае каде ке се одржи.

Денвер, салата во која игра од Пепси Центар ја преименува во Бол центар, а истото се случи и со Феникс кој од Токинг Стик Ресорт Арена и го смени името во Пе Ха Икс Арена.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС


Што ќе се случеше да не се организираше баблот во Орландо и дали Лејкерс ќе освоеше титула? Прашање кое за жал нема одговор. Но, минатата година имаа мотив како никогаш до сега да ја застанат на врвот, а тоа е смртта на иконата на клубот и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Така, стигнаа до седумнаесетата титула во историјата, иако во еден дел од одржувањето на турнирот во Дизниленд, се закануваше уште еден прекин на сезоната, овој пат поради протестите во САД. За споменување е и дека Лејкерс, со оваа титула, се изедначија по бројот на освоени шампионати со најголемиот ривал Бостон.​
Што правеа ова лето? Доста работи, најнапред двата клучни играчи, ЛеБрон Џејмс и Ентони Дејвис потпишаа нови договри. Корисните ветерани Џаред Дадли и Маркиф Морис исто добија продолжување на договорите. Клубот го напуштија Двајт Хауард, Џавал МекГи и Ејвери Бредли, но и двата клучни играчи за освојување на титулата, Раџон Рондо и Дени Грин, кој сепак одигра под своето ниво. Но и да сакаа, веројатно не можеа да состават подобар тим. Најнапред, од лутиот градски ривал стигна Монтрецл Харел, кој лани беше прогласен за шести најдобар играч, Весли Метјус и шампионот од минатата сезона, шпанецот Марк Гасол. Големо засилување е и германецот Денис Шредер, кој игра на позицијата плејмејкер. Преку трејд со Кливленд, стигнаа Алфонсо МекКини и Џордан Бел, но од нив не се очекува многу. Треба да се напомене дека клубот ги задржа Кентавиус Колдвел Поуп, Алекс Карусо и Кајл Кузма, кои беа од голема помош на тренерот Френк Вогел.
Очекувањата се едноставни – да се одбрани титулата од минатата сезона. Иако ЛеБрон Џејмс не е во цветот на младоста, сепак се очекува и понатаму да игра во ист ритам. Од Ентони Дејвис се очекува да биде носител, па ако се види конкуренцијата, единствен поголем противник може да си бидат тие на самите себе.

1608663742653.png

ЛОС АНЏЕЛЕС КЛИПЕРС

Лани фаворитот за титула доаѓаше од градот на „ангелите“. За жал, на фановите на Клиперс и почитувачите на ликот и делото на Кавај Ленард, таа заврши кај другиот тим од овој град. Иако многу очекуваа висок пласман, потфрлија во полуфиналето и тоа на крајно разочарувачки начин – после 3-1 водство против Денвер, ја завршија борбата за „прстенот“.​

Првата промена која дојде, беше заминувањето на тренерот. Док Риверс по неколку сезони доби отказ, а него го наследи Тајрон Лу, човекот кој ја освои титулата со Кливленд во 2017. Од играчкиот кадар, останаа без: Шејмет, МекГрудер и Харел. Првите двајца отидоа во размена за Кенард, а Харел замина кај лутиот градски ривал, Лејкерс. Но, не е се така црно освен Кенард кого го споменавме горе, бидејќи дојде и Серж Ибака од Торонто на 2 годишен договор. Искуство за освојување на титула има, бидејќи со Ленард веќе беа на врвот пред една година. Многумина сметаат дека е грешка што им дадоа силни договори на Морис и Џорџ. На ветерански минималец е доведен и Николас Батум, кој разочара за време на својот мандат во Шарлот, а уште едно засилување добија во Ки Боуман.
Што да се очекува од нив? Па, како екипа која важи за контендер за титулата, секако дека истото е очекувано, ако ја научија лекцијата од минатата сезона, а тоа е дека во регуларниот дел не е како да отидат на екскурзија и дека за да се освои титула мора да се мисли, тогаш за очекување е минимум да го играат големото финале.

1608663825643.png

ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС
Трикратниот шампион во последните шест изданија лани беше лишен од услугите на Клеј Томпсон поради добро познатата повреда, како и честите повреди на Стеф Кари, а среде сезона Анџело Расел го трејдаа за Вигинс од Минесота. Mинатата сезона според мислењето на многу познавачи на кошарката “танкаа” со цел да заработат подобро место на драфтот, што се и оствари кога ја добија другата позиција на лотаријата. А исто така поради слабиот ростер, Воините не добија шанса да ја доиграат сезоната во балонот во Орландо. И таман кога надежите за титулата се вратија, Клеј Томсон го снајде нов пех и нова тешка повреда која ке го одалечи од терените доста време. Со него ке фали шут, креација, а и играч кој може да одговори во двата правца. Сепак покрај Кари и Дрејмод Грин, многу играчи може да дадат многу, отколку во други средини, како Вигинс, Оубре, Луни. Како втор пик на драфтот беше избран Џејмс Вајсман, а покрај Оубре кој дојде од Оклахома, стигна како слободни играчи Бред Вонамејкер и Кент Бејзмор, а како пикови во втората рунда од 48 позиција го одбраа Нико Манион, а на 51-то место Јустиниан Јесуп.
Густиот распоред исто така може да доведе до повреди кај некои играчи. Она што очекува Кер е играње одбрана на висок ниво и да бидат топ 10 во тој сегмент. Многу се очекува од Вигинс, кој е и цел на можен трејд за подобар играч. Најоптимистично и најреално е да влезат во плеј оф од некоја од средните позиција, а потоа...ке видиме.

1608663877118.png

ФЕНИКС САНС
Лани Феникс беше најдобра екипа пред доирувањето во баблот во Орландо и за малку не го фатија последниот воз за плеј оф. Можеби поради неоснованите гласини дека Девон Букер ке ја напушти франшизата или ке бара трејд, доколку не му се доведат подобри соиграчи, го натера раководството да го доведе еден од најдобрите плејмејкери во лигата, ветеранот Крис Пол. Исто така е доведен и финалистот со Мајами, вредниот Џае Краудер. Простор додатно ке отвараат и неговото понуштување во рекетот ке го казнуваат искусните Ленгстон Галовеј и Етвон Мур. Исто така пристигнаа и Абдел Надер и Демиен Џонс, кои се плус за оваа екипа. Со нови договори наградени се Дарио Шариќ и Џавон Картер и тоа како важни делови од Сонцињата. НА драфтот како десети пик беше земен Џејлен Смит.
Од оние кои си заминаа се Шпанецот Рики Рубио, Кели Оубре замина во Голден Стејт. Центарот Арон Бејнс заврши кај Репторс, Френк Камински ги засили Сакраменто, Ти Џером отиде во Оклагома и Џејлен Лек се пресели во екипата на Индијана.
Доброто издание во Орландо изгледа е задржан, екипата исто така е солидно пополнета, а некои конкуренти на Западот се послаби од лани. Така да пласманот во плеј-офот е можеби нешто што е нормално. Од она што предвидуваат некои експерти, не би требало да не чуди доколку овој клуб оствари 40 победи.

1608663961624.png

САКРАМЕНТО КИНГС
Се чини дека најмногу се работеше ова лето на бришење на наследството кое го остави Владе Дивац. Монте НекНеир, новиот ГМ направи заокрет во политиката, Дивац кој од Сакраменто сакаше прво да направи тим кој ке игра доигравање, а потоа да го засили играчкиот кадар – оваа стратегија беше изразена во доведување на “угледни ветерани” кои би требало да им дадат добар пример на младите. Но овој концепт не даде успех и Дивац доби отказ, а сега волто ке има шанса да работи на мир со младото јадро кое остана во клубот.
Кингс преку лето ги напушти Богдан Богдановиќ кој замина во Атланта, потоа Хари Гилс кој отиде во Портланд, Алекс Лен во Торонто и Кејт Бејзмор кој се врати во Голден Стејт. Со заминувањето на Богдан, моментално е намирен Бади Хилд кој во неколку наврати ја критикуваше управата незадоволен од многу работи, иако како љубмец на сопственикот доби “солен” договор. Многу битен е останокот на Де‘Арон Фокс, експлозивниот плејмејкер кој позади себе имаше скромна сезона. Од новодојдените играчи, се издвојува Френк Камински, кој треба да го засили рекетот на екипата од главниот град на Калифорнија. Слична задача му е поверена и на Хасан Вајтсајд кој пристигна од Портланд. Можеби ке мислите дека со него направиле добар лов на пазарот, но кога ке ги видите неговите партии во минатите неколку сезони, сепак не е тоа тоа. Уште еден играч кој својата голема плата моја да ја докаже е Харисон Барнс. Од слободни играчи беше доведен Глен Робинсон, кој може да биде поентер од клупата. Како 12 пик на драфтот го одбраа Тајрес Халибартон, комбо бек кој е силен на топката.
НЕ може овде да се зборува за некои големи домети, посебно не кога Западот е полн со поквалитетни екипи. Примарна задача е враќање на ентузијазмот , што не е нималку лесна и наивна задача. Онда што е сигурно дека Кингси ке го урнат неславниот рекорд од 14 сезони без плеј оф. Сепак доколку тимската хемија се регулира во екипата, може да се постават на темелите на нешто што би било добро за неколку години.

1608664058590.png

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

ДЕНВЕР НАГЕТС
Лани на лудачки начин влегоа во финалето на западната конкуренција. После двете наоѓање на работ од испаѓање после 3-1 против Јута во првата, односно Клиперс во втората, Нагетси се враќаа во игра, но во големото финале беа сопрени од идниот шампион Лејкерс. Оваа сезона ке биде интересна за навивачите на Денвер. Дали можеа да направат подобар тим или не, е доста дискутабилно. Се очекува Мајкл Портер да биде трета опција, бидејќи му се отвори простор. Грант замина во Детроит и тоа дефанзивата ке трпи, но 20 милиони годишно е нереална цифра. Неговата замена ЏаМихал Грин се очекува делумно да ја пополни таа празнина. Вредно да се спомене и доаѓањето на еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, аргентинецот Факундо Кампацо, со кој се очекуваат уште неколку опции во нападот. Освен што со Јокиќ ке имаат одлична креативност и ке се забрза нападот на Нагетс. Пол Милсап доби нов едногодишен договор кој вреди 10 милиони долари. Бидејќи има премногу играчи на бековската позиција, не е исклучен нивен трејд подоцна, а еден од оние на кои најмногу се покажува е Монте Морис, кој со новиот договор од 27 милиони за 3 години, добива на тежина за потенцијална размена. Тимот го засили и Исаија Харенстајн кој би требало солидно да го замени Јокиќ, а како 22 пик е избран Зек Наџи, а како 24 Ер Џеј Хамилтон.
За тим кој минатата сезона избори финале во западната конкуренција, секако очекувањата се големи. Иако конкуренцијата е многу посилна од ланската, се очекува борба за едно од првите четири места. Се зависи од тоа како Кампацо ке се покаже и дали Портер ке се етаблира како трета опција во нападот.

1608664259072.png

JУТА ЏЕЗ
Јута имаше мирен преоден рок. Освен максималниот договор за првата ѕвезда Донован Мичел и францускиот репрезентативец Руди Гобер, го одбележа и враќањето на некои играчи и чуден избор на драфтот. Од позицијата 27 го одбраа Нигериецот Удоку Азубике од Канзас кој према многу експерти за драфтот не заслужува место во првата рунда. Во друга рунда Јута го драфтува Елаја Хјуз, крилото на Сиракуза. Главна работа во преодниот рок завршија со враќање на Дерик Фејвоурс, миленикот на навивачите. Кога играа порано со Гобер беа најпродуктивни играчи, па оттука е и големо засилување. Како последна аквизиција го доведоа Шек Харисон, кој ке го одмени Муди од минато сезонскиот тим.
Јута ова лето доби и нов сопственик на франшизата. Тоа е Рајан Смит кој ја има во сопственост софтверската фирма Квалтрикс. А приказните за селење во друг град паѓаат во вода, затоа што новиот сопственик има потекло од Јута.
Јута минатата година успеа да испадне после водството од 3-1 во првата рунда. Оваа година ке бидат посилни за другиот стрелец Богдановиќ, кој се враќа од повредата. Пласманот помеѓу четирите најдбори на Западот е сигурно една од главните цели на тимов, а најважно за успесите на екипава сите играчи да бидат здрави.

JUTA.jpg

ПОРТЛАНД ТРЕЈЛБЛЕЈЗЕРС
Минатата година овој тим од Орегон испадна уште во првата рунда од идниот шампион Лејкерс, иако го зедоа првиот меч, сепак тоа беше се што може да покажат.
Оваа оф сезона го трампаа Тревор Ариза за Роберт Ковингтон од Хјустон, Марио Хезоња за Енес Кантер од Бостон. Го задржаа Родни Худ, кој оваа недела одигра прв пат по година дена пауза поради повреда. Го задржаа и корисниот ветеран Кармело Мело Ентони, а се засилија уште со Дерик Џонс Јуниор и Хари Гилс кои дојдоа како слободни играчи. На драфт како 46 пик, изборот падна на Си Џеј Елеби. Солидно, ако се погледа првата петорка со новајлиите Ковингтон и Џонс, плус одлична клупа. Тоа е најдлибокиот ростер на Портланд во ерата на Лилард. Она што е исто така важно е дека го нема Хасан Вајтсајд и неговата огромна плата.
Многу амерички аналитичари не го гледаат Портланд во најдобрите осум на Западот оваа сезона. Најверојатно поради повредите кои лани ги задесија. Одбраната со Ковингтон треба да е подобра, а нападот би требало да не подсети на оној од финалето на западната конференција од 2019 година. Плеј офот би требало да биде тука, ако се сите живи и здрави, а ако коцките се поклопат и предност на домашен терен не е невозможен.

1608664498543.png

МИНЕСОТА ТИМБЕРВУЛФС
Очекувањата од овој тим минатата сезона беа поголеми, но Тимбервулфс беа далеку од екипа која може да игра плеј оф и затоа како на уште неколу екипи и на нив им заврши настапот во лигата во Март. Најмногу на ова му кумуваа повредите на првиот играч Таунс. Очекуваа Вигинс да биде столбот на екипата, но кога видоа дека ништо не бива се фрлија на работа. Од Голден Стејт во трејд го добија Д’Анџело Расел, а назад ги пратија него и првиот пик од рундата во драфтот кој ке се одржи 2021.
Со цел да се поправи лошиот шут од надвор, каде беа трета најлоша екипа во лигата, од Денвер го зедоа Малик Бизли. Во паузите меѓу двете сезони, одработена е барем на хартија добра работа. Како среќата ги погледна и го добија број 1 правото на избор на драфтот, тие го зедоа Ентони Едвардс, физички супериорен играч. А назад го добија и миленикот на навивачите, Рики Рубио. Како 28 пик го одбраа Џејден МекДаниелс.
Вака кога се погледне, за фановите на франшизата од Минеаполис има оптимизам. Таунс доби соиграчот во Расел, со кој се добри пријатели. Тој и Рубио би требале да ја организираат играта, а вториот може да игра и двојка, па да имаат поголема минутажа двајцата. Бизли исто така покажа дека може сериозно да се смета на него. На ова треба да се додаде и првиот играч на овогодинешниот драфт. Но работите и не се така едноставни, одбраната е проблем за нив, како и слабата клупа. Сепак најголем проблем е оној надвор од паркетот. Тоунс се опорави од повредите, но она што го снајде во животот во последниве шест месеци не е лесен товар за 25 годишно момче и треба да се види колку е ментално спремен сето тоа да го победи. Она што би било џек пот за екипава е пласман во плеј ин турнирот.

1608664568910.png

OKЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР
Ниту една немаше толку пораздвиженост во оф сезоната како тимот кој доаѓа од истоимената држава. Откако испаднаа во доигрувањето oд Хјустон во мајсторката, во првата рунда на плеј-офот, се збогуваа со долгогодишниот тренер Били Донован, а два месеци подоцна 35 годишиниот Марк Даигнелт го промовираа како нов тренер. Тој пет години беше тренер во развојните тимови на Оклахома, пред да биде лани назначен како помошник на Донован.
Франшизата која поседува право на најмногу пикови во лигата, дури 18, ги трејда четири од петте најдоври играчи. Генералниот менаџер Сем Прести направи дури 11 трејда, што е најмногу во историјата на една оф сезона. Во размена со Филаделфија го добија Ал Хорфорд, право на 2 играча и пик на драфтот за 2025, додека во спротивен правец го пратија Теренс Фергусон. За Стивен Адамс ги добија Џорџ Хил, Дариус Милер и право на три пика. Во размена помеѓу три тима го добија Тревор Ариза од Детроит и Џастин Џексон плус два пика, а во Далас го пратија Делон Рајт. Ти Џеј Лиф и пик на Идијана за драфтот во 2027 беа земени во замена за Џејлен Лек, правото над Касиус Винстон го трампаа за Адмирал Шофилд и право на Вит Крејчи кои доаѓаат од Визардси и последен трејд беше оној за Крис Пол и Абдел Надер каде го добија Ти Џером и пик за драфтот во 2022. Нa драфтот како 17 пик го одбраа Алекс Покушевски, грчкиот репрезентативен центар со српско потекло, а како 34 пик го зедоа Тео Маледон. Да споменеме и дека уште два клучни играча го напуштија клубот, Данило Галинари кој отиде во Атланта и Денис Шредер кој ги засили Лејкерс.
Најлесно што може да им се предвиди е последното место на Западот. Секоја екипа која ке заврши позади Оклахома, треба да ја смени професијата. Она што ОКЦ поседува е талентот со кој може да се работи. Шај Гилгерус Александер, покажа дека има потенцијал на Ол Стар играч плус имаше одличен ментор минатата сезона. За Хил веќе се распрашуваат плеј оф екипи, па не би не чудило да биде трејдан за пикови. Како и да е секој меч ке биде искуство како за младиот тим, така и за младиот тренер, а присуствуто на ветераните ке биде од помош во соблекувалната.

1608664648877.png





 

Attachments

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
Фино видео за отворањето на новата сезона :)


п.с. Ако може модераторот да ги смени пиновите помеѓу старата и новата тема, тоа би било одлично :)
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

ХЈУСТОН РОКЕТС

Во првата рунда од плеј офот ги поминаа Тандерс по играње на мајсторката, меѓутоа во полуфиналето беа сопрени од идниот шампио Лејкерс.
Оф сезоната да не биде досадна се потруди да ја направи првата ѕвезда на екипата. Сам бараше трејд, бидејќи беше незадоволен од моменталната ситуација. Не би не чудило во следните неколку дена да заврши во некој трејд, а фаворити се Бруклин и Филаделфија и ова решение би било добро за двете страни. Понатаму распадот започна по заминувањето на тренерот Мајк Д’Антони кој се одлучи да му биде помошник на Стив Неш. По него генералниот менаџер Мори отиде во Филаделфија. Уште нешто што укажуваше дека не е се како треба е трејдот на Расел Вестбрук за Џон Вол од Вашингтон. Тимот го напуштија и добрите играчи ОСтин Риверс и Роберт Ковингтон, додека пристигнаа ДеМаркус Казинс и Кристијан Вус. А изборот за новиот тренер падна на Стивен Силас.
Буквално очекувањата зависат и од останувањето на Брадата. Треба да се спомене и дека Вол нема играно натпревар две години, па прашање е во каква форма ке биде. Така да нивниот пласман може да го поделиме на две претпоставки. Првата ако Харден си оди, тогаш сигурно ке се борат за подобар избор на драфтот. Другата е ако одстане, тоа значи минимум играње плеј-оф.

1608676603861.png

ДАЛАС МАВЕРИКС

Минатата година Мавси играа плеј оф после 4 години пауза, каде изгубија од Клиперси во првата рунда. Целта за оваа сезона им е околу Лука да направат подобар тим. Тексас го напуштија Сет Кари и Делон Рајт, а дојдоа Џош Ричардсон, Весли Ивунду и Џејмс Џонсон, играчи по вкусот на тренерот Рик Карлајсл – големи работници. Нови договори потпишаа Тре Бурк, Вил Коули и Џеј Џеј Бареа. На драфтот е одработена одлична работа, како 18 пик е изберено атлетското крило Џош Грин, а како 31 пик Трел Тери. Уште како 36 пик е избран Тајлер Беј. Сепак најкрупна промена имаше во стручниот штаб, каде Стеф Силас кој беше задолжен за креирање на нападите ја прифати понудата на Хјустон Рокитс.
Многу работи се во игра, а најмногу зависат од здравјето на Летонецот Кристапс Порзингис, кој ке го пропушти почетокот на сезоната. Тандемот Дончиќ-Порзи можат да го добијат секој тим во лигата, кога се здрави. Исто така треба да се спомене и дека резервниот центар Двајт Пауел има проблеми со Ахиловата тетива. Лука оваа сезона се очекува да продолжи со истите партии како лани, па не е за очекување и полуфинале на Западот, иако најреално и најминимално е влез во плеј офот.

1608676654094.png

САН АНТОНИО СПАРС
Петкратниот шампион на НБА, кој само првата титула ја oсвои на крајот на минатиот век, минатата година ја заврши прв пат по 23 години без место во плеј офот. Се што се случуваше во оваа франшиза, т. е. сите нови аквизиции беа донесени преку драфтот. Како 11 пик го одбраа Девин Васел и тоа е прв пат да одберат висок пик. Последен им е оној 1997, кој им ја донесе легендата на франшизата, погодувате Тим Данкан. Уште еден пик, Тре Џонс кој од позицијата 41 долета во клубот од Тексас. Од играчите кои си заминаа се Марко Белинели, кој се врати во Европа и Брин Форбс кој отиде во Милвоки. Значи од она што гледаме, Поп им верува на своите момци. Играчи кои нови договри добија се Џејкоб Петл и Дру Еубанкс.
Иако многу се песимисти, сепак доигрувањето е сон на сите навивачи на Спарси. Доволно е да се види дека ги имаат Олдриџ и ДеРозан. Она што може да биде утеха е дека Поп ке развие барем уште еден талентиран играч, како што го направи со Андерсон и Бертанс, кои се стартери во Мемфис, односно Вашингтон.

1608676685693.png

МЕМФИС ГРИЗЛИС
Преодниот рок се одви многу тивко во престолнината на рокенролот, после изненадувачки добро одиграна пандемиска сезона која се заврши до пораз во плеј-ин турнирот за влез во плеј оф. Сите четири нови играчи во ростерот се руки, а недоведувањето на нови аквизиции во прв план го става продолжувањето на ребилдингот околу Џа Морант и Џарен Џексон.
Најзбучно име е пикот број 30 на овогодинешниот драфт, Дисмонд Бејн, шансата за подобро место е препуштена на Бостон, поради заборавениот трејд на Џеф Грин од 2015 година, но Бејн може да не изненади пријатно. Другиот руки Ксавиер Тилман е свестран крилен центар. Нови играчи се и Тили и МекДермот, додека петиот, Марио Хезоња, веднаш доби отказ, без воопшто да почне тренинзи со екипата. Играчите кои заминаа се Џош Џексон, Ватанбе и Толивер. А за спомеување и новиот договр кој го доби Де Антони Мелтон и кој изнесува 36 милиони долари за 4 сезони.
Иако лани изненадија пријатно, сепак оваа година е недостижен влезот во плејофот. Поради две работи: првата – младоста на екипата, иако се доста талентирани. Другата Џејрен Џексон, кој ке го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда. Валанчијунас, Кларк и можеби Џорџи Диенг ке ја покријат таа празнина, но Џексоновиот шута за три, баш тешко. Треба да се спомене дека и конкурентите Феникс и Портланд се засилени, па плеј ин турнирот кој веќе го играа делува како плафон за оваа франшиза.

1608676742064.png

ЊУ ОРЛЕАНС ПЕЛИКАНС

Mинатата година добија шанса во баблот во Орландо да се борат во плеј ин, но беа далеку од местото кое води таму. Неколку пика и два добри стартера, означија крај на ера на еден играч, легендата на клубот, кој беше со најдолг стаж. Во замена за човекот за кого станува збор, Џру Холидеј, пристигна Ерик Бледсо, од Милвоки, а со него стигна и Џејсон Момо. А со нив и Стивен Адамс од Оклахома. Така Пеликанс за две години може да ги стават како мамец во можен трејд, а и шанса да доведат некој суперстар, бидејќи селери капот ке им биде чист. Исто така дојде и Вили Хернангомез, центар кој ке биде од огромна корист.
Главната работа сепак е завршена со продолжување на договорот на Брендод Инграм, играчот кој го покажа сиот свој потенцијал и заработи покана на Ол Старот, иако бројките му паднаа со враќањето на Зајон. За овие партии, ја доби и наградата за играч кој највеќе напредувал, сосема заслужено. На драфт, како 13 пик го одбраа плејмејкерот Кира Луис Јуниор. Третата најважна промена во оваа оф сезона е тренерот. Елвин Гентри доби отказ, а на негово место дојде стариот волк Стен Ван Ганди, кој не се прослави во Детроит, но се сеќаваме по добрата работа што ја правеше во Орландо. Одбраната година беше голем проблем, но со доаѓањето на Бледсо и Адамс, обој проблем би требало да биде решен.
Ветеранските засилувања, Зајон и Инграм, како и дополнителниот развој нa младите играчи покрај новиот тренер ќе гарантираат топ напад за Пеликаните. Ако успее Ван Ганди да го смени начинот во одбраната, тогаш местото во плеј ин доигрувањето не би требало да биде проблем, и покрај силната конкуренција на Западот.

1608676777840.png
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Ај нека прати некој линкови од каде може да се гледа преку лаптоп?
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Малку сум уморен, ама сакате ли две дивизии од Истокот сега да ги пуштам или утре? (Би сакал сите три, ама 18000 карактери...)
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Почело је почело :)

Одличен старт на Бруклин. Убаво ја движат топката.
Од друга страна имам чувство како само Стеф Кари да знае да игра у напад :)
Poleka,sostavot na GSW uste ne e voigran se gleda.
Bruklin se skoro istite od lani,nadopolneti so KD atletata.
Ke im dademe vreme da se prilagodat i na GSW,Oubre e strasna atleta :)
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Топ Ирвинг, одлично полувреме. Може да го мразат за некои работи што ги прави, али играчиште си е.
На другата страна Стеф не може сам, јас очекував повеќе од Вигинс, али тапа е до сега. Ај почеток на сезона е, ќе се опраи валда со тек на време. Кај рукито се гледа добра желба, ќе го биде мислам.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554
Poleka,sostavot na GSW uste ne e voigran se gleda.
Bruklin se skoro istite od lani,nadopolneti so KD atletata.
Ke im dademe vreme da se prilagodat i na GSW,Oubre e strasna atleta :)
Надопунети со КД и Кајри*. Јебига колку и да га хејтамо Кајри за неговите офкорт шенанигенз тоа незначи дека не праве разлила он корт. Едн од најдобрите 1 он 1 играч и укупно едн од најдобрите изолациски играчи.
Кај Вориорс очекувано јебига и без Клеј и неможе Стеф све да праве. Ќе треба неколку утакмици доека се вклопат убаво и развијат тимска хемија.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Надопунети со КД и Кајри*. Јебига колку и да га хејтамо Кајри за неговите офкорт шенанигенз тоа незначи дека не праве разлила он корт. Едн од најдобрите 1 он 1 играч и укупно едн од најдобрите изолациски играчи.
Кај Вориорс очекувано јебига и без Клеј и неможе Стеф све да праве. Ќе треба неколку утакмици доека се вклопат убаво и развијат тимска хемија.
Kyrie veke igral so ekipava i igracite proslata sezona,go propusti bubbleto samo.
Zatoa go spomnav samo KD.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554
Kyrie veke igral so ekipava i igracite proslata sezona,go propusti bubbleto samo.
Zatoa go spomnav samo KD.
Па Кајри само 9-10 утакмици беше играл и не е бш тоа репер за тоа какво ќе му биде влијанието у претстојната сезона.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Мерак ќе бида за гледање ГСВ, свака вечер со пешкирот на глава у задња четвртина говното Дрејмонд !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom