НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
На Нетси им е доволно да се 3-4 на истокот и тоа можат да го постигнат со 2 суперстари во игра, не мора да ги троши сите тројца на терен освен кога ќе воигрува нешто. И онака нема публика, нема предности на домашен терен и слични работи не им менува каде се на табелата.

За жал или за среќа едноставно пресилен е нивниот напад и нема начин кога се сите 3 на терен да изиграш ефективна одбрана која во 7 натпревари ќе ги спречи да добијат 4 и да се пласираат во следна рунда - бидејќи не е само 3 играчи па ајде ќе ги затвориме... Херис секогаш е расположен да го збрца од тројка, а диџеј да куца како луд (кога можеше Харден да направи играч од Капела, тогаш ништо нема да го спречи да фрла топки до Џордан и повторно на терен да го гледаме истиот Џордан од Lob City и времето кога играше со Крис Пол).
Taман работа Нетс да не влезат во плејоф барем до 4-то место. Не е спорно тоа, спорно е како ќе се покажат во плејофот... Не гледаме баскет од вчера, јасно ни е дека плејоф баскет е сосема друга игра од таа во регуларната сезона.


Ги имаме правено овие муабети во однос на Ник Нурс и во однос на Френк Вогел, овај вториот сепак е ниво подолу... така да „дури да се сети“ какво прилагодување треба... отиде натпреварот.
Лани покрај Леброн го имаше и Рондо кои на терен се беспрекорни во делегирање на задачи, годинава останува само на Леброн и за да има тимот успех мора да се исполнат два услови:
- Леброн да игра 40 минути.
- Ад да не е повреден.

Така да, единствено нешто од што ќе зависи добар плејоф на тој што ќе брка титула е здравствената состојба, другото горе долу го видовме, сепак скоро пола сезона е при крај, во принцип нема да има преголеми изненадувања (иако да се надеваме дека ќе има, ради драж во играта).
Затоа веднаш реков, само сите да влезат здрави и да гледаме ферка.
Инаку Вогел испадна помалку лош одошто се плашев, но една главна „болка“ и маана која му останува - е тоа дека слабо импровизира во реално време на самата утакмица. Но како што видовме во последниов плејоф, Вогел квалитено се припрема претходно и добро анализира после утакмиците... Инаку да, Ник Нурс е подобар тренер - нема збор. Само за Ник Нурс повеќе имаат да се грижат Стив Неш и Нетси (и Д’Антони)... Неш е целосно непозната варијабла како тренер, а за Д’Антони многу добро знаеме до каде му се лимитите и колку е еднодимензионален. Јас барем знам како ми беше да го гледам додека беше тренер на Лејкерс (Вогел е измислен за него).


Доколку едно од овие две не е случај тогаш ќе имаат проблем против тимови како Нетс, еве Торонто, Клиперс, Денвер, па дури и ваков Голден Стејт со Дрејмонд на терен кој не го мирисаш до толку, комплетен Мајами, Јута и Фила, па дури и комплетен Портланд (што не е пошто Нуркич фрли патики за цела сезона). Тоа е така затоа што тие екипи имаат систем или ако немаат систем имаат функционално дуо (или трио) кое може да те изгази.
Од овие што ги наброја, без потценување на потенцијалот на другиве но реално само Клиперс се закана за здрави Лејкерс...
Вориорс во оваа форма закана за ЛАЛ во 7 утакмици? Нереално... Еден банален box+1 ако функционираше против фул ал-стар Вориорс, сега без Клеј и Дурант би било... Ај да не јадам премногу бурек, тоа сепак се бивши шампиони (ама акцентот сепак е на бивши).


Во однос на Дјурант, не да е незапирлив туку е СТРАШЕН.

После онаква повреда да се вратиш и да играш на начин на кој што игра тој е нешто неверојатно.
Тогаш, во функционален систем со ГСВ успеваше да го „затвори“ Леброн. Сега, ако е паметен да не го силува секој натпревар со минутажа до крај на сезона и ако одмара одредени натпревари, ќе има прилика во ПО да излези од истокот (ако ги помини Фила/Милвоки) и да одигра одлична одбрана против Леброн па да земи уште еден прстен.
Секоја чест за Дурант. Ама Нетс како тим се друга приказна, и без разлика на моменталниот успех јас не би се опкладил на нив дури ни како фаворити на исток... Во однос на другото мислам тие самите дека повеќе треба да се плашат од Мајами/Торонто/Бостон, отколку од Филаделфија/Милвоки кои имаат талент ама и просечни тренери со еднодимензионално размислување.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.432
Поени од реакции
9.154
Од овие што ги наброја, без потценување на потенцијалот но реално само Клиперс се закана за здрави Лејкерс...
Вориорс во оваа форма закана за ЛАЛ во 7 утакмици? Нереално... Еден банален box+1 ако функционираше против фул ал-стар Вориорс, сега без Клеј и Дурант би било... Ај да не јадам премногу бурек, тоа сепак се бивши шампиони (ама акцентот сепак е на бивши).
Не ме сфати изгледа, ги наброив овие екипи како екипи кои ќе направат проблем на Лејкерс без здрав АД или без Леброн на терен од околу 40 минути.

За другото, горе долу тука сме, нека се соберат сите здрави на куп па да гледаме баскет.

За Бостон, не знам... од една страна Тејтум и Браун се развија во играчи (како што се очекуваше да прогресираат), од друга страна Кемба иди после повреда, Топмсон и Таис можеби ќе ротираат во ПО за да се добие поголема подвижност на тимот во транзиција, но некако ми играат топло-ладно, исто како и Мајами.
Ќе биди истокот поинтересен во секој случај (има и време да темпираат форма), нека се здрави сите па да ужуваме малку на крај на сезона... и онака фати-шутни играта доволно главоболки ни задава во регуларниот дел.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Брон сега е под притисок и ако игра по 40 минути може да прегори па Лејкерс да си направат поголема беља.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Нема потреба од паника за Лејкерс, ниту за бркање плејоф позиции... Затоа се нервирав/нервирам кога форсираат по 40+ минути на АД/Леброн.
Реално, Јута може да си прават филмови дека мора да бидат први за Лејкерс и Клиперс да играат меѓу себе во второ коло... Ок? Па што? Дали ќе ги играат Клиперс во прво коло или во конференциско финале, на крај сеедно е. Секако ќе треба да ги победат, или нив или тие што ќе бидат подобри од Клиперс.
Тоа се глупави калкулации, ако се ризикуваат повреди.

Инаку Јута изгледа супер, одлично движење на топка кое ствара или чисти позиции за 3 или слободен човек, сѐ супер ама:
- играта им зависи од шут за 3
- додека 3ките влагаат Гобер нема да биде удвојуван, или ќе има чисти ситуации за шут за 3
- во моментот кога 3ките нема да влагаат, и Гобер ќе биде нон-фактор како до сега
- дефанзивни центри кај противниците елиминитраат потреба од удвојување на Гобер
- плитка клупа

Јута малку ме потсеќа на Орландо во најдобрите денови на Хауард. Супер беа во регуларна сезона, и добро играа се додека шутерите добро и шутираа... Но како што знаеме и од нивниот пример и од безброј други, шутот од надовор е невозможно постојано да биде добар и падови мора да има. Во плејоф редовно го јадеа немиен.


Во плејоф баш би сакал Лејкерс да играат против Јута, исто и против Клиперс.
Што се мене тиче, да немаше плеј-ин не би имал против ни како 8-ми да влезат во плејоф... А дали ќе бидат 1ви или 6ти, ама баш ништо не значи без предност на домашен терен - а вакцинациите нема да се завршат ни до следната сезона, не па до плејоф, така да гледачи може да има само во минимален капацитет (поголемиот број клубови и без гледачи ќе продолжат).


Не ме сфати изгледа, ги наброив овие екипи како екипи кои ќе направат проблем на Лејкерс без здрав АД или без Леброн на терен од околу 40 минути.
Без АД тн’ка работа против повеќето плејоф екипи, не само против набројаните.
Ете последново - еден Лопез (и тоа полошиот брат) кога може да ги ремети под кош, јасно е дека еден класичен дефанзивен центар очајно им фали на Лејкерс за специфични ситуации.

Инаку за минутажата на Леброн, теоретски би можела да биде и нешто помала а Лејкерс да бидат успешни - ама само ако Шродер е на ниво на задачата (пошто повеќе е во филм да игра 2ка, или шутинг гард). Ама без АД, ништо од бизнисот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587

ево уште една ситуација и тоа ептен побитна, тотално погрешна одлука
Школски пример за тоа што е фаул во напад. Чист како солза, секое создавање предност на нерегуларен начин, во случајов туркање на противникот со раката = фаул во напад. Јасно е дека судиите се срање во НБА ама ова е скроз исправна одлука.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Како Симонс е пред Сабонис во резерви?
Зошто Крис Пол е пред Букер земен?
Тре Јанг требаше да добие место, наместо Тејтум.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Auuu kako igraat Harden i Irving.
Harden za edna cetvrtina ima 10 poeni, 8 asistencii i 4 skoka:vozbud:
Vistinska privilegija e da se gleda vakva umetnicka kosarka. Bravo.
7ma pobeda po red :kafence:
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.634
Поени од реакции
3.650
Школски пример за тоа што е фаул во напад. Чист како солза, секое создавање предност на нерегуларен начин, во случајов туркање на противникот со раката = фаул во напад. Јасно е дека судиите се срање во НБА ама ова е скроз исправна одлука.
Чист флоп е, јесте дека гу користе другата рака за да направе простор ама не е до таа мера за да биде фаул у напад. Најголемата причина за судењето на фауло е флопо на Харден, да не флопнеше немаше ич да изгледа како потурнување со рака од Ленард.
Како Симонс е пред Сабонис во резерви?
Зошто Крис Пол е пред Букер земен?
Тре Јанг требаше да добие место, наместо Тејтум.
И мене не ми е јасно за Симонс, како шо знам у резервите 3ца са бекови другите F/C, а бекови са Харден, Лавин, Браун и Симонс 4ти :vrtioci: Па ако више е и 4ти бек поарно Тре Јанг него ли Симонс. А за Пол незнам шо да кажам...
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.070
Поени од реакции
11.048
Го чекав Хардавеј тикварот 16.5+
0-8 тројка. 14 на крај.
Уште едно полувреме и ќе го надминеше татко му со 0-18.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Чист флоп е, јесте дека гу користе другата рака за да направе простор ама не е до таа мера за да биде фаул у напад. Најголемата причина за судењето на фауло е флопо на Харден, да не флопнеше немаше ич да изгледа како потурнување со рака од Ленард.
Тоа што Харден издраматизира не значи дека треба да го занемариме фактот дека беше одгурнат со рака. Пак ќе ти кажам, чист фаул во напад како солза, школски пример за тоа.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Нема потреба од паника за Лејкерс, ниту за бркање плејоф позиции... Затоа се нервирав/нервирам кога форсираат по 40+ минути на АД/Леброн.
Реално, Јута може да си прават филмови дека мора да бидат први за Лејкерс и Клиперс да играат меѓу себе во второ коло... Ок? Па што? Дали ќе ги играат Клиперс во прво коло или во конференциско финале, на крај сеедно е. Секако ќе треба да ги победат, или нив или тие што ќе бидат подобри од Клиперс.
Тоа се глупави калкулации, ако се ризикуваат повреди.

Инаку Јута изгледа супер, одлично движење на топка кое ствара или чисти позиции за 3 или слободен човек, сѐ супер ама:
- играта им зависи од шут за 3
- додека 3ките влагаат Гобер нема да биде удвојуван, или ќе има чисти ситуации за шут за 3
- во моментот кога 3ките нема да влагаат, и Гобер ќе биде нон-фактор како до сега
- дефанзивни центри кај противниците елиминитраат потреба од удвојување на Гобер
- плитка клупа


Јута малку ме потсеќа на Орландо во најдобрите денови на Хауард. Супер беа во регуларна сезона, и добро играа се додека шутерите добро и шутираа... Но како што знаеме и од нивниот пример и од безброј други, шутот од надовор е невозможно постојано да биде добар и падови мора да има. Во плејоф редовно го јадеа немиен.


Во плејоф баш би сакал Лејкерс да играат против Јута, исто и против Клиперс.
Што се мене тиче, да немаше плеј-ин не би имал против ни како 8-ми да влезат во плејоф... А дали ќе бидат 1ви или 6ти, ама баш ништо не значи без предност на домашен терен - а вакцинациите нема да се завршат ни до следната сезона, не па до плејоф, така да гледачи може да има само во минимален капацитет (поголемиот број клубови и без гледачи ќе продолжат).



Без АД тн’ка работа против повеќето плејоф екипи, не само против набројаните.
Ете последново - еден Лопез (и тоа полошиот брат) кога може да ги ремети под кош, јасно е дека еден класичен дефанзивен центар очајно им фали на Лејкерс за специфични ситуации.

Инаку за минутажата на Леброн, теоретски би можела да биде и нешто помала а Лејкерс да бидат успешни - ама само ако Шродер е на ниво на задачата (пошто повеќе е во филм да игра 2ка, или шутинг гард). Ама без АД, ништо од бизнисот.
Ко лик овде шо најмногу ја гледа Јута да ти одговорам
1. Играта не зависи од 3, ете минатата недела ги победија Мајами кој имаше 5-6 победи со ред со шут за 3 од 26%. И тоа победија со 18 разлика. Исто и со Бостон и Милвоки победија со шут за 3 под нивниот просек сезонава, 2те утакмици исто со 14 разлика. Играта на Јута е одличната визија на Конли, Мичел и Инглс и читање на одбраната.

2 и 3 заедно ќе ги објаснам, Гобер е огромен фактор во напад и ќе биди и тоа без топка затоа што е убедливо најдобар скринер во лигата и плус има огромен распон. Секоја акција на Јута почнува со скрин на Гобер и поради одличниот скрин бекот на Јута веднаш пола чекор или чекор предност. Со самото тоа има ситуација 2 на 1 каде мора дефанзицвниот центар да бира дали ќе дозволи лесен лоб или ќе остани на Гобер. Ако дојди помош од дефанзивец веднаш започнува протокот на топка и се прави вишокот за 3. Тука плус да се напомени дека Конли има цела кариера одличен флотер, Мичел е атлетски одличен и можат да завршат околу обрач.

Дефанзивен центар не постои во лигата кој можи да го запри во пик ен рол Гобер, треба центарот да можи да остани во ничија земја меѓу бекот и Гобер околу 1 секунда за да можи дефанзивниот бек да се врати во игра. Ова е мноогу тешко, освен Брук Лопез нема друг со толкав распон и АД е доволно брз и атлетски ова да го игра во одбрана.

Плитка клупа. За тебе ако е плитка клупа 6тиот играч на годината Кларксон, Џо Инглс одличен плеј за неговата висина со 45% шут за 3 сезонава и 41% шут за 3 во кариерата не знам шо треба поќе. И можеби најбитниот играч кој прави најмногу разлика од лани плејофот Дерик Фејворс, комотно топ 5 бекап центар во лигата. Со самото присуство на Фејворс за разлика од лани Гобер игра помалку минути и е многу поефикасен. Исто Фејворс е одличен ролер и цело време можи да го играат истиот стил. Запримити на почеток на 1/4 дека први замени после само 4-5 минути ги се Инглс и Фејворс место Конли и Гобер. Со овој потег Фејворс можи да се носи во егал со повеќето старнти центри и потоа кога ќе влезат Гобер и Конли заедно против втората постава на противникот се дешава потоп. Инаку некни против Шарлот имаа 3ца од клупа со над 20 поени постигнати така да клупата е одлична посебно во плејоф кога ќе се скрати ротацијата на 8-9 играчи.

Споредбата со Орландо ти е многу погрешна, Џамир Нелсон и Кортни Ли (мислам тие беа стартни бекови кога играа финале со ЛАЛ) се светлосни години од Конли и Мичел.

Слабата точка на Јута е висината на бековите и крилата, атлетски крила кои ќе можат да играа низ скриновите на Гобер и да ги бркаат бековите можат да им направат голем проблем, затоа и тешко им одеше против Клиперс последната утакмица.

И не се никакви глупави калкулации со прво место, друго е Леброн да се тепа 7 утакмици со Џорџ и Кавај па да имаш надеж дека ќе биди изморен, друго е твоите крила да се тепаат со нив па после да го имаат свеж Леброн.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Simple, this is what Harden looks like when he has legit stars around him. CP was good but not prime CP, and Russ was just an awful fit becouse he can't shoot and play off of James.
But give Harden Kyrie who can create/finish and shoot and KD who is a scoring machine and you have Unlocked Hardens full potential.
Much easier to play Team ball on offense when you see Kyrie and KD on the floor as opposed to PJ Tucker and Danuel House
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom